• Latest

24 ЧАСА: Изгласан Ребалансот на буџетот, опозицијата смета дека скроен како предизборен поткуп; Време е за соочување со реалноста, вели фон дер Лајен; Масовен глад се шири низ Газа

July 23, 2025
Фото: Скриншот од видео на
PBS NewsHour

Најмалку 60 лица загинаа во напад со беспилотно летало врз бегалски центар во Судан

October 11, 2025

Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

October 11, 2025

Русија ја нападна енергетска и цивилна инфраструктура во регионот Одеса, едно лице е повредено

October 11, 2025

Литванија, Летонија и Естонија подготвуваат планови за масовна евакуација

October 11, 2025

Прекин на огнот во Газа: ОН ќе испорачаат 170.000 тони помош, се очекува ослободување на 48 заложници до понеделник

October 11, 2025
Илустрација ВИ

Засилена изборна кампања за локалните избори недела дена пред изборниот молк

October 11, 2025

Oдбележување на Денот на народното востание

October 11, 2025
Фото: МИА

САД ќе воведат нови дополнителни царини од 100 проценти на увозот од Кина,

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на Sky News Australia

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц му вети на Зеленски засилен притисок врз Москва и проширена одбранбена соработка

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Изгласан Ребалансот на буџетот, опозицијата смета дека скроен како предизборен поткуп; Време е за соочување со реалноста, вели фон дер Лајен; Масовен глад се шири низ Газа

July 23, 2025 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ 

Собранието го донесе Ребалансот на буџетот, опозицијата смета дека е скроен како предизборен поткуп за изборите 

Собранието со 65 гласа „за“ и 14 гласа „против“ го донесе Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2025 година. 

Во текот на расправата, власта и опозицијата со спротиставени мислења за овој стратешки економски документ. 

Ставот на владејачкото мнозинство е дека Дополнетиот ребаланс на Буџетот ќе обезбеди економски раст и дека се работи за буџет во кој има повеќе средства за пензионерите, за младите и за реализација на големи капитални проекти во општините. Истакнаа дека се реализирани сите крупни ветувања и посочија дека се зголемени пензиите, платите во образованието, здравството, полицијата и администрацијата, дека има најдобар реализиран откуп на земјоделски производи и завршени инфраструктурни проекти. 

Опозицијата со забелешка за неприсуството на министерката за финансии во попладневниот дел од расправата што според нив укажува на несериозноста на Владата кон овој стратешки документ. За опозицијата, Дополнетиот ребаланс на Буџетот е буџет кој се фокусира на краткорочни мерки, во кој не се испочитувани основните фискални правила и кој е скроен за поткуп на изборите во октомври. 

Според Фатмир Битиќи од СДСМ, ребалансот не е развоен и не е социјално одговорен, туку е буџет за селективна поддршка со краткорочни политички пресметки, скроен како предизборен поткуп за изборите во октомври. 

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ 

Фон дер Лајен: Светот се промени засекогаш — време е да се соочиме со реалноста 

„Почетната точка тука е да се соочиме со светот каков што навистина е – а не каков што можеби го паметиме од минатите генерации. Јас сум на став дека периодот во кој се наоѓаме сега – и начинот на кој се справуваме со него – ќе го дефинира остатокот од овој век.“, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на Универзитетот Кејо во Токио, каде што ѝ беше доделена почесна докторска титула. 

РЕГИОН 

Република Српска сега ангажира човек на Трамп за лобирање со нов договор вреден 10.000 долари месечно 

Според новиот договор за консултации меѓу двете американски компании, кој беше склучен на 1 јули 2025 година, „MO Strategies, Inc.“ ќе помага во претставувањето на Владата на САД за прашања идентификувани од властите на Република Српска. 

СВЕТ 

Низ Газа се шири масовен глад, предупредуваат хуманитарните агенции 

Над 100 хуманитарни организации предупредија денеска дека „масовен глад“ се шири во Газа.  

ОН соопштија дека израелските сили убиле повеќе од 1.000 Палестинци кои се обидувале да добијат помош во храна откако Хуманитарната фондација за Газа, поддржана од САД и Израел, започна со работа кон крајот на мај – со што всушност го маргинализираше постојниот систем предводен од ОН. 

Во соопштението со 111 потписници, вклучувајќи ги Лекари без граници (MSF), Спасете ги децата и Оксфам, се предупредува дека „нашите колеги и оние на кои им служиме се исцрпуваат“, пишува Гардијан. 

Групите повикаа на итно договорено прекин на огнот, отворање на сите копнени премини и слободен проток на помош преку механизмите предводени од ОН. 

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ 

На кој начин катастрофалниот јавен превоз ви го упропастува денот?

 АЛ-ПРЕС 

Редакциски избор од албански медиуми во регионот: Тирана се приклучува на глобалниот бран протести за Газа, Тунберг една од организаторите; Уште три дена рок од уставниот суд за конституирање на Косовското собрание; Кули во центарот на Тирана со цени на квадратен метар како во Милано

Подготви: Д. Тахири

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

    Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    154 shares
    Share 62 Tweet 39
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ