• Latest

24 ЧАСА: Бугарија ќе ги открие сопствениците на бугарски пасоши; според Спасовски, државата е посилна од криминалот; анализа на ЦИВИЛ за руската сенка над Северна Македонија

September 22, 2023
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Бугарија ќе ги открие сопствениците на бугарски пасоши; според Спасовски, државата е посилна од криминалот; анализа на ЦИВИЛ за руската сенка над Северна Македонија

September 22, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Пратениците во бугарскиот Парламент во прво читање гласаа за измените во Законот за бугарско државјанство со кои јавно ќе биде објавен регистарот на сите лица кои имаат бугарски пасош. Бугарскиот европарламентарец Андреј Ковачев, кој е познат по своите антимакедонски ставови, на својот фејсбук-профил веднаш ја поздрави оваа одлука на бугарските парламентарци.

„Церемонијата за добивање бугарско државјанство ќе биде свечена и јавна. Регистарот на сите приматели на бугарско државјанство станува јавен. Со најновата измена јавно ќе бидат познати сите наши сонародници од Република Северна Македонија кои се стекнале со бугарско државјанство во последните 22 години врз основа на докажано бугарско потекло и декларација за бугарска самосвест.

ТЕМА НА ДЕНОТ

Рускиот безбедносен притисок врз Северна Македонија продолжува со внатрешна помош. Фактот што во континуитет се ставаат сопки во остварување на нашите геостратешки цели од московска страна значи дека постојат сили и методи со кои треба да се бориме постојано и секако со помош на нашите сојузници. Но, како што немаме очекуван успех во борбата со корупцијата, не треба да очекуваме дека во земјава нема да има промаја – некој постојано одвнатре ќе се грижи да ги држи подотворени вратите за дејствување на недобредојдените…, вели Љубомир Костовски во анализата за ЦИВИЛ „Руската сенка над Северна Македонија“.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„Постојат повеќе нивоа на проверка на усогласеност на законите, вклучувајќи ги и тие преку Европската Унија, а Северна Македонија треба да се погрижи нејзините законите да бидат усогласени со европските стандарди и очекувања. Што се однесува до конкретните информации за измените во Кривичниот законик, се што можам да кажам е дека постојат повеќе нивоа на проверка на усогласеноста на законите, вклчувајќи и преку ЕУ. Тоа би значело дека Северна Македонија треба да се погрижи нејзините закони да не бидат само во согласност со Уставот, туку и со европските очекувања и стандарди“, порача заменикот помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

ИНТЕРВЈУ

Спасовски: Криминалот не може да биде посилен од државата, тоа не било и нема да се случи

ВОЈНА ПРОТИВ УКРАИНА

Американскиот претседател Џо Бајден, директно обраќајќи му се на својот украински колега Володимир Зеленски, ја пофали храброста на Украинците. Бајден, на почетокот на разговорот со Зеленски во Белата куќа, рече дека Соединетите Американски Држави остануваат посветени на давање поддршка во напорите на Киев да се одбрани од руската инвазија.

*

Американското Министерство за одбрана објави дека е одобрен дополнителен пакет безбедносна помош за Украина, во вредност до 325 милиони долари.

*

Европската комисија денеска соопшти дека донела одлуки за исплата на 1,5 милијарди евра за Украина во рамките на пакетот за макрофинансиска помош, речиси 127 милиони евра за Тунис за поддршка во спроведувањето на билатерланиот Меморандум за разбирање и за справување со илегалната миграција, како и 500.000 евра дополнителна хуманитарна помош за поддршка на луѓето погодени од ескалацијата на непријателствата во Нагорно-Карабах.

*

Вториот товарен брод „Аројат“ го напушти украинското црноморско пристаниште Чорноморск откако натовари жито, изјави денеска извор од индустријата. Товарните бродови Ресилиент Африка (Resilient Africa и Aroyat) пристигнаа во Украина во саботата и требаше да заминат откако ќе натоварат речиси 20.000 тони пченица за Африка и Азија. Бродот Ресилиент Африка ја напушти Украина во вторникот со товар од 3.000 метрички тони пченица.

ФЛЕШ ВЕСТИ

СОБРАНИЕ Произведуваме многу закони, трчаме и брзаме како да се усогласиме со европското законодавство, но фундаменталните права на лицата со попреченост сосема паднале наместо да се во иста линија со правата на останатите и ги нема ни на агенда. , истакна Елена Кочоска, која ги соопшти наодите за правата на лицата со попреченост содржани во Годишниот извештај за 2022 за човековите права во земјава. Извештајот за нашата земја, кој покрива шест области, беше претставен во Собранието.

ОБРАЗОВАНИЕ Министерството за образование и наука соопшти дека платите на наставниците од овој месец се зголемуваат за 15 проценти

ЕКОНОМИЈА Агенција за промоција и поддршка на Туризмот (АППТ) денеска информира дека вкупно двата квартали за 2023 година имаат раст од 24 проценти компарирано со периодот од изминатата година односно 229 милиони долари прилив од туристичкиот промет во БДП-то.

AL_PRESS

Редакциски избор од албански медиуми: До каде се истрагите за нападите врз КФОР; Вучиќ го обвини Западот за кршење на меѓународното право за Косово, Гервала го осуди; Баша предложи електронско гласање за имигрантите

СЛОБОДНА ЗОНА

„Невозможно е да се говори за мир во светот денес надвор од заканата од рускиот рашизам и воената агресија против Украина, враќањето на Железната завеса и целосното загрозување на опстанокот на човечката цивилизација воопшто. Диктаторот во Кремљ, кој тргна во тридневна „специјална воена операција“ да ги освои Кијив и Украина го загрозува светскиот поредок и демократијата на секоја точка од оваа планета“, пишува Џабир Дерала во „Путиновата последна војна“.

Подготви: Б. Јордановска

Tags: бугарски пасошиДневниккриминалруско вилјание во Македонија
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ