• Latest

24 ЧАСА: Евроинтеграции – галоп на полжавите; Мургашанска го обвини Максим Димитриевски за корупција и криминал; Москва опасна за Вучиќ; Стратешки документ на ЦИВИЛ за одбрана на демократијата

May 7, 2025

Судот на БиХ ја отфрли жалбата на Додик: Дали ова е конечниот крај на неговата политика?

November 6, 2025
Пожар во руската рафинерија за нафта во Волгоград во текот на ноќта на 6 ноември. Фото: Ексиленова/Телеграм

Гори руската рафинерија во Волгоград, партизанската група „Слобода на Русија“саботираше десетици возови во напад врз логистичката инфраструктура, експлозии во рускиот центар за дронови во окупираниот Донецк

November 6, 2025

Според Мицкоски, Северна Македонија е многу пред Албанија во процесот на интеграција во ЕУ

November 6, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК ги објави официјалните резултати од вториот круг на локалните избори, за три општини има приговори

November 6, 2025

Адмир Лисица: „Додик ќе трае онолку колку што ќе посака меѓународниот фактор“

November 6, 2025
Скриншот од видео на TOI

Рускиот министер за одбрана: Русија треба веднаш да започне со подготовки за целосни нуклеарни тестови

November 6, 2025

По извештајот на ЕК: Владата бара гаранции од ЕУ, СДСМ алармира за „најлоша деценија“

November 6, 2025
Фото: МикВести/Телеграм

Анџелина Џоли го посети разорениот од војна Херсон, на првата линија на фронтот во јужна Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Евроинтеграции – галоп на полжавите; Мургашанска го обвини Максим Димитриевски за корупција и криминал; Москва опасна за Вучиќ; Стратешки документ на ЦИВИЛ за одбрана на демократијата

May 7, 2025 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ТЕМА НА ДЕНОТ

МК-ЕУ интеграции: Галоп на полжавите во изборна година

„За тоа дали власта ќе го повтори успехот на локалните избори од пред 4 години ќе влијаат секако општите состојби во земјата. Економските неприлики се секако многу значајни а тие се влошуваат од ден на ден. Коалициските клоцања меѓу владините коалициони партнери се посебна приказна а на крајот тука се еден куп на скандали што едноставно го нервираат јавното мислење. Луѓето како да велат – е баш ми се гласа! Да го видиме најпрвин првиот фактор за народното нерасположение.

Поопширно на оваа тема пишува Љубомир Костовски во „Галоп на полжавите во изборна година“.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Мургашанска: Кумот на Максим Димитриевски со поддршка на ДУИ си спечали 350.000 евра

„Ова што го режираше Димитриевски, поддржан од советниците на ДУИ, треба да влезе во книгите за организиран криминал и корупција. Да ја потсетиме јавноста, дека првиот обид за носење на ДУП-от пропадна заради судир на интереси на советникот на ЗНАМ. Откако ова не им успеа, Максим Димитриевски и кумот решаваат да го донесат овој ДУП по секоја цена и наоѓаат нов начин. Тука во пресрет им излегува наводно лутата опозиција против која Максим се бори, а тоа е ДУИ. Со помош на гласовите на ДУИ, вчера општината го усвојува ДУП-от“, рече советничката на СДСМ во општина Куманово, Атина Мургашанска.

РЕГИОН

Авионот на Вучиќ принудно слетал во Баку поради борбени операции, летот за Москва прогласен за небезбеден

Откако поради здравствени проблеми, српскиот претседател Александар Вучиќ мораше пред време да се врати од САД, по краткиот престој и пружената медицинска нега на белградската ВМА, реши да тргне на парадата на Црвениот плоштад во Москва, каде требаше да се сретне со рускиот колега, Владимир Путин. Но, уште еден пех му се случи на претседателот на Србија, откако авионот со кој леташе мораше итно да слета во Азербејџан поради војната во Украина и дејствијата на борбените средства во воздушниот простор!

СВЕТ

Индија започна ракети напади врз Пакистан и Кашмир

Индија вели дека започнала ракетни напади врз девет локации во Пакистан и Кашмир, администриран од Пакистан. Жителите биле разбудени од огромни експлозии. Пакистан вели дека три локации биле нападнати и тврди дека соборил пет индиски борбени авиони. Индија не го потврди ова. Индиската армија соопшти дека најмалку седум цивили биле убиени од пакистанско гранатирање на нејзината страна од де факто границата. Пакистан, во меѓувреме, соопшти дека 26 лица се убиени, а 46 повредени во индиските воздушни напади и пукање по линијата на контрола.

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за „скандинавското“ работење на власта на локално и национално ниво?

ФОРУМ

Авторитарните тенденции се во подем – времето за дејствување е сега: Вовед во клучниот документ со препораки на глобалната иницијатива „Одбрана на демократијата“

ЦИВИЛ ексклузивно го објавува преводот на македонски од клучниот дел од публикацијата „Одбрана на демократијата и човековите права – извештај и препораки за политики“. Преводот ќе биде објавен во 11 продолженија, почнувајќи од воведот што го потпишаа д-р Волфганг Ресман, Хедер Роберсон Гастон, Роџер Касале и Џабир Дерала во името на глобалната иницијатива Одбрана на демократијата, формирана во декември 2024 година.

ИНТЕРВЈУ

ТЕКОВИ со Харун Церо: Босна, регионот и глобалната политичка сцена

 

Подготви: Б. Јордановска

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ