• Latest

24 ЧАСА: Претседателката на ДКСК обвинета за оддавање службена тајна; Семејствата на жртвите од пожарот во Кочани згрозени од премиерот – „одредете цена за вашите деца“; ЕУ со нов пакет санкции против Русија

July 18, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Претседателката на ДКСК обвинета за оддавање службена тајна; Семејствата на жртвите од пожарот во Кочани згрозени од премиерот – „одредете цена за вашите деца“; ЕУ со нов пакет санкции против Русија

July 18, 2025 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Претседателката на ДКСК обвинета за одавање службена тајна во случајот „Адитив“

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинителен предлог против претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, која се сомничи дека во периодот од мај до декември 2024 година, на неповикано лице обвинето во предметот „Адитив“ му сторила достапни податоци кои се сметаат за службена тајна. Воедно, на Димитровска ѝ се става на товар и дека незаконски го добила сертификатот за класифицирани информации. Покрај Димитровска, обвинителството поднесе обвинителен предлог и против уште две лица. Меѓу нив е и раководителка на сектор во Подружница ТЕЦ Неготино АД ЕСМ Скопје, која во септември 2024 година, исто така, на неповикано лице му доставила податоци што се сметаат за службена тајна.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Родители на починатите деца во трагедијата во Кочани: Навреда од премиерот што никогаш нема да ја заборавиме – одредете цена за вашите деца!

„Премиерот започна да го чита барањето ( кое целосно може да го прочитате во прилог) и изјави дека ќе се задржи само на петте точки, без да ги разгледува воведните делови и правните објаснувања. На првата точка – која се однесуваше на: “Еднократна парична помош за секое семејство погодено од трагедијата, за душевна болка и нематеријална штета, преку Фондот за итна поддршка од државниот буџет…”, добивме одговор кој не само што нè понижи, туку длабоко нè навреди како родители и како луѓе: „Ова барање е исто како предлогот на СДСМ, само што вие немате ставено цена. Одредете си цена за вашите деца.“Тоа беше моментот кога болката премина во чиста неправда. Овие зборови ќе одекнуваат засекогаш во нашите срца, како уште една смрт – смрт на достоинството. Јавен повик до премиерот и целата јавност: Доста е!, се вели во јавното обраќање на родителите на починатите деца во трагедијата во Кочани.

РЕГИОН

БиХ изгуби 108,5 милиони евра од ЕУ поради доцнење со реформската агенда

Европската комисија го информираше Советот на министри на Босна и Херцеговина дека оваа земја ќе добие 10 проценти помалку пари од Планот за раст за Западен Балкан, односно 108,5 милиони евра помалку, бидејќи не ја доставила конечната верзија на Агендата за реформи, дознава Радио Слободна Европа (RSE) од извор во Европската Унија.

СВЕТ

Европската Унија постигна договор за 18-ти пакет санкции против Русија

Европската Унија постигна договор за 18-ти пакет санкции против Русија поради нејзината војна во Украина, со низа мерки насочени кон нанесување дополнителни удари врз руската нафтена и енергетска индустрија. Нејзиниот најнов пакет санкции против Русија ќе ја намали ценовната граница на сурова нафта во Г7 на 47,6 долари за барел.

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ (ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ): Што сакате да им порачате на властите?

АНАЛИЗИ

„Во пресрет на локалните избори во октомври, државниот апарат повторно се користи како кадровски пазар за вдомување на партиски и блиски кадри. Повеќе од 730 активни огласи за вработување во јавниот сектор се појавија на страницата на Агенцијата за администрација, бројка што го надминува секој историски преседан. Ова е највисока бројка на објавени огласи за вработување од кога постои Агенцијата за администрација, предупредуваат од Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ), додавајќи дека ваквиот наплив на огласи е без преседан во пресрет на избори“, пишува Дестан Јунузи во „Избори пред врата, државната администрација како кадровски пазар“

Подготви: Б. Јордановска

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ