• Latest
Фото: ЦИВИЛ

Рекордни 229 милиони долари прилив во македонската економија за првите шест месеци од 2023

September 22, 2023
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обнова: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Рекордни 229 милиони долари прилив во македонската економија за првите шест месеци од 2023

September 22, 2023 14:35
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Фото: ЦИВИЛ

Фото: ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

Туристичкиот промет покажа раст и во вториот квартал за 2023 година и изнесува 136 милиони долари во македонската економија, со раст од 28 проценти споредбено со истиот период 2022 година. Двата квартали во 2023 година се со раст од 24 проценти споредбено со претходната година.

Агенција за промоција и поддршка на Туризмот (АППТ) денеска информира дека вкупно двата квартали за 2023 година имаат раст од 24 проценти компарирано со периодот од изминатата година односно 229 милиони долари прилив од туристичкиот промет во БДП-то.

Туризмот, посочуваат, создава работни места, ја зајакнува локалната економија, придонесува за развој на локалната инфраструктура и може да помогне да се зачува природната средина и културните добра и традиции, како и да се намалат сиромаштијата и нееднаквоста.

Туризмот во Северна Македонија, се подвлекува во соопштението, треба да го добие потребното внимание затоа што може да биде сериозен играч во привлекување зелени инвестиции.

Доколку го компарираме учеството на туризмот во бруто домашниот производ – БДП што во 2011 година изнесувал 0,4 проценти, појаснуваат од АППТ,  2018 година изнесувал 2,4 проценти додека во 2022 година изнесува 3,6 проценти, достигнувајќи 481 милион долари.

– Споредбено, кај првите квартали (Q1) на приливот од туризмот 2018/2019/2020/2021/2022 година, што и покрај пандемијата која започна во 2020 година, нема забележено пад, што не може да се случи ако изостанува планирање, мерливост и евалуација на стратешките планови во АППТ, се наведува во соопштението.

Прв пат во првиот квартал на 2023 година, стои во соопштението, туризмот во македонската економија влеал 93 милиони долари, што е за 19 проценти повеќе од 2022 година или 41 проценти повеќе од 2019 година.

– Упатувам силна и оптимистичка порака за остварување на целта од 530 милиони долари од македонскиот туристички сектор во домашната економија за 2024 година. Меѓуинституционалната соработка, инклузивноста на приватниот сектор и јакнење на капацитетите ги мобилизираат сите засегнати страни и го прават туризмот катализатор на позитивни промени. Реархитектуирањето на македонскиот туристички сектор мора да се случи во наредниот пет годишен период, а дотогаш да се постигнат целите за 2025 година од 3,7 милиони ноќевања, 600 милиони долари од туризмот или повеќе од 4 проценти во БДП, повеќе од 45.000 вработени во туристичко-угостителската дејност, истакнал директорот на АППТ, Љупчо Јаневски.

Tags: Јаневскитуризам
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ