• Latest

24 ЧАСА: Милиони евра за нови службени возила мора(ло) да има; Запален автомобилот на главниот критичар на Додиќ; Премиерот на Гренланд со остра порака до Трамп – „доста е, доста“

March 14, 2025
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

24 ЧАСА: Милиони евра за нови службени возила мора(ло) да има; Запален автомобилот на главниот критичар на Додиќ; Премиерот на Гренланд со остра порака до Трамп – „доста е, доста“

March 14, 2025 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

За две години државните институции набавиле нови возила во вредност од 8,5 милиони евра

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) објави истражување за набавките на патнички возила на државните институции во 2023 и 2024 година и отворената база на податоци на договорите за јавните набавки на возилата. Истражувањето открива дека само за две години, 2023 и 2024, државните институции набавиле нови патнички возила за 8,5 милиони евра, дел купени, а дел земени на лизинг.

„Меѓу нив се и 45 владини возила, секое по 50 илјади евра, земени на лизинг за сегашните функционери, но и за поранешните премиери и претседатели. Најскапо набавено возило од 55 илјади евра е на Општина Шуто Оризари, додека Општина Прилеп набавила па го раскинала договорот за возило од 63 илјади евра. Просечната вредност на сите набавени возила во последните две години е 31.760 евра. Омилен бренд на функционерите им е Шкода, од која е набавено секое трето возило. Најмногу возила, 82, набавиле Електрани на Северна Македонија. На дури 70% од тендерите за набавка на возилата имало само по една понуда. Најголема вкупна вредност на склучени договори имаат фирмите Порше лизинг и Аутомотив груп, секоја по околу 2,8 милиони евра за две години“, наведено е во соопштението на ЦГК.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Премиерот на Гренланд, Муте Егеде остро му возврати на американскиот претседател Доналд Трамп критикувајќи го неговиот повторувачки предлог дека САД може да го анектира Гренланд.

„Сега американскиот претседател уште еднаш се осмели да нè припои. Не можам да го прифатам тоа во никој случај. Го почитувам изборниот резултат, но бидејќи верувам дека имам обврска како функција. Претседател на САД – Затоа побарав од бирократијата да ги повика претседателите на партиите што е можно поскоро. Затоа што овој пат треба да го заостриме нашето отфрлање на Трамп. Не продолжувајте да се однесувате со нас со непочитување. Доста е, доста”, напиша Егеде во објава на Фејсбук на 13 март.

РЕГИОН

Запален автомобилот на главниот опозиционер и критичар на власта на Република Српска

На претставник во парламентот на РС, Небојша Вукановиќ, кој е познат како најостриот критичар на режимот на Милорад Додик, во петокот вечерта му беше запален автомобилот пред неговата семејна куќа во Требиње, што го смета за одмазда за неговите политички активности. Вукановиќ денеска на Фејсбук објави снимка од надзорна камера на која се гледа како маж со визир се приближува кон автомобил и истура течност врз него, по што автомобилот се запалил, јавува Index.hr., пренесе ЦИВИЛ Медиа.

СВЕТ

Здружението за загрозени народи од Германија апелира до ЕУ и НАТО да го спречат избувнувањето на нова војна во БиХ

Здружението за загрозени народи, невладина организација со седиште во Германија, која се залага за човекови права во светот, апелираше до земјите-членки на ЕУ, НАТО алијансата и Советот за имплементација на мирот во Босна и Херцеговина (ССМ), повикувајќи ги „да го спречат избувнувањето на нова војна во Босна и Херцеговина“, јавуваат српските медиуми, пренесе ЦИВИЛ Медиа.

АЛ-ПРЕС

(ИЗБОР) Албански медиуми: Пуштен во сообраќај тунелот „Муриз“ како дел од „Руга е Арбрит“; Шпионажата е сериозна закана за безбедноста на Косово; Влада, или нови избори?

Во Албанија, денеска свечено се пушта во сообраќај тунелот „Муриз“, проект кој во земјата се оценува како најважното дело на „Руга е Арбрит“, а значајно ќе ги приближи граѓаните од цела Албанија, вклучително и Дебар во Северна Македонија, јавуваат тамошните медиуми.

Шпионажата е сериозна закана за безбедноста на Косово, а последните апсења само ја истакнуваат континуираната опасност, велат експертите. Според нив, оваа активност не само што ја дестабилизира земјата внатрешно, туку и штети на нејзината меѓународна позиција. Институциите, пак, главно молчат за големината на проблемот, анализираат косовските медиуми.

ФОРУМ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што прави власта за заштита од загадувањето?

СЛОБОДНА ЗОНА

„Светот мора да се сеќава на воените злосторства на Русија и да ја поддржи кампањата за враќање на украдените украински деца.

Враќањето на секое дете е чекор кон правда, безбедност и победа на Украина“, пишува украинската амбасадорка Лариса Дир во колумната „За потребата од помош за враќање на украдените украински деца од Русија“.

Д. Муратов

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ