ВЕСТ НА ДЕНОТ
Лидерите на Западен Балкан ја усвоија Заедничката изјава за развој на државите по европски стандарди
Во Скопје денеска се одржа состанокот на лидерите од Западен Балкан, посветен на Планот за раст усвоен од Европската Комисија, чиј домаќин беше Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски.
На состанокот присуствуваа српскиот претседател Александар Вучиќ, премиерите на Албанија Еди Рама, на Црна Гора, Милојко Спаиќ, на Косово, Албин Курти, актуелниот министер за финансии и трезор во Советот на министри на Босна и Херцеговина, Срѓан Амиџич, како и Герт Јан Копман, генерален директор за соседство и преговори за проширување во Европската комисија и Џејмс О’Брајaн, помошник државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД.
Во фокусот на лидерскиот состанок беа четирите основни столба на кој ќе се базира Планот за раст се подобрување на економската интеграција на земјите од регионот со единствениот пазар на ЕУ, зајакнување на економската интеграција на државите од регионот во заеднички регионален пазар, забрзување на фундаменталните реформи и зголемување на финансиската помош за поддршка на реформите преку Фондот за реформи и раст за Западниот Балкан, како нов инструмент во вредност од 6 милијарди евра неповратна поддршка за спроведување на основните и социо-економските реформи.
На состанокот беше усвоена Заедничка изјава, со којашто лидерите од Западен Балкан, се обврзаа на развој на држави по европски стандарди. Во Заедничката изјава е нагласеноогромното значење на соработката меѓу сите во регионот, како стратешки сојуз на државите од Западен Балкан.
ИЗЈАВИ НА ДЕНОТ
Копман: Планот за раст нуди значителни придобивки, може да го забрза процесот на пристапување кон ЕУ
Рама: Планот за раст на Западен Балкан е голем тест на зрелоста што треба да го поминеме
Грлиќ Радман: Западен Балкан треба да остане во центарот на вниманието на ЕУ
Колозова за ЦИВИЛ МЕДИА: Природно е СДСМ да го бара сојузникот кај вистински левичари
ИНТЕРВЈУ
Едвард Џозеф за ЦИВИЛ МЕДИА: Балканските лидери имаат можност за искрени дискусии за критичните прашања кои го прават регионот нестабилен и ранлив на руската субверзија
Свое видување за најновите политичките случувања во Северна Македонија во пресрет на лидерската средба на Западен Балкан и претстојните избори во земјава, во ексклузивна изјава за ЦИВИЛ МЕДИА, даде Едвард П. Џозеф од Институтот Џонс Хопкинс SAIS (Школа за напредни меѓународни студии).
ВОЈНА ВО УКРАИНА
По повод 22 јануари, Денот на соборноста на Украина, украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир, на 698от ден од руската агресија врз Украина, објави твит за одбележување на 105 години од денот на прогласувањето на Актот за Обединување на Украинската Народна Република и Западноукраинската Народна Република (22 јануари 1919 година). Нашето единство е нашето оружје!
Кратко објаснување за сложените теми во Украина: Ден на единството, напади на цели на руска територија, провокација во Донецк
ФЛЕШ ВЕСТИ
СКОПЈЕ БЕЗ ГРАДСКИ ПРЕВОЗ Советот на Град Скопје денеска не ја донесе одлуката за давање субвенции на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје за 2024 година. За изгласување на одлуката не беа доволни 22. гласа „за“ од присутните советници, триенаесет беа воздражани, а ниту еден против.
НОВ ДИРЕКТОР НА МКЦ Музичарот Бени Шаќири е назначен за нов директор на Младинскиот културен центар (МКЦ). Од МКЦ велат дека Бени Шаќири е назначен за директор уште на 10 јануари, но Градот го криел решението на Бени Шаќири. Тој дури сега доаѓа на работа, останатите двајца кандидати имаат осум дена рок на жалба, со ова им се ускратува правото на жалба, велат од МКЦ.
АЛ-ПРЕС
Редакциски избор од албанските медиуми во регионот
– Коха нет- Курти од Скопје: Планот за раст и заедничкиот пазар на Берлинскиот процес го забрзуваат членството на регионот во ЕУ
– Епока е Ре: Српскиот адвокат повторно е малтретиран, сега на белградскиот аеродром
– Зери: Поранешната министерка за надворешни работи го објави моментот кога членовите на ЦИК гласаа за доделување 360 илјади евра за Српската листа
– Епока е Ре: Баша предлага Албанија да додели 50 милиони евра на Косово за воена опрема
– Панорама: Албконтрол за две години не инкасирал околу 60 милиони евра поради блокирањето на сметките од страна на Бекет
– КОЛУМНА – Евхаристија, визуелизација и протес
СЛОБОДНА ЗОНА
„Има многу причини СДСМ и ДУИ по мај годинава да не бидат власт, но има уште повеќе причини таму да не се устоличи ВМРО-ДПМНЕ па, кажано во оваа една реченица, еве само неколку факти кои водат во таа насока и кои упатуваат дека од, нели, преголема љубов за татковината, со разно разни штабски популистички дребулии партијата ја вкотвуваше државата поради што Македонија си го губеше своето скапоцено интегративно и развојно време…“, пишува Зоран Иванов во колумната „До, нели, новите околности кои на нацијата ќе ѝ ја вратат античката гордост“.
Подготви: Д. Тахири