• Latest
Фото: МИА

24 ЧАСА: Филипче објави извештаи за Онкологија, Мизрахи вели – „побрзал да се правда“; На изборите се основале портали за да искористат државни пари; БиХ и Црна Гора ќе ги бојкотираат продавниците

January 27, 2025

Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

July 1, 2025

24 ЧАСА: Лидерски самит ЕУ-Западен Балкан во Скопје; Трамп му порача на Маск да ја затвори продавницата и да се врати дома во Јужна Африка; национализмот ја надвладеа борбата против корупцијата во Србија; растат тензиите меѓу Баку и Москва 

July 1, 2025

Шекеринска: Време е да инвестираме во мирот и стабилноста

July 1, 2025

СДСМ алармира – нема лекови на Онкологија, Клековски смирува: Скапата биолошка терапија ја има на Онкологија, за двата генерички лека што ги немаат дистрибутерите, има соодветна замена

July 1, 2025

Од Голема блокада до Голема Србија

July 1, 2025
Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

РЕАКЦИИ: Поддршка за студентите во блокада – време е Вучиќ да падне

July 1, 2025
Фотомонтажа; Скриншот од Влада на РСМ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на владата во текот на првата година?

July 1, 2025

За Кос членството во ЕУ е најдобар начин да се заштити идентитетот, културата и јазикот на Македонците, Мицкоски очекува секаков инженеринг во ЕП

July 1, 2025
Фото: Скринчот од вифро на каналот Астра на Х

Украински дронови „со хируршка прецизност“ нападнаа руска фабрика на 1.300 км оддалеченост, на Крим уништени скапи руски системи за воздушна одбрана 

July 1, 2025

Самит на ЕУ и Западен Балкан: Седумдесет и пет отсто од договорените реформи со земјите од региoнот се или имплементирани или се во тек

July 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

24 ЧАСА: Филипче објави извештаи за Онкологија, Мизрахи вели – „побрзал да се правда“; На изборите се основале портали за да искористат државни пари; БиХ и Црна Гора ќе ги бојкотираат продавниците

January 27, 2025 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Филипче ги разобличи Мизрахи и ВМРО-ДПМНЕ – објави извештаи за кои го обивнуваат дека не постојат

На денешната прес-конференција претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, ги презентираше извештаите кои биле доставени до анкетната комисија за Клиниката за онкологија, формирана по барање на ВМРО ДПМНЕ и злоупотребена исклучиво за политичка хајка против него, соопштуваат од СДСМ.

При тоа Филипче ги повика Рашела Мизрахи и тогашниот министер за здравство Фатмир Меџити да одговорат како и зошто овие извештаи биле криени.

„Дали е точно дека на барање на истражните органи, кои водат постапка за овој случај, овие извештаи не им биле доставени. Ги прашувм директно дали намерно се криеле извештаите  за да ме  вовлечат и обвинат во скандалот? Има ли нешто позлобно од тоа да се прикрива вистината во еден грозоморен случај за политички поени и згора на се да се кријат докази од истражните органи. Ова е скандал без преседан“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче и порача дека очекува да биде покрената истрага за тоа како и зошто досега овие извештаи биле криени.

Рашела Мизрахи, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во реакција на денешната прес-конференција на лидерот на СДСМ, истакна дека Венко Филипче како поранешен министер за здравство и претходната влада на СДС(М) се одговорни за состојбата на Онкологија.

Венко Филипче како како поранешен министер за здравство, директно или индиректно во неговото неработење дозволи системски башибозук и непочитување на шеесетина законски одредби. Тоа се шеесетина дејствија спротивни на законите. Тоа се шеесетина дејствија со директно влијание по животите на пациентите на Онкологија, изјави Мизрахи.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

На парламентарните избори се основале онлајн портали за да искористат државни пари, иако немале никаква врска со медиумите

Главната работа што ја утврдивме во однос на онлајн порталите е дека е голема веројатноста оти се основаа голем број организации за да ги искористат државните средства, иако немаа никаква историја поврзана со медиуми и веројатно само го користеа системот во Македонија за да земат пари од државата и потоа истите да ги злоупотребат. Кога разговаравме со заинтересираните страни, тие рекоа дека многу веројатно државните средства се злоупотребуваат од такви политички претприемачи. Што прават тие? Ќе отворат портал на интернет, ќе земат пари од државата и потоа нема никакво учество во политичкиот систем, посочи Пауер на денешниот брифинг во рамки на проектот „Пари, медиуми и избори во Северна Македонија“ во организација на Метаморфозис Фондација и Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС).

РЕГИОН

И Црногорците ќе ги бојкотираат продавниците

Црногорската невладина организација Институт алтернатива, по успешната акција во Хрватска, ги повика граѓаните на 31 јануари да ги бојкотираат супермаркетите и продавниците. На 31 јануари бојкот на трговските објекти е закажан и во Босна и Херцеговина.

СВЕТ

Трамп се повлече од царините откако Колумбија се согласи да прифати мигранти

Доцна синоќа Петро отстапи и се согласи да ги прими сите депортирани од САД, вклучително и оние во воени авиони. Трамп се закани дека ќе воведе големи тарифи и голем број други казни како одговор на најавата на Петро дека ги вратил воените авиони што превезувале депортирани во Колумбија, објави Си-ен-ен, пренесува ЦИВИЛ Медиа.

ФОРУМ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за намерата на Владата да купи авион?

СЛОБОДНА ЗОНА

Флертот на Маск со авторитаризмот не е уникатен ни сега, ни во минатото. Повеќето богаташи биле и се рамо до рамо со авторитарните режими и диктатури во светот. Но глобалното влијание што го има Маск ги прават неговите постапки уникатно опасни.

Германија, Европа и светот не смеат да дозволат богатството и влијанието да го заштитат Илон Маск од одговорност. Ако не бидат соочени со решителна критика и отфрлање, неговите постапки ќе ги охрабрат оние кои сакаат да ја напишат историјата одново и да ги поткопаат демократијата и човековите права. Демократските сили мора да покажат решителна посветеност – подобро кажано, да ја обноват посветеноста кон вредностите кои ги загрозуваат постапките на Маск и ликови како него. Време е јасно и недвосмислено да се каже: Кој по ѓаволите е Илон Маск да им држи лекции на Германците – или на кој било друг – за демократијата?, пишува Џабир Дерала во својата колумна „Кој по ѓаволите е Илон Маск!? Се дрзна да им држи лекции на Германците – и на светот – за демократија и соочување со минатото“.

*

Повикувањето на некакво политичко единство треба да започне токму од заштита на граѓаните и нивниот стандард. Другото ќе биде само елитистичка платформа на слојот граѓани кои не се загрозени од високите цени и падот на нивниот стандард. На испит сме и ние граѓаните. Ако сакаме да се заштитиме од алчноста на капиталот мора да се организираме според нашите интереси. Инаку само ќе кукаме дека некоја политичка партија не излажала и ќе чекаме нови избори да ѝ се осветиме. Осветувајќи се повторно сме во опасност да згрешиме, пишува Војо Маневски во колумната „Дали бојокотот на трговците е економска постапка“?

*

ВО ЕДНО: Србите се борат за демократија, граѓаните на Хрватска и Босна за подобар животен стандард, а ние – ние се бориме за Трамп! Нам во Македонија сè ни е арно. Демократијата ни тече во млазеви, не можеме да ја скротиме. Економскиот стандард ни е мед и млеко. Радувајте се! Во Македонија имаме новогодишна кошничка, па ќе имаме велигденска. Што ви е, какви граѓански иницијативи? Срамота е тоа. Здравство, образование… беспрекорно?! За што да се бориме ние кога тука ни е жива лепота?!, пишува Јане Ѓорѓиоски во колумната „Ние се бориме за Трамп“!

Д. Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Сервилност или велемајсторски дипломатски потег – дали Руте последен се смее

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за настапот на претседателката на Самитот на НАТО?

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ