• Latest

За потребата од помош за враќање на украдените украински деца од Русија

March 13, 2025
Марш за слобода, Приштина, 12 септември 2026 (фото: LIRIA KA EMËR)

Двојна стапица: Зошто било каква одлука од Хаг ќе послужи како политичко оружје

September 14, 2026
Европска централна банка (фото: Wikipedia)

Каматите не ги диктира само Франкфурт: Колку е точна приказната дека кредитите мора да поскапат?

September 14, 2026
Џабир Дерала (фото: Рилинд Сулејмани)

Војна на бројките – власта брои успеси, опозицијата брои лаги, земјата тоне

September 14, 2026

Теророт на рускиот агресор врз Украина: За една недела 2.100 дронови, 1.700 наведувани бомби и 78 ракети

September 13, 2026

Со кое право барате отчет?

September 13, 2026

Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

September 13, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Комуњарски-вмровци

September 13, 2026

Да не ги увезуваме и туѓите стравови

September 13, 2026
Марш за слобода, Приштина, 12 септември 2026

Десетици илјади на „Маршот за слобода“ во Приштина – собир што ги надмина партиските поделби

September 12, 2026

Бурни 12 дена во светот на вештачката интелигенција: Нова генерација модели и глобални предизвици

September 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА

За потребата од помош за враќање на украдените украински деца од Русија

March 13, 2025 18:54
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА, СВЕТ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Амб. ЛАРИСА ДИР
Вонредна и Ополномоштена Амбасадорка на Украина во Република Северна Македонија

Еден од клучните елементи за стабилен мир е враќањето на украинските деца, кои насилно беа депортирани во Русија.

кремљскиот режим продолжува со злосторничката пракса на принудно преселување и депортација на украински деца и на секој можен начин го попречува нивното враќање и повторното обединување со нивните семејства во Украина.

Како што е познато, на 17 март 2023 година, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на претседателот на Русија, В. Путин, и на руската омбудсманка, М. Љвова-Белова, заради незаконска депортација и присилно преселување на украински деца. Ова е меѓународно признание за злосторствата извршени од Русија, кои не смеат да останат неказнети.

Враќањето на украинските деца не е само хуманитарно прашање, туку и прашање на безбедност и правда за Украина. Без враќањето на украдените деца, не може да има праведен мир.

Иницијативата Bring Kids Back UA – пат кон враќање на украдените украински деца.

Bring Kids Back UA е национална иницијатива, покрената од Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, која ги обединува напорите на владите, меѓународните организации и граѓанското општество за враќање на децата кои беа киднапирани од Русија.

Заклучно со 25 февруари 2025 година, во Меѓународната коалиција за враќање на депортираните деца членуваат 41 земја:

Албанија, Аргентина, Австралија, Австрија, Белгија, Бугарија, Канада (копретседавач), Чиле, Костарика, Советот на Европа, Чешка, Хрватска, Данска, Естонија, Финска, Франција, Грузија, Германија, Грција, Исланд, Ирска, Италија, Јапонија, Латвија, Лихтенштајн, Литванија, Луксембург, Малта, Молдавија, Црна Гора, Холандија, Северна Македонија, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Словенија, Шпанија, Шведска, Украина (копретседавач), Обединетото Кралство и Соединетите Американски Држави.

Bring Kids Back UA е фокусирана на следниве клучни области:

  1. Барање на исчезнатите деца – идентификација и документирање на случаите на депортација на украински деца, особено на териториите под привремена окупација.
  2. Водење регистар на депортираните деца – Украина развива систем за собирање и проверка на податоци за киднапираните деца, кој ќе биде интегриран со базите на податоци на други држави и меѓународни организации.
  3. Враќање на децата во Украина – процесот на враќање на децата се одвива преку посредство на трети земји и соработка со меѓународни организации. Како посредници во преговорите за враќање на децата учествуваат земји како Катар, Ватикан и Саудиска Арабија.
    Заклучно со 7 март 2025 година, успешно се вратени 236 деца, кои беа депортирани или изложени на ризик од присилно преселување.
  4. Реинтеграција и рехабилитација на децата – ниту едно вратено дете не се сместува во институционални домови – тие веднаш се обединуваат со своите семејства или се згрижуваат во хранителски семејства.
    Украина обезбедува долгорочна поддршка за децата, вклучувајќи пристап до образование, психолошка помош и социјална адаптација.
  5. Правда – злосторствата на Русија врз украинските деца се документираат и се предаваат на Меѓународниот кривичен суд за да се обезбеди казнување на одговорните.

Светот мора да се сеќава на воените злосторства на Русија и да ја поддржи кампањата за враќање на украдените украински деца.

Враќањето на секое дете е чекор кон правда, безбедност и победа на Украина.


Ексклузивно за ЦивилМедиа

Фото извор: Амбасада на Украина во Република Северна Македонија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ