• Latest

Ден на Соборноста на Украина

January 22, 2024
Запорижја, Украина, 29 јуни 2026 (фото: ДСНС)

Русија со нов масовен напад врз Украина: загинати цивили во Днипро и Запорижја, Кијив бара засилена заштита на украинското небо

June 29, 2026

Мицкоски бара внимание

June 29, 2026
(архивска снимка) Максим Димитриевски на конференција на ЦИВИЛ

Политички дуел меѓу СДСМ и ЗНАМ: Кој е сателит на власта, а кој е во „политички стечај“?

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го обвинува лидерот на СДСМ за молк по објавувањето на дипломатска нота од Бугарија

June 29, 2026

Не се „назадни“ жените што бараат пристап, назадни се исмевањето и омразата

June 28, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Вистини

June 28, 2026

Четири часа без мажи и цела држава во паника

June 28, 2026

30 років Конституції України: від Основного Закону до захисту демократичних цінностей

June 28, 2026

30 години од Уставот на Украина: од Основниот закон до заштитата на демократските вредности

June 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Ден на Соборноста на Украина

January 22, 2024 11:44
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

По повод 22 јануари, Денот на соборноста на Украина, украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир, на 698от ден од руската агресија врз Украина, објави твит за одбележување на 105 години од денот на прогласувањето на Актот за Обединување на Украинската Народна Република и Западноукраинската Народна Република (22 јануари 1919 година). Нашето единство е нашето оружје!

698. 105 години од денот на прогласувањето на Актот за Обединување на Украинската Народна Република и Западноукраинската Народна Република (22 јануари 1919 година).
Нашето единство е нашето оружје!#StandWithUkraine pic.twitter.com/dzjv70OgyQ

— Larysa Dir (@dir_larysa) January 22, 2024

Украинската амбасада во Северна Македонија објави статија во која нагласува дека секоја година, на 22 јануари, Украина одбележува два подеднакво важни настани во украинската историја: прогласувањето на независноста на Украинската Народна Република, што се одржа во 1918 година, и прогласувањето на Актот за обединување на украинските земји, што се одржа во 1919 година.

Прогласувањето на Соборноста (Актот за обединување) на 22 јануари 1919 година, кога Украинската Народна Република и Западноукраинската Народна Република се обединија во соборна држава, ја покажа желбата на Украинците за единство, со оглед на тоа дека тие беа поделени со границите на империите од тоа време. Овој настан, вклучително, целосно ја уништува изјавата на руската пропаганда дека наводно „украинските земји првпат биле обединети од Сталин во 1939 година“.

Актот за обединување, кој беше прогласен пред 105 години на Софијскиот мајдан во Кијив, стана епохален историски настан, кога украинските земји беа обединети во една држава, всушност, тој стана фундаментална пресвртница на украинската државност, соборните стремежи на Украинците од двата дела на Украина – Надднипрјаншина и Надднистрјаншина – барем од средината на 19 век.

Соборност значи, прво, обединување во една држава на сите земји што ги населува украинската нација на целосната територија, и второ, духовна консолидација на сите граѓани на државата, што ја означи нивната обединетост. Соборноста е неодделива од суверенитетот и вистинската независност на народот, темел за градење на демократска држава, кој е клучот за опстанокот и постоењето на нацијата.

Денес Украина ја продолжува својата борба за независност и соборност. Територијалниот интегритет на Украина ќе биде целосно обновен откако ќе бидат ослободени сите привремено окупирани територии заземени од државата-терорист рф.

Соборноста предвидува не само паметење на заедничкото минато, туку бара и обединета соработка за доброто на иднината, како на бојното поле, така и во задниот дел. Сега Украинците, од различни региони на Украина, заедно се борат против руските окупатори, бранејќи го животот и правото на постоење.

Во текот на многу децении, Актот за обединување остана симбол на верата, идеолошки императив на борбата за независна, соборна Украина.

Еден од историските настани-манифестации на украинското единство се случи на 21 јануари 1990 година – една од најголемите масовни акции во Централна и Источна Европа – симболичниот синџир на обединувањето „Украински бран“ од Кијив до Лвив на милиони луѓе (“живиот синџир“ се протегаше на речиси 700 км.), како симбол на единството на источните и западните земји и знак на одбележување на прогласувањето на Актот на обединувањето.

Идејата за соборност беше и останува основна национална вредност на Украинците.

Слава на Украина! На Хероите Слава!

Драган Мишев

Tags: Ден на Соборноста на Украинаукраинска амбасадорка Лариса Дир
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ