• Latest

24 ЧАСА: Претседателката на ДКСК поднесе оставка; интерпелацијата нема законска основа, реагира Коцевски; Израел и САД ги напуштија преговорите за прекин на огнот во Газа

July 25, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Претседателката на ДКСК поднесе оставка; интерпелацијата нема законска основа, реагира Коцевски; Израел и САД ги напуштија преговорите за прекин на огнот во Газа

July 25, 2025 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Претседателката на ДКСК поднесе оставка, Собранието по констатирањето во рок од 10 дена ќе избира нов претседател на Антикорупциска

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Татјана Димитровска утрово до Собранието ја доставила својата оставка. Кабинетот на претседателот на Собранието Африм Гаши информира дека Димитровска поднесла оставка од функција. Оттаму посочуваат дека Собранието ќе постапи согласно предвидените процедури.

Оставката треба да биде констатирана на една од наредните седници, по што треба да се состане Комисијата за прашања на изборите и именувања и да донесе одлука за распишување на јавен оглас за нов член на Антикорупциска комисија. Постапката за избор на нов член на ДКСК треба да започне најмногу десет дена откако Собранието ќе ја констатира оставката на Димитровска. Првата наредна седница на која би можело да се констатира оставката на Димитровска е закажана за вторник, 29 јули.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„Постапката за одговорност на јавниот обвинител на РСМ е уредена со Законот за јавното обвинителство и не предвидува можност за политичка одговорност каква што е интерпелацијата. Тоа е така за да се гарантира функцијата јавен обвинител кој раководи со единствен и самостоен орган, независен во постапувањето и одлучувањето. И покрај тоа, на интерпелацијата ѝ се дава третман како на секоја друга постапка за одговорност на политички функционер, што покажува недоволно разбирање на подносителите за самостојноста на третата власт, пишува државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски во писмениот допис до пратениците кои поднесоа интерпелација против него, на дневен ред на собраниската седница на 29 јули.

РЕГИОН

Србија ќе го проширува граничниот премин кај Прешево, ќе има 23 ленти

Капацитетот на граничниот премин Прешево кон С. Македонија, еден од најпрометните гранични премини во Србија, наскоро би можел значително да се прошири, што ќе ги намали и метежот и времето на чекање. Тоа е предвидено во Просторниот план на Зоната за посебна намена на граничниот премин Прешево, даден на јавен увид.

СВЕТ

Израел и САД ги напуштија преговорите за прекин на огнот во Газа во Катар, ја осудуваат одлуката на Франција да ја признае палестинската држава

Преговарачите на Израел и САД вчера ги напуштија разговорите, при што Вашингтон го нарече Хамас „себичен“ и ја обвини групата дека „не дејствува со добра намера“. Палестинските претставници ја поздравија одлуката, но израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вели дека таа „го наградува теророт“, а американскиот државен секретар Марко Рубио вели дека потегот е „неразумен“.

АЛ ПРЕС

Редакциски избор од албански медиуми: Косовските пратеници на последна седница за конституирање на собранието; Албанија доби нов Кривичен законик; Договорот за мигрантите со Албанија ја чини италијанската влада 114 илјади евра дневно

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ (ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ): Што сакате да им порачате на властите?

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

Системското изгладнување во Газа е масовно кршење на меѓународното хуманитарно право – Светот мора да делува веднаш!

Гладот повеќе не е закана – туку сурова реалност, со бројни регистрирани смртни случаи од глад, вклучително и деца. Геноцидот доби ново лице – МАСОВНО ИЗГЛАДНУВАЊЕ, се наведува во соопштението на ЦИВИЛ.   

ЦИВИЛ упати итно барање до меѓународната заедница и сите меѓународни институции за отворање на хуманитарни коридори за непречено доставување храна, вода и медицинска помош, гарантиран безбеден пристап за хуманитарните организации и нивните екипи на терен, престанок на сите напади врз цивилни цели, вклучувајќи болници, магацини за храна и центри за дистрибуција,  мобилизирање на меѓународна хуманитарна поддршка и финансирање на организациите што делуваат на терен и притисок врз сите засегнати страни да го почитуваат меѓународното право, особено обврската за заштита на цивилното население. 

СЛОБОДНА ЗОНА

„Во 2015 година, никој во Украина не мислеше дека некој судија може да заврши зад решетки. Во 2025 година, тоа стана норма. НАБУ и САПО се достигнувањата за кои луѓето загинаа во 2014 година, за време на Револуцијата на достоинството. Оние за кои луѓето се борат сега. Не за марионетскиот главен обвинител да стане крал на „правдата“, деактивирајќи ги главните државни тела за борба против корупцијата. Вие, владини претставници, продолжувате да мислите дека ќе можете да ја водите земјата без граѓанското општество“, пишува Олха Данилиук во „Предлог-закон #12414: План за саботирање на иднината на Украина“.

Подготви: Б. Јордановска

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ