ВЕСТ НА ДЕНОТ
Мицкоски: Огромни профити на грбот на граѓаните е неприфатливо и нема да биде толерирано
Поединечни трговци и трговски ланци се однесуваат неодговорно заработувајќи преку енормни цени на производи кои ги плаќаат граѓаните. Ова меѓу другото го разбирам и како напад врз сопствената држава, граѓаните и заедничкиот интегритет.
Растот на цените ја нагласува потребата за одлучна, одговорна и транспарентна акција. Како Влада, остануваме целосно посветени на борбата против неправедните трговски практики и злоупотребите кои директно влијаат на животниот стандард, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски во објава на Фејсбук.
Тој ова го објави по средбата, која денеска ја остварил со Комисијата за заштита на конкуренцијата, министерот за економија, заменик министерот за економија и директорот на пазарната инспекција, на која, како што посочи наложил засилени контроли и итна реакција на терен.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
„Не може во министерство да се прима еден човек кој е во црната листа на Соединетите Држави и да се каже „Тој е мој личен став и тоа е лична желба“. Македонија е мултиетничка и во позицијата која ја носи дотичниот министер, треба да биде свесен дека треба да ги претстави сите заедници во Македонија, Македонците, Албанците, Турците, Ромите, сигурно и Србите. Затоа се надевам дека ова ќе биде последна изјава и последни јавно изнесени ставови на министерот во оваа насока за тоа што значи тој треба да биде свесен и чувствителен за мултиетничиот карактер на Македонија“, рече Касами денес во Тетово.
*
Како што вели претседателот Зеленски, тој учтиво вели дека светот ќе оди напред. Всушност, верувам дека светот тргна напред. Мислам, притисоците се такви што всушност се приближуваме до точка на вистинска нерелевантност. Не можеме да се одбраниме, пред сè, од руската агресија, потоа од економската агресија на Кина, а потоа да бидеме сериозен партнер со САД, вели поранешниот литвански шеф на дипломатијата.
РЕГИОН
Во Косово откриена лабораторија за фалсификување документи, запленети исправи од над 50 земји
Документите биле пронајдени во импровизирана лабораторија за која се верувало дека биле користени за производство на фалсификувани документи. Истовремено, едно лице е уапсено и одредена му е мерка притвор од еден месец, соопшти косовската полиција.
СВЕТ
(ВИДЕО) Напад со дронови ја запали рафинеријата Лукоил во руската област Нижни Новгород
Во раните утрински часови во средата, 29 јануари, напад со дрон беше насочена кон рафинеријата Лукоил-Нижегороднефтеоргсинтез во областа Кстово во руската област Нижни Новгород. Според извештаите на руската служба на Би-Би-Си, цитирана од Укринформ, нападот предизвикал пожар во објектот.
ФОРУМ
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Како ќе изгледа светот со Доналд Трамп?
СЛОБОДНА ЗОНА
„Ќе ги поведе ли некој студентите, да станат во одбрана на своите права, но и на својата иднина, како што тоа го прават нивните колешки и колеги во соседна Србија, кога тоа веќе не може (или несака) да го направи Студентски сојуз на УМС, пардон УКИМ, кој не крена глас ниту за подобрување на студентскиот стандард, а не успеа ниту да издејствува зголемување на сумата за студентски оброк во услови на галопирачки раст на цените?“, пишува Драган Мишев во колумната „Студентите се будат“?
*
„Што барал Филипче на таа великосрпска журка.
Мицкоски го разбирам: неговата ширина и отвореност кон сите срања против нормалноста и Македонија е епохална.
Се распаѓаме, другари, односно не распаѓаат.
Разни стоиљковиќи како вршители на работите.
Министри, јебо те бог, да те јебо!
Не сме ни држава од лего коцки.
Со вмро сме негација на себе“, пишува Бранко Тричковски во колумната „Држава од лего коцки“.
Д. Муратов