• Latest

24 ЧАСА: Група вработени во Агенцијата за разузнавање – Мицкоски е вазал на српските служби; Славески со 3.000 евра плата ги охрабрува тие со минималец да работат по 2-3 работи; Иран се заканува со нуклеарна ескалација

June 12, 2025
Фото: Х

Полскиот министер за надворешни работи му порача на Илон Маск: „Оди на Марс“

December 7, 2025
Поглед од воздух на аеродромот Вилнус, Литванија, на 17 октомври 2011 година. Фото: Треворт Моргондонт/Викимедија Комонс

Аеродромот во Вилнус повторно ги прекина летовите по појавата на белоруски балони, трет пат оваа недела 

December 7, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Во пожар во ноќен клуб во Гоа загинаа 25 лица

December 7, 2025

ЦИВИЛ: Демократијата преживува само кога активно се брани

December 6, 2025

Мигрантски кампови повторно на политичката сцена – дали Мицкоски ја продава Северна Македонија за пари?

December 6, 2025
Фото: ВИ

Чучуљ најавува „немилосрдно“ следење на корупцијата кај власта и опозицијата

December 6, 2025

Нова бомба на СДСМ: Семејна фирма на Томовски „чисти“ 5,5 милиони евра од буџетот!

December 6, 2025

КФОР ги зголемува патролите низ Косово

December 6, 2025
Христијан Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ

Конгрес без дилеми: Мицкоски сам во трка за лидер на ВМРО-ДПМНЕ

December 6, 2025

(ЕКСКЛУЗИВНО) Стево Пендаровски (3): Безмилосно остра дијагноза за безбедноста, одбраната, капацитетите, политичката волја и правецот на државата

December 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

24 ЧАСА: Група вработени во Агенцијата за разузнавање – Мицкоски е вазал на српските служби; Славески со 3.000 евра плата ги охрабрува тие со минималец да работат по 2-3 работи; Иран се заканува со нуклеарна ескалација

June 12, 2025 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Група вработени во Агенцијата за разузнавање со скандалозни тврдења: Мицкоски е вазал на Српските служби, подготвува паравоени структури од членови на партијата

Неодамна, во Редакција ЦИВИЛ МЕДИА пристигна допис од група вработени во Агенцијата за разузнавање (АР) со кој се обраќаат до јавноста, изразувајќи надеж дека сè уште постојат професионални медиуми кои ќе ја пренесат нивната порака, со цел да ја информираат јавноста за сериозните проблеми во Агенцијата во време кога, како што велат, „веќе де факто немаме власт“.

Заради сериозноста на наводите во соопштението, редакцијата на Цивил Медиа прво истражи дали навистина постои таква „група вработени во АР“, стапувајќи во контакт со доверлив извор во Агенцијата кој побара да остане анонимен. Изворот ја потврди автентичноста на соопштението и дека зад групата вработени кои се потписници на соопштението стојат автентични личности вработени во АР.

Членовите на групата, за себе велат дека се патриоти кои си ја сакаат државата и се секогаш чекор понапред од злонамерните и корумпирани политичари, како и криминални структури кои работат заедно со одредени политички структури. Такви биле случаите кога информирале дека Горан Николовски викан „Џони“ ќе биде избран за Советник за Национална Безбедност на Премиерот, што и се случи.

Групата вработени во Агенцијата за разузнавање посочуваат и на даденото ветување дека Душко Марковски во ниту една можна комбинација нема да биде дел од безбедносните структури, што е исто така исполнето, како и за незаконското поставување на  Игор Андоновски за началник на АНБ за Град Скопје, откако информирале за тоа, додека лицето Љубчо Андоновски глумело експерт, само за синот да добие унапредување – што и се случи, а сега го спремаат и за нов Директор на новата служба за неколку години. Фамилијарно, како во време на комунизмот, посочуваат тие во дописот.

Во писмото, групата наведува неколку шокантни и алармантни факти за безбедноста на земјата, а како пример ги посочуваат „празните зборови на Премиерот“ за кого велат дека работи „по наредба на неговиот шеф Вучиќ“. Понатаму, тие посочуваат дека „многу НАТО членки ги споиле своите служби е само гола реторика, за да го оправда градењето на својата диктатура“.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Славески: Мизерно е да ме прашувате за мојата плата од 3.000 евра, никој не ме прашува за гладувањето во САД додека студирав

„Го извртевме значењето на минималната плата, во светот таа не гарантира дека може да се издржува 4-члено семејство. Јас сум работел за минимална плата во САД, во Бостон, во супермаркет додека студирав. Се знае каков стандард можете да обезбедите со тоа, и тие што земаат минимална плата работат по 2-3 работи. Би порачал во одреден период во животот, тоа не е срамота, како дополнителна работа може да работи за минимална плата, но трудете се никогаш повеќе, според своите квалификации, да не се најдете во ситуација да барате минимална плата“, вели Славески.

РЕГИОН

Вучиќ не ја потпишал декларацијата од самитот во Украина за да не ја „предаде Русија“, понуди помош за реконструкција што предизвика потсмев во Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ на 11 јуни изјави дека не ја потпишал заедничката декларација од самитот Украина-Југоисточна Европа во Одеса да не ја „предаде Русија“, пренесува Кијив Индипендент.

Декларацијата, потпишана од сите други учесници, меѓу кои и македонскиот претставник, вицепрмиерот Изет Меџити, ја осудува нелегалната агресија на Русија, повикува на целосно повлекување на руските сили од Украина и ја потврдува поддршката за територијалниот интегритет на Украина.

СВЕТ

Иран се заканува со нуклеарна ескалација откако регулаторниот одбор на ОН утврди дека не ги исполнува  обврските

Иран предупреди дека ќе ги засили своите нуклеарни активности откако одборот на гувернери од 35 члена на нуклеарното надзорно тело на Обединетите нации усвои резолуција во четвртокот со која се прогласува дека ги прекршил своите обврски за неширење, објави Си-ен-ен.

*

Патнички авион на пат кон Лондон со 232 патници и 12 членови на екипажот се урна по полетувањето во Индија

Повеќе од сто безживотни тела се донесени во болницата во Ахмедабад по уривањето на патничкиот авион на „Ер Индија“, кој летал за Лондон. Авионот Боинг 787-8, со 232 патници и 12 членови на екипажот, што денеска се урна кратко време по полетувањето од индискиот град Ахмедабад, падна врз студентски дом на Медицинскиот колеџ, во кој се сместени студенти и млади лекари.

ФОРУМ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Дали треба да се врати задолжителен воен рок во Македонија?

Данскиот парламент гласаше синоќа без ниту еден глас против за задолжителната воена служба за жените.
По наполнување 18 години, данските жени ќе служат воена служба, како и младите мажи, 11 месеци, а обуката би можела да започне веќе следниот месец. Досега, жените можеа да учествуваат во воена обука 4 месеци, и тоа доброволно.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Зборовите на Рубио, прекриени со јазикот на мирот и „конструктивниот ангажман“, не се само глувотија – тие се предавство. Предавство на Украина. Предавство на американските вредности. Предавство на самата вистина.

„Траен мир“, се вели во соопштението. Но, нема мир без правда. А правдата не може да коегзистира со додворување или со ова скандалозно застанување на истата линија со воен злосторник, на сметка на вистинските сојузници“, пишува Џабир Дерала во колумната „Од морален компас до морален колапс: Срамната честитка на Вашингтон за „Денот на Русија“

*

„Намерата во одговорот на реакциите на Филип Петровски и уредничкиот тим на Инфомакс не беше искрено извинување. Тоа беше операција за управување со перцепцијата – обид да се контролира оптиката, а не да се признае вина. На целата изведба следеше предвидлив редослед: негирање на намерата, префрлање на вината, фалба за „достоинствената“ реакција на навредените, сомнеж за нивните мотиви, и конечно – прогласување дека случајот е затворен. Ова не е нова формула. Тоа е добро познат модел на контролирање штета, каде што целта не е вистина или правда, туку затворање на наративот – по можност под услови диктирани од оние кои ја предизвикале штетата“, пишува Менсур Халити во колумната „Ова беше извинување – во колоквијална смислa, во реалноста, тоа беше прикривање“.

Share36Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • 24 ЧАСА: Скопје вози во хаос; десничарската AfD исклучи член поради имитирање на Хитлер; Пендаровски ексклузивно за ЦИВИЛ: Кратко и јасно! Македонија е одамна прокси-држава на рускиот свет

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Безбедноста мора да ѝ служи на слободата – а не да ја замени!

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Скопје Среќна Нова 1984 година, со љубов- Големиот брат

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • ЕКСКЛУЗИВНО — Пендаровски за ЦИВИЛ (1): Кратко и јасно! Македонија е одамна прокси-држава на рускиот свет

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Кога вистината е непријатна: Што навистина изјави Пендаровски, а што му припиша владејачката ВМРО-ДПМНЕ

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ