• Latest

24 ЧАСА: Пратениците се попишманија – нема да забранат протести пред Собрание; Марта Кос бара од Скопје и Софија да најдат решение; Украинците го минираа Кримскиот мост

June 3, 2025

Адмир Лисица: „Додик ќе трае онолку колку што ќе посака меѓународниот фактор“

November 6, 2025
Скриншот од видео на TOI

Рускиот министер за одбрана: Русија треба веднаш да започне со подготовки за целосни нуклеарни тестови

November 6, 2025

По извештајот на ЕК: Владата бара гаранции од ЕУ, СДСМ алармира за „најлоша деценија“

November 6, 2025
Фото: МикВести/Телеграм

Анџелина Џоли го посети разорениот од војна Херсон, на првата линија на фронтот во јужна Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Пратениците се попишманија – нема да забранат протести пред Собрание; Марта Кос бара од Скопје и Софија да најдат решение; Украинците го минираа Кримскиот мост

June 3, 2025 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Безбедносната зона околу Собранието не е за забрана на протести туку за заштита од градење на приватни субјекти, велат координаторите на пратеничките групи

Координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Европски фронт денеска во изјава за медиумите истакнаа дека целта на Предлог на законот за прогласување на просторот околу Собранието на Република Северна Македонија за безбедносна зона има за цел да спречи приватни субјекти да градат приватни објекти блиску законодавниот дом, а не, како што посочија, за забрана на протести на граѓаните.

„Со Предлогот на законот за прогласување на просторот околу Собранието на Република Северна Македонија за безбедносна зона ќе се овозможи слободен пристап на пратениците, надворешните лица кои учествуваат во работата на Собранието (претставници на Владата и на органите на државната управа и на други органи) и на вработените во Службата на Собранието, во просторот околу Собранието и истовремено ќе се заштити објектот, пратениците, Службата и просторот околу Собранието кој е прогласен за безбедносна зона за искористување за потреби, кои не се на Собранието и објектите кои се наоѓаат во негова непосредна близина, а се во границите на безбедносната зона“, се наведува во образложението на предлог-законското решение.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

– Наша политичка цел е да ги започнеме преговорите со Северна Македонија по Кластерот „Основни вредности“, штом ќе бидат усвоени потребните уставни измени. Бугарија и Северна Македонија треба да почнат да разговараат интензивно и да најдат решение за ова билатерално прашање и јас стојам на располагање како олеснувач ако е потребно, порача денеска еврокомесарката за проширување Марта Кос во воведното обраќање на дебатата со членовите на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент посветена на проширувањето на ЕУ, состојбите во Украина и соседската политика на блокот.

РЕГИОН

Силен земјотрес со јачина од 5,8 степени ги погоди Турција и Грција

Силен земјотрес со јачина од 5,8 степени беше регистриран во текот на ноќта во морскиот дел на 23 километри северно од грчкиот остров Родос и во близина на турското крајбрежје. Турските медиуми рано утрово објавија дека 14-годишно девојче загинало во земјотресот, додека вкупно 69 лица се повредени. Девојчето билчо пренесено во болница откако доживеало напад на паника, но починало и покрај напорите на лекарите.

СВЕТ

24 Палестинци убиени од израелски оган додека чекале помош во Рафа

*

Во руските напади врз Украина во текот на изминатиот ден загинаа 7, повредени уште 42 цивили

*

Безбедносната служба на Украина (СБУ) го изврши третиот напад врз Кримскиот мост откако започна целосната војна во Русија во 2022 година, минирајќи и оштетувајќи ги неговите подводни потпори, објави СБУ на 3 јуни, пренесува Кијив Индипендент.

ФОРУМ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: што мислите за јавните караници меѓу Данела Арсовска и Христијан Мицкоски?

СЛОБОДНА ЗОНА

„Додека западните демократии воведоа сеопфатни санкции кон Кремљ, Кина го искористи вакуумот за да ги продлабочи економските врски со Москва, особено во енергетиката, технологијата и земјоделството.

Кинеските компании купуваат руска нафта и гас по значително пониски цени. И покрај намалените цени, овие трансакции сè уште вбризгуваат милијарди во руската економија – ја стабилизираат рубљата и го одржуваат во живот воено-индустрискиот комплекс што ја води војната против Украина“, пишува Џабир Дерала во анализата „Кинеската не толку „мека моќ“: Тивкиот партнер во војната на Путин“.

Д. Муратов

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ