• Latest

24 ЧАСА: Алказар Енерџи – „темелот“ на енергетската (не)зависност; Ќосето се врати во Скопје; Глад и смрт во Газа

July 28, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Алказар Енерџи – „темелот“ на енергетската (не)зависност; Ќосето се врати во Скопје; Глад и смрт во Газа

July 28, 2025 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ТЕМА НА ДЕНОТ

Половина милијарда за ветер(ници) во Штип – 100 милиони прашалници

„Градиме темели на промените. Доаѓа времето на Македонија“, вака премиерот Христијан Мицкоски ја претстави инвестицијата на „Алказар Енерџи“ како најголем проект за обновлива енергија во историјата на Северна Македонија, вреден половина милијарда долари. Според него, ветерниот парк ќе произведува 1 терават-час електрична енергија годишно, што ќе покрие околу 20% од домашното производство на струја и ќе донесе 100 милиони евра во БДП. Во јавноста се појавија и реакции од експертската заедница. Инженери и (пензионирани) професори предупредуваат на ризик од енергетска зависност и штетни договори за идните генерации.

Партијата Левица обвини за лажен маркетинг, тврдејќи дека проектот е комерцијален, а не во интерес на граѓаните, ќе произведува струја за извоз, а не за македонските домаќинства и дека државната компанија ЕСМ е запоставена, додека странски инвеститори добиваат приоритет. Останува прашањето: дали овие проекти се водат транспарентно и во јавен интерес, или се дел од затворени договори без целосна вклученост на засегнатите страни?

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„Размислувавме за тоа пред три и пол години, кога донесовме одлука во Советот за национална безбедност, јас лично го напишав нејзиниот текст. Ќе продолжиме со нашата принципиелна политика на независна, суверена држава“, изјави Александар Вучиќ, додавајќи дека од 1 јули „никаде не сме извезле ниту еден куршум, па затоа никој не може да нè обвини за поттикнување воени конфликти“.

РЕГИОН

Косово влегува во правна несигурност за институциите по истечениот рок од уставниот суд за формирање на собранието

Последните два обиди на пратениците да го конституираат Собранието на Косово во сабота, 26.07. 2025, вклучително и седницата што се одржа доцна вечерта, околу 22 часот, повторно беа неуспешни, со што вкупно се забележани 54 неуспешни обиди. Причина: недостаток на политички консензус. Рокот од 30 дена што Уставниот суд им го даде на пратениците да го решат прашањето за конституирање на Собранието сега е истечен.

СВЕТ

Нова 10-часовна воена пауза на Израел во делови од Газа за да се овозможи испорака на помош

Втората 10-часовна пауза на воените активности на Израел започнува во делови од Газа за да се овозможи испорака на помош. Паузата доаѓа откако агенциите за помош предупредија за масовно гладување низ Газа – во недела, Светската здравствена организација соопшти дека неухранетоста достигнала „алармантно ниво“

АЛ-ПРЕС

Редакциски избор од албански медиуми: Косовските пратеници под казна од Уставниот суд; 12 години за тројца обвинети за напад врз ЦИК на северот на Косово; Мицкоски го брани идентитетот во Пустец; 15 милиони евра од ЕУ за албанската војска

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за враќањето на споменикот на Ќосето во Скопје?

СЛОБОДНА ЗОНА

„Утрово, споменикот на контроверзниот ликвидатор на ВМРО, кој си го убил и сопствениот брат, Андон Лазов-Ќосето, со кама в раката ги поздрави Скопјани од кружниот тек кај хотел „Континентал“, каде што беше поставен шверцерски, во текон на ноќта, од страна на градоначалничката Арсовска, како остварување на ветувањето дадено неколку месеци по стапување на функцијата. Дека сите други ветувања ги оствари, Скопје блеска, граѓаните се возат во нови климатизирани еколошки автобуси, па и остана само враќањето на Ќосето“, пишува Драган Мишев во „Ќосето“.

Подготви: Б. Јордановска

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ