• Latest

24 ЧАСА: Работната група за изборни реформи заврши со работата, на ред се политичките партии; за нашата држава релевантни се мапите на НАТО и ЕУ; се крчка нов пакет антикризни мерки

November 7, 2023
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Работната група за изборни реформи заврши со работата, на ред се политичките партии; за нашата држава релевантни се мапите на НАТО и ЕУ; се крчка нов пакет антикризни мерки

November 7, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ТЕМА НА ДЕНОТ

Работната група за изборни реформи заврши со работата, на ред се политичките партии

Третата седница на работната група за спроведување реформи во изборното законодавство заврши со разгледување на работната верзија на Изборниот законик, негово усогласување и договарање како процедурално ќе се продолжи.

Аврамовска Мадиќ: Нема да има нови работни групи за изборни реформи поради бојкотот на опозицијата

Заменик-министерката за правда, Викторија Аврамовска Мадиќ, вели дека овој Изборен законик се носи со политички консензус и дека неприсуството на опозицијата на работните групи (иако им било понудено и претседателското место) не значи дека нема да бидат кооперативни.

Новакоски: Има доволно време до изборите за имплементација на измените во изборниот законик

„Измените на Изборниот законик се готови и доставени се кај сите пред три недели, денеска треба да се усвојат тие согласно Деловникот, а се однесуваат околу финансирање на политичките партии, заштита на избирачко право, медиумското претставување, меѓутоа оваа работна група имаше мандат само за препораките на ОБСЕ/ОДИХР“, вели Александар Новаковски, претседателот на работната група за спроведување реформи во изборното законодавство.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Ковачевски: За нашата држава релевантни се мапата на земјите членки на НАТО и на обединета Европа

Ставањето карти на „голема Албанија“ е најмалку 145 години задоцнето и нерелевантно. По влегувањето во НАТО за нашата држава релевантни се мапата на земји членки на НАТО и на обединета Европа со отпочнувањето на преговорите со ЕУ, изјави премиерот Димитар Ковачевски во врска со отворањето викендов на Музеј на УЧК во Сопот, кумановско, во кој е изложена и карта на „Голема Албанија“.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

(ВИДЕО) 265 случаи на еколошки воени злосторства извршени од Русија се под истрага во Украина

Во моментов, вкупно 265 случаи на еколошки воени злосторства извршени од Русија се под истрага во Украина. Четиринаесет од нив се поврзани со екоцид, објави украинскиот јавен обвинител Андриј Костин…

Ретуширање на историјата: Москва ги брише доказите за масовните репресии од советската ера, отворајќи пат за нови

На почетокот на септември, 34 плочи во знак на сеќавање на жртвите на репресиите на Сталин исчезнаа од ѕидот на станбена зграда во Санкт Петербург (авенија Лесној 61), објави Комерсант,…

Русија официјално се повлекува од договорот за конвенционални вооружени сили во Европа

Русија и официјално се повлече од друг меѓународен договор за контрола на вооружувањето – Договорот за конвенционални вооружени сили во Европа (CFE), се вели во соопштението на руското Министерство за надворешни работи

ГАЗА

Советот за безбедност на ОН повторно без договор за Појасот Газа, нова седница в четврток

Советот за безбедност на Обединетите нации повторно не успеа да се договори за резолуција поврзана со решавањето на хуманитарната криза во Појасот Газа, предизвикана од актуелниот конфликт меѓу Израел и палестински Хамас…

„Еврејски глас за мир“ од Њујорк ја окупираа Статуата на слободата со повик за прекин на огнот во Газа

Околу 500 американски еврејски активисти мирно ја окупираа Статуата на слободата во Њујорк од каде повикаа за  прекин на израелското „геноцидно бомбардирање“ на цивилите во Газа и прекин на огнот….

Во Израел ден на жалост за одбележување еден месецот од масакрот на Хамас на 7 октомври

Во Израел денеска е ден на жалост во знак на одбележување еден месец од нападот на терористичката група Хамас на 7 октомври, во кој загинаа над 1.400 луѓе, од кои повеќето цивили, а околу 240 беа земени како заложници.

ФЛЕШ ВЕСТИ

МИНИМАЛНАТА ПОТРОШУВАЧКА КОШНИЧКА Вредноста на Синдикалната минимална кошница за октомври 2023 година изнесува 46 198 денари, соопшти Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

МВР Во периодот од 30 октомври до 5 ноември годинава приведени се над 60 лица по разни основи, за недозволена трговија со дрога, разбојништво, тешки кражби, криумчарење мигранти, дрвокрадци, лица барани со потерница, приредување игри на среќа без лиценца, наведува министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во објава на Фејсбук.

КУЛТУРА Министерството за култура објави конкурс за доделување месечни надоместоци на самостојните уметници за 2024 година

АНТИКРИЗНИ МЕРКИ Министерот за економија Крешник Бектеши денеска соопшти дека новиот пакет антикризни мерки може да се очекува кон средината или кон крајот на идната недела.

АЛ-ПРЕС

Специјалниот пратеник на Европската унија (ЕУ) за дијалог меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак е во посета на Приштина, денеска ќе се сретне со лидерите на опозицијата. Специјалната интервентна единица, Единицата за ракување со експлозивни направи  и другите единици на косовската полиција го прекинале протестот најавен за  денеска, бидејќи премиерот Курти ветил дека следната недела на официјален средба ќе разговараат за изнаоѓање решение за нивните барања.

Ова се само дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

АНАЛИЗИ

И покрај јавното декларирање како активен партиципант во борбата против тероризмот, Кремљ одржува блиски врски со терористичките организации со децении, користејќи ги за создавање зони на нестабилност ширум светот. Историјата на официјалните контакти меѓу Кремљ и Хамас датира речиси 20 години. Угледот на садисти и терористи (Хамас е признат како терористичка организација во САД, ЕУ и Израел) никогаш не ја спречи организацијата да воспостави блиски односи со Кремљ, според анализата на Центарот за стратешки комуникации и информациска безбедност, иако во 1990-тите и раните 2000-ти, Русија јавно ги осуди злосторствата на организацијата. Москва дури ги означи акциите на групата како терористички. На 23 март 2004 година, Михаил Маргелов, претседател на Комитетот за меѓународни односи на Советот на Федерацијата, коментирајќи ја ликвидацијата на водачот на Хамас, Шеик Јасин, ја означи организацијата како „терористичка група“, пишува Драган Мишев во анализата „Оската Русија – Хамас: Испорака на оружје, пропаганда, јавна благодарност и редовни посети на Москва“

СЛОБОДНА ЗОНА

ES-PRESS-O

Пригушеното зуење на рефлекторите и опремата, мирисот на напластена прашина меѓу каблите и темните ќошиња на студиото, мрморењето на студискиот персонал кој разменува забрзани инструкции до последен миг и – „камера иде“. Се слуша шпицата со бесплатните музички темплејти и шоуто може да започне! ТВ дебата… Телевизиските студија веќе одамна не се место за аргументирана дебата, туку за политички и медиумски канибализам, пишува Џабир Дерала во денешното ES-PRESS-O „Гладијаторски игри: Политички и медиумски канибализам“

Подготви: Д. Мишев

Tags: анализиВестиВојна во УкраинаГазаизјавиСветслободна зонатеми
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ