• Latest
Фото: Д. Мишев / ЦивилМедиа

(ЕКСКЛУЗИВНО) Едвард Џозеф за ЦИВИЛ МЕДИА: Балканските лидери имаат можност за искрени дискусии за критичните прашања кои го прават регионот нестабилен и ранлив на руската субверзија

January 22, 2024
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

(ЕКСКЛУЗИВНО) Едвард Џозеф за ЦИВИЛ МЕДИА: Балканските лидери имаат можност за искрени дискусии за критичните прашања кои го прават регионот нестабилен и ранлив на руската субверзија

January 22, 2024 14:20
in АНАЛИЗИ, ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Фото: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Фото: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

Свое видување за најновите политичките случувања во Северна Македонија во пресрет на лидерската средба на Западен Балкан и претстојните избори во земјава, во ексклузивна изјава за ЦИВИЛ МЕДИА, даде Едвард П. Џозеф од Институтот Џонс Хопкинс SAIS (Школа за напредни меѓународни студии).

Едвард П. Џозеф, кој извонредно добро ги познава состојбите на политичката карта во земјава и регионот, се осврна на неколку клучни прашања, како и за политичките средби на различни нивоа. Toj, во ексклузивната изјава за ЦИВИЛ МЕДИА, за доаѓањето на Џемс О’Брајан во Скопје вели:

Присуството на американскиот помошник секретар О’Брајан е доста вредно, што им дава можност на балканските лидери да имаат искрени дискусии за критичните прашања кои сè уште го оставаат регионот нестабилен и ранлив на руската субверзија. НАТО, исто така, има витална улога во запирање на руската субверзија и нестабилност во регионот – не само САД и ЕУ, истакна Џозеф.

Според Џозеф, не треба да изненадува тоа што политичката динамика и маневрирање се интензивираат, особено затоа што Северна Македонија влегува во важен изборен циклус.

„Гледаме високи функционери на СДСМ и ДУИ како се советуваат и се претпоставува дека работат на изборни пристапи и стратегии,“ вели Џозеф.

Тој смета дека, од една страна, ова е всушност нормална, па дури и позитивна карактеристика.

„Замислете во Косово, водечките партии на косовските Срби да се координираат со нивните колеги од косовските Албанци, како дел од нормалната внатредржавна политика. Тоа би бил голем напредок во Косово,“ истакна Џозеф.

За разлика од Косово, постои јасна политичка опозиција низ етнонационалниот спектар. Значи, има партии што ги претставуваат етничките Албанци кои се во силна опозиција на ДУИ, како што има силни противници и на СДСМ.

„Сосема добро сум запознаен со прашањата што ги мотивираат овие опозициски партии, откако ги слушнав нивните позиции од прва рака,“ вели тој.

Според него, потенцијалната улога на „Самоопределување“ на изборите во Северна Македонија е нова карактеристика.

Ми кажаа дека партијата нема да учествува на изборите, иако „Самоопределување“ има претставници во Северна Македонија кои разговараат со косовскиот премиер Курти. Оваа перспектива е она што, без сомнение, ја мотивираше средбата со претставниците на Ветвендосје, повторно да се ангажираат за потенцијалната стратегија и усогласеност (или неврзаност) на македонските избори. Динамиката овде е исто така очигледна за мене, со оглед на јасната поделеност во опозиција на ДУИ, како и потенцијалното влијание врз претседателскиот натпревар,“ нагласува Џозеф.

Според него, потенцијалната улога на „Самоопределување“ на изборите во Северна Македонија е нова карактеристика.

Генерално не е здраво политичките партии со седиште во една земја да навлегуваат во политиката на соседот. Посетата и говорот на премиерот Курти во Тетово и Скопје во август минатата година создаде непотребна тензија со Северна Македонија која, за разлика од Србија, е пријателски сосед. Ова беше  различно од посетата на косовската претседателка Османи на Северна Македонија, која не создаде таква контроверзност, нагласува Џозеф.

Понатаму, во однос на самитот на лидерите на Западен Балкан во Скопје, Џозеф вели дека, како што беше објавено досега, „Западен Балкан се среќава со ЕУ“, се чини дека се фокусираше на економските односи, со оглед на присуството на одредени личности кои не се претставници на ЕУ, САД или балканските земји.

„Задоволство ми е што го гледам акцентот (како што беше објавено досега) на Планот за економски раст на ЕУ – наспроти Отворен Балкан. Од друга страна, вклучувањето на претседателот Вучиќ – кој допрва треба целосно да одговори за тешко вооружената српска милиција која премина во Косово што предизвика насилна конфронтација со косовската полиција на 24 септември – покренува прашања,“ нагласува Џозеф во изјавата за ЦИВИЛ МЕДИА.

„Ќе ме интересира да слушнам што изјави албанскиот премиер Рама за Планот за раст на ЕУ и Берлинскиот процес – наспроти Отворен Балкан, прашува Џозеф и додава: Како што напишав, изградбата на Заеднички регионален пазар надвор од парадигмата и вредностите на ЕУ, како што е случајот со Отворен Балкан, е опасно. Не е изненадувачки што трите земји кои се плашат од „српскиот свет“ – Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора – во голема мера го отфрлаат пристапот „Отворен Балкан“ во центарот на Белград,“ вели Џозеф.

Самитот „Западен Балкан и ЕУ“ и лидерската средба за планот за раст за Западен Балкан се одржуваат на 21 јануари во Скопје. Домаќин на средбата ќе биде македонскиот премиер Димитар Ковачевски, а на неа ќе присуствуваат српскиот претседател Александар Вучиќ, премиерите на Албанија Еди Рама, на Црна Гора, Милојко Спаиќ, на Косово, Албин Курти, актуелниот министер за финансии и трезор во Советот на министри на Босна и Херцеговина, Срѓан Амиџиќ, како и Герт Јан Копман, генерален директор за соседство и преговори за проширување во Европската комисија, и Џејмс О’Брајaн, помошник државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД.

Драган Мишев

Tags: Едвард ЏозефЕУЗападен Балканинтервју
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ