• Latest

24 ЧАСА: Џафери достави предлог за разрешување на министрите за здравство и МИОА, партиите да внимаваат на постапките на патот кон ЕУ; епидемија на голема кашлица во Скопје

February 8, 2024

24 ЧАСА: Оган ја гори Македонија; 6.600 граѓани тргнаа пешки до Сребреница; Нетанјаху го номинираше Трамп за Нобелова награда за мир

July 8, 2025
Фото: ВИ

На збор ЕУ, на дело изолација – Мицкоски ја води Македонија по сопствените црвени линии

July 8, 2025

ЦВАЈ ТАГ, ДРАЈ ПАРАД ПРЕД НАШИТЕ ОЧИ: Огин го гори Чучер-Сандево

July 8, 2025
Фото: ЦУК/ Фејсбук

ЦУК: Во земјава беснеат 9 активни пожари, еден локализиран 

July 8, 2025
Исечок од видео на Радио слободна Европа / Деца од воено силување

Тој повеќе не е невидлив: Приказната за дете родено по силување во војната во Босна

July 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на wocomoMOTORS

Ротердам, најголемото европско пристаниште се подготвува за потенцијална војна со Русија

July 8, 2025
Фото: МИА архива

Советот на ЕУ го одобри пристапувањето на Бугарија во Еврозоната

July 8, 2025
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

Над 6.600 учесници тргнаа кон Поточари во Маршот на мирот по повод 30 години од геноцидот во Сребреница

July 8, 2025
Фото: Оксана Маркарова / Х

Амбасадорката на Украина во САД ќе биде разрешена, потврди извор од Кабинетот на Зеленски

July 8, 2025
Фото: Креирано со ппомошна ВИ

Има ли крај сагата со „раскинувањето“ помеѓу Трамп и Маск

July 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Џафери достави предлог за разрешување на министрите за здравство и МИОА, партиите да внимаваат на постапките на патот кон ЕУ; епидемија на голема кашлица во Скопје

February 8, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Џафери достави предлог до Собранието за разрешување на министрите Меџити и Алиу

Техничкиот премиер Талат Џафери доставил допис до претседателот на Собранието Јован Митрески, во којшто, согласно член 94, став 2 од Уставот на Република Северна Македонија, предлага Собранието, на првата наредна седница, да ги разреши: Фатмир Меџити, од функцијата министер за здравство и Азир Алиу, од функцијата министер за информатичко општество и администрација, соопшти владината прес-служба.

Џафери доставил и допис до Митрески, согласно наведениот член од Уставот, Собранието да ги избере: Илир Демири, за министер кој ќе раководи со Министерството за здравство и Наим Бајрами, за министер кој ќе раководи со Министерството за информатичко општество и администрација.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Зајкова: Партиите да внимаваат со каква слика ќе влијаат на патот кон кој  оди државата

„Сите партии треба да бидат многу внимателни во своите постапувања и каква слика се остава за државата и колку тоа ќе влијае на патот, по кој оди државата. Сите овие вакви несогласувања влијаат на нашата интеграција“, изјави пратеничката и лидерка на Либерално демократската партија Моника Зајкова.

ФЛЕШ ВЕСТИ

УСТАВЕН Со 65 гласа „за“, 26 „против“ и без воздржани, на 140-тата собраниска седница за судија на Уставниот суд на Република Северна Македонија е избрана Ана Павловска-Данева, професорка на Правниот факултет на Скопскиот универзитет.

ЕПИДЕМИЈА Министерот за здравство во техничката Влада, Фатмир Меџити денеска на брифинг со новинарите истакна дека ќе го потпише документот за прогласување епидемија на голема кашлица во Скопје, по вчерашната препорака на Комисијата за заразни болести.

КУЛТУРА Вкупните средства наменети за финансирање на проекти од национален интерес во културата за оваа година изнесуваат 867.600.000 денари или 14 милиони евра. Средства, меѓу другото, и оваа година има за одбележување на значајни јубилеи, за заштита на културното наследство, за Универзалната сала, како и за меѓународна афирмација на македонската култура.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Најмалку 8.000 луѓе загинаа во Мариупол од март 2022 до февруари 2023 година поради целосната инвазија на Русија на Украина,  соопшти меѓународната организација за човекови права Хјуман рајтс воч (ХРВ) во извештајот објавен на нејзината веб-страница, пренесува Укринформ.

Извештајот се заснова на речиси двегодишно истражување спроведено од Human Rights Watch и Truth Hounds, водечка украинска организација за човекови права, како и 3D реконструкции и визуелни и просторни анализи од SITU Research.

КОНФЛИКТИ

Меѓународниот аларм се зголемува пред очекуваниот израелски копнен напад во Рафах, град на југот на Газа, блиску до границата со Египет, каде што многу раселени луѓе кои живеат во енклавата побараа засолниште.

Се проценува дека еден милион луѓе се сместени во град со шатори, а сателитски снимки покажуваат дека импровизираното засолниште брзо се шири, пренесува Си-Ен-Ен.

АЛ-ПРЕС

Советот на Европа излезе со критики за преоптовареноста на системот за притвор во Албанија. Според официјалната статистика, популацијата во притвор е висока веќе две децении и денес е околу 30% над европскиот просек, пишуваат албанските медиуми.

На барање на Србија, денеска ќе се одржи Вонредната седница на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата во Косово… пишуваат косовските медиуми.

Ова се дел од темите од денешниот редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот.

ЕДУКАЦИЈА

ТРОЛ, што е тоа?

Што е ТРОЛ армија?

ЛИНК ДО ПУБЛИКАЦИЈА

СЛОБОДНА ЗОНА

„Со лелекот или крикот, сеедно, на двајцата актуелни министри од редот на политичката партија и коалициски партнер на СДСМ и ДУИ во македонската, техничка па сепак влада на вечерашниов прес, и колку раскажаната приказна на двајцата министри од Алијансата, Алиу и Меџити пред новинарите и да беше еднострана, веќе на самиот свој старт, креирајќи го ваквиот амбиент, владата на Џафери го допре самото институционално дно…“, од Зоран Иванов по допрен глас „Влада за штапски меѓупартиски пресметки“.

„Северна Македонија е во предизборна кампања, иако официјално таа не е започната. Партиите веќе интензивно ги запалија пропагандистичките мотори, во кои како инструмент за убедување дека противникот е во погрешна политичка линија, односно не е на страната на народот, се искористуваат или злоупотребуваат дезинформациите.“, пишува Сефер Тахири во анализата „ Предизборна трка со дезинформации“.

Подготви: Д. Тахири

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • (ВИДЕО) Диме Велев за ЦИВИЛ: Нема да дозволиме петмина во Комисијата за дијабетис да изиграваат Господ и да одлучуваат каква терапија треба да примаат 40.000 пациенти

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ