• Latest

Предизборна трка со дезинформации

February 8, 2024

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Предизборна трка со дезинформации

February 8, 2024 11:41
in АНАЛИЗИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ИЗБОРИ, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter
  • Предизборното дезинформирање почна. Нити Таравари се сретна со Мицкоски, нити Зијадин Села ќе се приклучи на Европскиот фронт заедно со ДУИ, нити Талат Џафери славеше во Форинo со песна за Чамерија, Илирида и Косово
  • Дезинформациите се отворена фронтална закана за кредибилитетот на медиумите, слободата на изразувањето и кревката демократија во нашата земја
  • Не треба да споделуваме медиумски содржини на социјалните мрежи без скептицизам. Да не го јадеме сапунот како сирење!

СЕФЕР ТАХИРИ

Северна Македонија е во предизборна кампања, иако официјално таа не е започната. Партиите веќе интензивно ги запалија пропагандистичките мотори, во кои како инструмент за убедување дека противникот е во погрешна политичка линија, односно не е на страната на народот, се искористуваат или злоупотребуваат дезинформациите.

За жал, во оркестрираните политички кампањи се вклучени и дел од медиумите.

На 31 јануари се објави една дезинформација која, за жал, докажува дека медиумскиот систем во земјата е во длабока криза.

Телевизијата Клан Македонија, која има национална кабелска лиценца, на 31 јануари објави дека во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје во вечерните часови била одржана средба на лидерот на Алијанса на Албанците, Арбен Таравари и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Дури и објави наводна фотографија од автомобилот на Таравари во гаражата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ! Таравари и ВМРО-ДПМНЕ демантираа, Клан се извини, но кај публиката остана перцепцијата дека медиумите манипулираат со фактите. Самите медиуми, односно дел од нив, интензивно, со нивното непрофесионално и неетичко работење, драстично ја рушат довербата во новинарството. Довербата тешко се гради, за да се стигне до неа потребни се макотрпни напори, многу стрес и енергија, треба многу пот, но многу брзо се руши. Некогаш, за тоа е потребна само е една дезинформација или лажна фотографија.

На 2 февруари, ТВ 21, исто така национална кабелска телевизија објави новинарски прилог со наслов „Не сакал да се врати на лидерското место – Села ги свика претседателите на ограноците, без Таравари“ во која новинарот констатира:

„Од она што досега се дознава, неофицијално е дека претседателот на партијата Арбен Таравари сака коалиција со албанскиот опозициски блок, Европскиот сојуз за промени, нешто што не го сака експретседателот на партијата и на централното собрание на АА, Зијадин Села, за кој се дознава дека е на ставот дека на изборите треба да излезат со Европскиот фронт каде што е и ДУИ.“ Првиот дел од ова информација се потврди, но делот за приклучување на Села на Европскиот фронт се покажа неточен. Села демантираше, оценувајќи дека објавата е „лага и тенденциозна со цел да се наруши мојот углед!“

Не помина без дезинформирање ни изборот на Талат Џафери за технички премиер на Северна Македонија. Голем број на медиуми на македонски јазик објавија текстови со наслов, во кој се тврдеше дека премиерот во своето родно село беше пречекан со песни за Чамерија, Илирида и Косово. Но, иако оваа содржина се сподели широко во медиумите и социјалните мрежи, се потврди дека се работи за дезинформација.

Сервисот за проверка на факти, Вистиномер, откри дека „видео материјалот на кој во позадина се слушаат извиците, не се автентични, туку се дополнително додадени (монтирани) и, всушност, претставуваат звук од навивање на спортски натпревар неповрзано со доаѓањето на Џафери во Форино.“

Kако што ќе се ближат изборите, така ќе расте и производството и количеството на дезинформациите. Прогнозите се дека се очекува нивно енормно производство.

Тие, без разлика дали се објавуваат со или без намера, се многу штетни и се директна закана за точното, објективно, коректно и непристрасно новинарство. Дезинформациите се и отворена фронтална закана за кредибилитетот на медиумите, но и ги загрозуваат  слободата на изразувањето и демократијата во нашата земја, која и така е на кревки нозе.

Но, политичките партии кои ги продуцираат, а и медиумите кои ги пренесуваат, треба да се свесни дека дезинформациите се контрапродуктивни, односно може да предизвикаат спротивен ефект од замислениот пропагандистички (афирмативен) ефект.

Во борбата против дезинформациите треба да се вклучиме сите ние, новинарите, уредниците, експертите, невладините активисти, политичарите, но и граѓаните. Не треба да споделуваме на социјалните мрежи медиумски содржини без критичка анализа, односно без да изразиме здрав скептицизам.  Иако дел од гебелсовските партиски пропагандисти сметаат дека можат со класично манипулирање да влијаат врз демократското одлучување на граѓаните, треба да ги отвориме очите и да им ги деконструираме пропагандистичките наративи. Не е вистина дека сто пати повторена лага станува вистина! Да не го јадеме сапунот како сирење!


Проф. д-р Сефер Тахири е универзитетски професор.

Специјално за ЦИВИЛ МЕДИА. Текстот е личен став на Авторот.

ЛИНК ДО ПУБЛИКАЦИЈА


#ОслободиГоУмот
#LirojeMendjen
#TromalkerenTumariGodi

Оваа анализа е дел од проектот „Ослободи го умот“. Проектот е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.
Tags: дезинформацииизбориМедиумиполитички партии
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ