• Latest

Путиновата последна војна

September 22, 2023
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Путиновата последна војна

Нема мир без правда за жртвите од диктатурата, агресијата и воените злосторства. Нема мир без слобода.

September 22, 2023 09:31
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Невозможно е да се говори за мир во светот денес надвор од заканата од рускиот рашизам и воената агресија против Украина, враќањето на Железната завеса и целосното загрозување на опстанокот на човечката цивилизација воопшто. Диктаторот во Кремљ, кој тргна во тридневна „специјална воена операција“ да ги освои Кијив и Украина го загрозува светскиот поредок и демократијата на секоја точка од оваа планета.

Бруталната руска агресија во 2022 година е само продолжение на рашистичкиот режим и воени интервенции веќе 15 години, од првата поголема воена агресија против Грузија во 2008 година.

Впрочем, војната и го донесе на власт воениот злосторник, Путин. Жестоките бомбардирања во Чеченија и опсадата на главниот град Грозни (1999-2000), на почетокот на Втората чеченска војна ги координираше руската озлогласена ФСБ (порано КГБ), со цел да му го олесни патот на Путин до претседателската позиција.

Ако се погледне светската карта на воени и други конфликти, ќе се забележи дека повеќе од една деценија, освен во Европа (инвазијата на Украина почна во 2014 година), Путиновата клика, заедно со крволочните платенички војски, води различни облици на војна и во повеќе региони на Африка и Азија. Неговиот режим поведе војна и против демократијата во руската федерација и – победи.

Сега злосторникот од Кремљ ја води својата последна војна – против Украина и против демократскиот свет.

Затоа, да се говори за мир во денешно време, пред сè, значи да се говори за ослободување од режимот на овој злосторник и негово судење за воени злосторства и геноцид. Мирот во светот ќе добие шанса само кога и последниот војник и платеник ќе си замине од Украина. Но тоа не смее да остане само на целосно ослободување на територијата на суверена Украина, туку и правда. Сите злосторници, на чело со Путин, мора да одговараат за своите ѕверства низ Украина. Во спротивно, жртвите што Украина ги поднесува во име на својата слобода и светскиот мир ќе бидат залудни.

Што прави најголемата светска организација на овој ден? По повод Меѓународниот ден на мирот, 21 септември, Обединетите Нации оваа година ја одбраа темата „Акции за мир: Нашите амбиции за #ГлобалнитеЦели“.

Овој наслов звучи крајно цинично, бидејќи се занемарува реалноста во еден од пресудните мигови во војната против бруталниот режим со седиште во Кремљ. Украина, со помош од западните сојузници, конечно доби можност да се спротивстави. Без конечна и решителна поддршка, која ОН се должни да ја пружат, победата до конечно ослободување на оваа голема и горда европска земја, ќе биде доведена во прашање, а со тоа и демократијата, мирот, стабилноста и прогресот во целиот свет ќе бидат трајно загрозени, ако не и уништени.

Обединетите Нации, како и многупати досега, не успеваат да видат дека, со игнорирање на реалноста, мирот станува само уште повеќе неизвесен и кршлив. Тоа игнорирање во минатото доведе до светски војни. И во денешно време, калкулирањето и компромисите со милитантните диктатори, доведуваат до тоа војна, а не до мир. Режимите како оној на Путин токму тоа и го очекуваат – нерешителност и попустливост на меѓународната заедница – за продолжат со својата деструкција.

Повеќе од очигледно е дека руската агресија е насочена и кон демократијата во светот воопшто. Путиновата политика повеќе од една деценија го дестабилизира светот преку хибридните напади, уцената со енергенси и со храна, со жестоки пропагандни кампањи и дезинформации со кои се нанесува трајна штета врз демократскиот поредок во светот.

Со грозната и крвава закана против светот, Кремљ се обидува да ја избегне одговорноста за неизмерните насилства и очигледната намера за истребување на украинската нација, за што отворено и гласно говорат пропагандистите во руските државни медиуми.

„Воената агресија против Украина, како и сите воени и други конфликти на било која точка во светот, ја наметнуваат потребата од обединување против злото. Секој човек има обврска да застане во одбрана на правото за мирно и достоинствено живеење во демократски и праведни општества каде поделеноста, омразата, насилството, борбата за власт и моќ на сметка на човековиот живот и достоинство ќе бидат отфрлени и остро осудени. Сторителите на злосторства против човештвото и архитектите на злото, деструкцијата и геноцидот мора да бидат изведени пред лицето на правдата. Тоа е човечка и цивилизациска обврска!“ – пишува во соопштението на ЦИВИЛ, македонска граѓанска организација, давајќи пример во светски рамки во која насока треба да оди размислувањето, разбирањето и акцијата во полза на светскиот мир.

Со исплакнати соопштенија и повици на компромис, злосторниците само се охрабруваат да ја продолжат својата злокобна мисија.

Јас верувам во вредноста на секој поединец. Затоа и ги пишувам овие редови и го цитирам соопштението на организацијата на која ѝ припаѓам.

Прашање за секој човек на оваа планета е дали ќе остане нем, слеп и глув (и глупав) пред опасноста ова ќе биде последната војна пред уништувањето на светот. Или ќе направи нешто да го сопре побеснетиот воз на диктатурата и воените агресии.


Текстот е личен став на Авторот.
Tags: воени злосторствавојнадезинформациимирруска агресијаУкраина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ