• Latest
Војо Маневски

Ореволадни муабети

September 3, 2023

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Ореволадни муабети

September 3, 2023 11:49
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ

Утрово, додека во дворот, на раното но топло септемвриско сонце Рози и Луна ме развеселуваа со нивната кучешка игра, ми заѕвони телефонот. Ех што ти е технологија, наместо да се прашувам чиј е бројот кој рано во сабота ми се јавува, на екранот се истопори сликата на мој драг пријател со кој се немам слушнато некое време. Димитров би рекол несакан стрес што тешко се избегнува.

– Еј, кај си бе? – му се јавувам.

– Војо, што правиш, дома ли си? Знам дека малку е рано ама има нешто да ти кажам, за мене е многу важно, цела ноќ не сум спиел! Ставај кафето, доаѓам веднаш!  На вакви „команди“ не се одговара туку се пристапува кон извршување.

Додека ја преместив масичката со две столчиња под сенката на повеќедеценискиот орев и го ставив кафето, се мислев што е тоа толку важно. Колку што знам, пријателот нема големи здравствени проблеми, скраја да е, а баш и мене ли би ми се јавил?! Децата му се во странство, не бараат ништо… оф Боже, зошто секогаш помислуваме на лоши работи? И додека се обидувам да смислам нешто логично, еве го него во дворот.

– Ќе се смееш, вели, ама ако не го споделам ова со некој, мислам дека ќе пукнам. Вртев синоќа по каналите на телевизија и по порталите, што и да слушнам или прочитам – сѐ е некој диктат, избори, Бугари, Французи, ЕУ, ВМРО-СДСМ… Аман мајката, има ли крај ова, има ли некое решение? И под тие импресии, заспав, сонив сон, и во сонот – Мицковски!

Почнав да се смеам, ќе се расцепев од смеење… одамна некој ме нема така насмеано.

-Е да, ми вели, знам дека е смешно, ама јас се разбудив во сред ноќ и не можев да заспијам до сабајле. Затоа морав да ти јавам, ти да го запишеш сонот. Сонував РЕШЕНИЕ! Те молам, ти подобро ќе го запишеш.

Уште под нападот на смеа, а релаксиран што моите лоши мисли не се остварија, му велам:

– Ајде , збори!

И  извади некаква бела хартија испишана како да е оче наш и  свиткана на големина што може да се чува во џебот од кошулата и почна пријателот:

– Сонувам Мицко најавува прес конференција за сите медиуми и излегува пред микрофоните со напишан ферман пред себе. Од фацата му се гледа дека ќе кажува нешто сериозно.

Охо, се поднаместив, станува интересно, а тој продолжува да го „чита“ соопштението од Мицковски, ретко погледнувaше  во хартијата – текстот му беше запишан во мислите :

– Драги сопартијци, членови на ВМРО-ДПМНЕ, сограѓани, граѓани на Република Македонија! Во последните неколку години на нашата татковина ѝ се случија многу лоши работи. Заради неспособноста на предавничката влада на СДСМ и некадарноста да издејствува подобри договори, се направи огромна отстапка со која на името на нашата држава се додаде претставката „северна“. Тоа ќе остане рана на нашето тело која можеби нема никогаш да зарасне. А и ако зарасне, големиот белег секогаш ќе не потсетува за големите жртви кои Македонија морала да ги прави.

Сега сме пред нов предизвик. Владата на ДУИ и СДСМ ја донесе државата во безизлезна ситуација. Сите стратегиски партнери, сите наши пријатели очекуваат чекор од нас, но притоа сите ни кажуваат да не се надеваме на промени на ниту еден документ кој досега е усвоен од ЕУ. Значи сите нѐ насочуваат во одлуката. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е добро познат, ние сме против какви било измени на Уставот кои се прават под диктат, без оглед дали диктатот е од Бугарија, САД или ЕУ. Не е фер и не е чесно кон македонскиот народ. Но, веројатно некој правел добра стратегија и уште од почетокот правел план како Македонија да се доведе во оваа позиција.

Во телата на партијата направивме детална анализа, ги разгледавме сите сценарија кои би можеле да произлезат од отворањето или од неотворањето на Уставот. Ги зедовме предвид и најновите најави за реформи во процесот на проширување на ЕУ. И за жал, принудени сме да заклучиме дека за Македонија во моментов е премногу ризично на кој било начин и понатаму да се одложува почетокот на преговорите. Секое префрлање на преговорите за влез во ЕУ во некоја пониска брзина, објективно ќе значи загрозување на целиот процес, а истовремено ќе значи генерирање проблеми од политичка, економска, етничка, па и егзистенцијална природа. Колку и да не сакаме да го признаеме тоа – така е! Затоа, како одговорна партија чија цел е на својот народ да му ги оствари сите услови за развој, просперитет и благосостојба, а да се избегнат непосредните ризиците кои произлегуваат од моменталната комплицирана политичка состојба во нашето окружување, донесовме одлука ЦЕЛАТА ПРАТЕНИЧКА ГРУПА на ВМРО-ДПМНЕ ДА ГЛАСА ЗА Уставните промени со кои, меѓу другите, нашите сограѓани кои во Македонија се изјаснуваат како Бугари ќе бидат внесени во Уставот!

Свесни сме дека ова е огромен пораз на македонската политика, огромен удар врз достоинството на македонскиот народ, но штетата која досега е направена е толку голема што мораме да избегнеме нови постапки кои таа штета ќе ја направат уште поголема. Народот ќе знае кој ја донел Македонија во оваа потчинета состојба и на следните избори, кои очекувам дека ќе се одржат во рок од 60 дена, ќе го казни виновникот.

На тие избори ВМРО-ДПМНЕ ќе оствари огромна победа по која ќе се формира нова влада на ВМРО-ДПМНЕ. Влада составена од најдобрите во Македонија, најдобрите кои ќе знаат да ги коригираат грешките и нема да дозволат да се прават нови. Влада која ќе ја врати вербата на македонскиот народ, пред сѐ во себе и во своите способности!
Еве, сега и овде кажуваме и стоиме зад тоа – ова ќе биде ПОСЛЕДНАТА ОТСТАПКА која ја правиме за кое било идентитетско прашање! Македонија повеќе нема воопшто да одговара на притисоци и диктати кои се спротивни на интересите на македонскиот народ. Нашето име, јазикот, неговата традиција и историја повеќе нема да бидат предмет на трговија и елемент за уцена. Ќе разговараме, дебатираме, ќе го кажуваме гордо тоа што имаме да го кажеме и ЌЕ ПОБЕДИМЕ затоа што вистината е на наша страна. ВМРО-ДПМНЕ се ОБВРЗУВА пред Македонскиот народ дека веднаш ќе ги прекине сите преговори, без оглед во која фаза се, доколку се прави непринципиелен притисок врз Република Македонија за правење нови отстапки за прашања кои на кој било начин го рушат достоинството на Македонскиот народ.
Ние имаме капацитет, ако престанат сите уцени и притисоци, со искористување на сите интелектуални и материјални потенцијали, комплетно да ја реформираме Македонија за еден мандат и да бидеме потполно подготвени за влез во ЕУ и пред 2030-та година.

Но, ако на пријателите од меѓународната заедница не им е важно при влезот ние да бидеме горди и среќни што како Македонци се придружуваме во нивното, кое ќе стане и наше семејство, ако не бидеме почитувани и прифатени со сите наши белези, тогаш ќе се заблагодариме и ќе кажеме – НЕ, благодарам! Парцијалните решенија повеќе нема да бидат опција, или целосно решение или ништо, бидејќи некомплетното решение е причина за нови проблеми.

Затоа, со тешко срце ќе ги изгласаме Уставните измени, а веднаш потоа Собранието да биде распуштено и да се распишат предвремени парламентарни избори кои ќе се одржат во рок од 60 дена.

Македонија мора да има способна и одговорна власт, власт која конечно ќе почне да работи во интерес на својот народ, а не во свој интерес!

– Што велиш? – ме прашува пријателот.

А јас одамна престанав да се смеам. Можеби сѐ не е префектно кажано, ама ме обзеде чувството дека – ТОА Е ТОА! Ова отсонувано решение е веројатно најреалното решение кое може да биде смислено.

Веројатно веќе заклучивте дека пријателот е вмровец. Да, вмровец е и тоа тежок вмровец. Ама ова „тежок“ сфатете го во позитивна смисла. Разумен човек, кој на црното кажува црно и на белото бело. Безброј пати ги пцуел „неговите“ кога мислел дека не се во право.

Јас помислив на нешто друго што ми го расипуваше расположението. Колку и да се согласувам со тоа што ми беше кажано, се плашев дека ова сепак ќе остане само сон. Се прашував и како еден обичен човек, далеку од партиски функции и тела, човек кој нема никаков личен интерес, може толку убаво и прецизно да го смисли најдоброто решение. Не мора воопшто да биде ВМРО-ДПМНЕ победник, тоа е апсолутно неважно. Може да биде и СДСМ, а може и СИТЕ партии да се вклучат во идната влада, јас веќе имам пишувано дека таа опција ја сметам за добра. Ако ви одговара, во вториот дел од „соопштението“, ставете што сакате наместо ВМРО-ДПМНЕ. Ама ајде бе луѓе да направиме нешто такво. Да направиме Влада од НАЈДОБРИТЕ и да ја изведеме државата на вистинскиот пат!

– Не велам ништо, му кажав, само тебе треба во ВМРО-ДПМНЕ да те стават во ИК да им бидеш дежурен сонувач. Ти во сон наоѓаш решенија за проблемите кои тие на јаве ги создаваат.

Рози у Луна почнаа да лаат. На вратата се појави комшијата сдс-овец. Такви сме ние во штипско Ново Село, двајца се премалку за муабет, некој треба да го пријави „разговорот“ таму каде што треба. Решивме да го тестираме „говорот“ на Мицковски врз новодојдениот, му го раскажавме како да е вистински настан. Неколку мига на исчекување за меродавното мислење и следуваше одговор – Ако го направи ова ВМРО-ДПМНЕ, ЈАС ќе гласам за нив!

Да, ама АКО го направи! Знаејќи дека се заробени во своите претходни изјави и ставови, сѐ ми се чини дека сонот на пријателот ќе остане – САМО СОН!

Или….


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. 

Tags: ВМРО - ДПМНЕгласањеСДСМуставни измениХристијан Мицкоски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ