• Latest

24 ЧАСА: Бурна реакција по судската одлука во случајот Мицкоски-Дерала; Калас предупреди – треба да почнеме да учиме руски ако не ѝ помогнеме на Украина; Трамп размислува за соработка со Израел во нападите врз Иран

June 18, 2025
Илустрација ВИ

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

МНР на БиХ бара Додик да го врати дипломатскиот пасош

August 20, 2025
фото Влада

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025
Фото:Општина Чаир

Османи со Мишел Ројкинд, Меџити со Бајрам Вардар: Чаир во центарот на урбаната трка

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на N1

РЕАКЦИИ: Антивладините протести во Србија низ македонска призма – Русија, Запад и „чиј човек е Вучиќ?“

August 20, 2025
Олександр Мережко, пратеник од Слугата на народот, претседател на Комитетот за надворешна политика и меѓупарламентарна соработка на Врховната рада. Фото: УНИАН

Нема да има мировен договор – пратеникот Мережко објасни зошто е можен само прекин на огнот

August 20, 2025
Израелска армија, единицата „Шалдаг“ (фото извор: IDF)

Израел го одобри планот за окупација на Газа и покрај понудата за прекин на огнот

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на АлЏезира

Израел го одобри контроверзниот проект за населба што би можел да го подели Западниот Брег

August 20, 2025
Фото: Руска нафтена инсталација. Скриншот од видео на MIRROR NOW

Кина ја зграпчува руската нафта откако побарувачката од Индија се намалува по царините на Трамп

August 20, 2025

Во јуни исплатени 830.336.364 денари за изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д

August 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Бурна реакција по судската одлука во случајот Мицкоски-Дерала; Калас предупреди – треба да почнеме да учиме руски ако не ѝ помогнеме на Украина; Трамп размислува за соработка со Израел во нападите врз Иран

June 18, 2025 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ТЕМА НА ДЕНОТ

Бурни реакции за судската одлука за случајот Мицкоски- Дерала

По повеќе од две години, политички мотивираниот судски процес, против претседателот на ЦИВИЛ – Центар за слобода, Џабир Дерала, покренат од Христијан Мицкоски – тогашен лидер на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, а сега премиер на Република Северна Македонија, кој го водеше неговиот близок соработник и денешен министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, а пренесен текст што беше преземен од други медиуми, доби завршница откако Апелациониот суд ја потврди пресудата на Основниот граѓански суд во Скопје во корист на тужителот.

Претседателот на ЦИВИЛ-Центар за слобода, Џабир Дерала, кој во случајов е предмет на тужење од страна на актуелниот премиер Христијан Мицкоски, во јавно обраќање посочи дека и покрај политичкиот притисок и обидите за заплашување преку исцрпувачки судски процес, останува цврсто посветен на вистината, транспарентноста и демократските вредности.

„Овој случај не е само против мене лично – тој е напад врз секој што има храброст да ѝ се спротивстави на неправдата и да ја критикува власта.

Ги повикувам меѓународната заедница, домашните институции и сите бранители на демократијата да бидат будни и гласни против ваквите злоупотреби на моќта. Замолчувањето на критичките гласови само ја продлабочува кризата на демократијата.“, порача Дерала.

„Солидарност со Џабир Дерала – новинарството не е криминал, тоа е човеково право. Ние стоиме со тебе, Џабир!“, ја изрази својата поддршка на социјалните мрежи Мика Бојстер, претседател на германскиот сојуз на новинари.

Својата поддршка до Дерала и тимот на ЦИВИЛ, ја изрази и Д-р Волфганг Ресман, претседателот на Media Dialogue/Y4M.

„Во солидарност со нашиот партнер од „Медиумскиот дијалог оди на Балканот“, Џабир Дерала и тимот на Цивил МК – заедно ги браниме демократијата и човековите права.“, напиша Ресман.

ЦИВИЛ, преку соопштение изрази поддршка за Дерала, во кое бара почитување на демократските вредности и човековите права и слободи, принципи во кои длабоко се вкоренети и слободата на изразување, медиумските слободи и правата на медиумските работници и застанува силно против секаков вид закани и задушување на фактите и вистината.

„ЦИВИЛ – Центар за слобода бара почитување на демократските вредности и човековите права и слободи, принципи во кои длабоко се вкоренети и слободата на изразување, медиумските слободи и правата на медиумските работници и застанува силно против секаков вид закани и задушување на фактите и вистината.

Во општество каде што политичарите се обидуваат да го замолчат секој критички глас, нашата должност е да зборуваме уште погласно. Замолчувањето е алатка на стравот, но вистината не препознава тишина. Новинарите и активистите не се непријатели, тие се чувари на демократијата. Без слободен збор, нема слободна држава.

Ние стоиме јасно на ставот дека оваа пресуда не е само обид да се замолчи Дерала, туку обид за замолчување на новинарите, активистите, јавните интелектуалци и креаторите на јавното мислење, како и секој човек што го користи јавниот подиум да проговори против неправдите.

Политичарите како Мицкоски и Тошковски кои се плашат од јавна критика не градат држава – тие ја распарчуваат. Тие не сакаат вистина, туку тишина. Но слободата не живее во тишина – таа живее во гласноста, во храброста да се каже тоа што не сака да го слушне врвот на власта.

ЦИВИЛ го поддржува Дерала во континуираната борба за слобода на изразување, бидејќи тоа е борба за достоинство, за правда, за иднина. Да молчиме значи да се откажеме од сопствениот глас. А кога новинарите и граѓанските активисти молчат, лагата зборува во нивно име. Затоа, нема да дозволиме ниту еден властодржец да ни го одземе правото да зборуваме – зашто тоа е првиот чекор кон одземање на сите други права.“, се наведува во соопштението на ЦИВИЛ.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Калас: Европејците би можеле да почнат да учат руски јазик ако Украина не добие поголема поддршка

„Мораме да направиме повеќе за Украина, и за нашата сопствена безбедност.

Да го цитирам мојот пријател генерален секретар на НАТО, Марк Руте: ако не ѝ помогнеме дополнително на Украина, сите треба да почнеме да учиме руски.

Колку е посилна Украина на бојното поле денес, толку посилни ќе бидат околу преговарачката маса кога Русија конечно ќе биде подготвена да разговара.“, изјави Калас.

РЕГИОН

Пицула: Брисел мора да ја спречи идејата за „српски свет“

Идејата за „српски свет“ е опасна и дека земјите од регионот кои се кандидати за ЕУ ​​припаѓаат во Европската Унија, а не „во имагинарни проекти под капата на Србија“, порача Тонино Пицула, постојан известувач на Европскиот парламент за Србија.

„Секој проект што има за цел промена на границите на сметка на соседите е опасен. Сега не мислам дека српското раководство е доволно способно или доволно подготвено да ги повтори грешките што Слободан Милошевиќ ги направи пред 30 години, но сепак, мора да останеме претпазливи и да испратиме јасна порака – не само до српскиот народ, туку и до народите на Западен Балкан – дека нивната иднина треба да биде во Европската Унија, а не во некој имагинарен „српски свет“, заклучи Пицула, и предложи Брисел да покаже со прст кон ваквите идеи и да ги спречи.

СВЕТ

Трамп размислува да се придружи на Израел во нападите врз Иран, ајатолахот Хамнеи предупредува: Битката започнува

Израел и Иран разменуваат напади шести ден по ред. Израел вели дека погодил центрифугална локација во Техеран и објекти за оружје како дел од ноќниот бараж, пренесува Би-би-си.

Иран започна свои напади врз Израел, со сирени што се огласија двапати преку ноќ – но обемот на нападите на Иран се намали, пишува дописникот Хуго Бачега

Доналд Трамп го предупредува Иран „нашето трпение се исцрпува“, а потоа побара: „БЕЗУСЛОВНО ПРЕДАВАЊЕ!“

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за конфликтот помеѓу Израел и Иран?

АЛ-ПРЕС

Редакциски избор од албанските медиуми во регионот

  • Албанија меѓу земјите што трошат најмногу за воена опрема во НАТО
  • По обвинувањата на опозицијата за „бугарски воз“, во Тирана денеска ќе се пребројуваат гласови од 1282 гласачки кутии
  • Германија е за укинување на мерките против Косово, но повикува на координација на северот
  • Одложено сослушувањето на Златан Елек , истрагите за Српска листа продолжуваат
  • Колумна: Дијалог со Путин? Наивната битка на некои германски социјалдемократи

СЛОБОДНА ЗОНА

„Кога ВМРО-ДПМНЕ и нивните челници тужат и судски гонат новинари има во сите случаи еден заеднички доказ кои судовите не го земаат во предвид.

Вмровските премиери и функционери не ги тужат уредниците и новинарите кои се фабрики за производство на лаги и дезинформации. Тие се насочени кон влијателни новинари и медиуми кои професионално работат и објективно ја информираат јавноста.“, пишува авторот Ерол Ризаов, во колумната „Кога премиер тужи новинар“.

“Оваа бесмислена тужба против Дерала која секако си прави свои последици, пред сè, во однос на чувството за правда и нејзино поддржување од судски систем, е само показател колку сме далеку од вистинските европски вредности кон кои навидум тежнееме!

Просто се доградува таа атмосфера на недопирливост на власта по сите можни шевови, а се користи ситуацијата кога опозицијата по правило не успева да дефинира своја политика на одбрана на своите ставови.“, пишува меѓу другото авторот Љубомир Костовски, во колумната „Европските вредности денес ги брани само совеста на малкумина новинари во нашиот простор“.

“Човекот кој поседува 2 (два) рачни часовници од неименувана луксузна марка во вредност од 52.000 евра, кој лета со бизнис класа поради болки во колената, а се шета по дебели теписи, меѓу барокен мебел и луксузни лустери во седиштето на партијата проценето дека вреди 14 милиони евра, нè убедува дека поудобни му билe гајбата пред кооперација и уличниот макадам од килимот по хотели и канцелариите.“, Брза пошта од Драган Мишев – „Каква хипокризија – Мицкоски со 2 рачни часовници вредни 52.000 евра, вели дека поудобна му била гајбата пред кооперација!“.

„Ако граѓанските здруженија похрабро не влезат во овој процес на донесување на измени на изборните закони и се сѐ сведе на волјата на партиските раководства, излезноста ќе биде намалена и ќе личи на досегашните процеси кога победуваше онаа партија која ќе ги изнесеше своите членови во поголем број на гласање.“, пишува авторот Војо Маневски во колумната „Кога јагнињата ќе стивнат, волците победиле“.

Подготви: Д. Тахири

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share36Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ