• Latest

24 ЧАСА: Онкологија под лупа на надлежните институции; да се прекине културата на неказнивост; протести пред Влада и МЗ

September 4, 2023

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Онкологија под лупа на надлежните институции; да се прекине културата на неказнивост; протести пред Влада и МЗ

September 4, 2023 17:00
in ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Онкологија под лупа на надлежните институции

Скандалот со злоупотребата на лековите на клиниката за Онкологија веќе неколку дена ја бранува јавноста. Министерството за здравство, МВР, Јавното обвинителство и други надлежни институции денеска се изјаснија по случајов, во форма на соопштенија или прес конференции.

Министерот за здравство Фатмир Меџити и в.д. директорите на клиниката в.д. директорите на Клиниката за онкологија д-р Виолета Клисаровска и Халид Матоши, денеска на прес конференција рече дека тие имаат увид во она што се случувало на Клиниката за онкологија, дека се што е побарано од нив од МВР и од обвинителството им е дадено, но за тоа кој е одговорен за криминалот таму одговори треба да даде обвинителството. Тие потенцираат дека потенцираа дека во овие шест месеци терапијата за пациентите е безбедна и сигурна и дека нема манипулации со терапијата.

Меџити и Клисаровска побараа да не се ставаат сите доктори во ист кош и ги уверуваа пациентите дека сега нема проблеми со терапијата, и замолија да нема шпекулации за дополнително да не се вознемируваат пациентите.

Од Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи информираат дека  врз основа на своите законски надлежности, интензивно се преземаат дејствија за испитување на наводите за евентуално сторени кривични дела поврзани со третманот на пациенти и работата на Клиниката за онкологија, и во тој контекст информираат дека веќе се издадени соодветните наредби за анализа на одземените компјутери и компјутерски податоци при претресите, како и дека истражните органи вршат распити на сите лица кои имаат сознанија за противправни дејствија.

„Секој еден кој бил инволвиран, без разлика на позиција, ќе одговара. Посебен тим од Крим полиција работи во координација со Основното јавно обвинителство, направен е целосен план во однос на постапување и интензивно се работи на прибирање на информации“, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за случајот со Клиниката за онкологија.

Граѓани ќе протестираат во Скопје поради случајот со Клиниката за онкологија. Како што е соопштено, протестот ќе почне од 18 часот пред Влада, а потоа ќе продолжи пред Министерството за здравство.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Пендаровски: Крајно време е системот да потврди дека сме способни да ја прекинеме културата на неказнивост

„Во насока на целосно расчистување на оваа огромна афера, ги поздравувам досега преземените дејства од страна на Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи. Во исто време повикувам на брзо и ефикасно комплетирање на истрагата и на судско-обвинителско процесуирање без селективност и соодветна казна за сите за кои ќе биде докажано дека сториле тешки дела против здравјето на луѓето. Потполно го разбирам гневот на граѓаните кои повикуваат на мирни протести, барајќи одговорност од оние кои заработувале на маките на најтешко болните наши граѓани. Крајно време е системот да потврди дека сме способни во пракса, а не само со зборови да се справуваме со тешките облици на организиран криминал и корупција и конечно да ја прекинеме културата на неказнивост за сериозни прекршувања на законите“ изјави претседателот Пендаровски.

ФЛЕШ ВЕСТИ

УСТАВНИ ИЗМЕНИ Власта уверува дека ќе се постигне бројката од 80 пратеници за уставните измени, опозицијата, пак, опстојува на ставот против промена на Уставот.

СОРАБОТКА Државната изборна комисија (ДИК) денеска склучи Меморандум за соработка со Здружението за европска социјална инклузија ЕСИ НЕЛИС од Скопје.

ПРОТЕСТИ Пензионерите се организираат да дојдат на 20-ти септември во Скопје и да направат масовен протест доколку не се прифати нивното барање за линеарно зголемување на пензиите по 3.500 денари , место процентуално, согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган денеска во Сочи ќе разговара со својот руски колега Владимир Путин за одржливоста на Црноморскиот договор за жито под новите услови на ОН.

*

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека одлучил да го разреши министерот за одбрана Олексеј Резников и да побара од парламентот да го замени оваа недела со Рустем Умеров, шеф на најважниот украински приватизациски фонд. Најавата за разрешување што Зеленски во своето ноќно видео обраќање до нацијата може да го потресе украинскиот одбранбен естаблишмент, најсериозно од почетокот на руската инвазија.

АЛ-ПРЕС

Септември годинава почна жестоко и со новости на политички план во Албанија, каде што некои ќе имаат среќа, а други ќе бидат под стрес од  „рулетот“ на СПАК, пишуваат албанските медиуми на почетокот на новата политичка сезона, а косовските аналитичари фрлаат сомнеж во насока на мерките на ЕУ кон Косово, за кои велат дека може да бидат услов за формирање на Заедницата, и други теми во денешниот редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Бугарскиот диктат“, „плановите“ на Европа и светот да го скршат „стоицизмот“ на Мицкоски се дел од вокабуларот со кој ВМРО се обидува да го оправда ставот против уставните измени, а со тоа и нивниот став против отстранувањето на пречките во патувањето на државата кон полноправно членство во ЕУ – Дестан Јонузи во колумната „Скопски „диктат“!“.

„Веројатно веќе заклучивте дека пријателот е вмровец. Да, вмровец е и тоа тежок вмровец. Ама ова „тежок“ сфатете го во позитивна смисла. Разумен човек, кој на црното кажува црно и на белото бело. Безброј пати ги пцуел „неговите“ кога мислел дека не се во право.“, пишува авторот Војо Маневски во колумната „Ореволадни муабети“.

БРЗА ПОШТА

„Очекувам ОЈО, во најбрз можен рок да ги открие, и најстрого да ги казни сторителите на ова монструозно недело, за во иднина ваквите и слични човечки трагедии да не се злоупотребуваат за деструктивна пропаганда и дезинформации за ситни политички поени од страна на опозициските партии.“, брза пошта „Неутралните чкорчиња на опозицијата за потпалување“, од Драган Мишев.

МРЕЖА

“Дали само Македонецот боледува од рак? И дали знаете дека превалентноста на ракот кај Албанците (поради понизок квалитет на живот, понизок степен на свесност за здрава нутриција, и редовни превентивни здравствени прегледи) е повисока во споредба со Македонците? Сакам да кажам дека ако се украл лекот од пациенти од Македонија, меѓу тие пациенти на кои им е одземено правото на живот, голем процент се токму Албанци. Конечно, треба здружен пристап против криминалот а не да се мери кој етникум е помалку/повеќе криминализиран.“, дел од Фејсбук статус од Агим Селами- ЗИП институтот.

БЕЗ ФИЛТЕР

„Оценката дека дваесет години во Онкологија немало справување со проблемите – не е точна. Здравството во целост – откако знам за себе – е морбиден простор за предвремена смрт на едни и богатење на други. Уште од времето на социјализмот па наваму, речиси сите семејни трагедии ми се поврзани со тие злокобни болнички ходници.“, пишува Џабир Дерала во колумната „Политикантска банда што профитира од лагите, а најмногу од тагата и гневот на обичните луѓе“.

Д. Тахири

 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ