• Latest
EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

24 ЧАСА: Рокот за потписи за претседателски и пратенички кандидати е од денеска до 8 март; Борел ја повика ЕУ да испраќа повеќе муниција во Украина; пристигнаа 140 000 обрасци за пасоши

February 23, 2024

Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

July 1, 2025

24 ЧАСА: Лидерски самит ЕУ-Западен Балкан во Скопје; Трамп му порача на Маск да ја затвори продавницата и да се врати дома во Јужна Африка; национализмот ја надвладеа борбата против корупцијата во Србија; растат тензиите меѓу Баку и Москва 

July 1, 2025

Шекеринска: Време е да инвестираме во мирот и стабилноста

July 1, 2025

СДСМ алармира – нема лекови на Онкологија, Клековски смирува: Скапата биолошка терапија ја има на Онкологија, за двата генерички лека што ги немаат дистрибутерите, има соодветна замена

July 1, 2025

Од Голема блокада до Голема Србија

July 1, 2025
Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

РЕАКЦИИ: Поддршка за студентите во блокада – време е Вучиќ да падне

July 1, 2025
Фотомонтажа; Скриншот од Влада на РСМ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на владата во текот на првата година?

July 1, 2025

За Кос членството во ЕУ е најдобар начин да се заштити идентитетот, културата и јазикот на Македонците, Мицкоски очекува секаков инженеринг во ЕП

July 1, 2025
Фото: Скринчот од вифро на каналот Астра на Х

Украински дронови „со хируршка прецизност“ нападнаа руска фабрика на 1.300 км оддалеченост, на Крим уништени скапи руски системи за воздушна одбрана 

July 1, 2025

Самит на ЕУ и Западен Балкан: Седумдесет и пет отсто од договорените реформи со земјите од региoнот се или имплементирани или се во тек

July 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Рокот за потписи за претседателски и пратенички кандидати е од денеска до 8 март; Борел ја повика ЕУ да испраќа повеќе муниција во Украина; пристигнаа 140 000 обрасци за пасоши

February 23, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Share on FacebookShare on Twitter

Започна рокот за собирање потписи за кандидати за претседател и пратеници

Рокот за собирање потписи за кандидати за претседател и за кандидати за пратеници започнува денеска и ќе трае до 8 март, согласно роковниците на Државната изборна комисија (ДИК). Кога подносител на листа на кандидат за претседател е група избирачи, потребно е да се соберат најмалку 10.000 потписи од запишаните избирачи во Избирачкиот список, додека кога подносител на листа на кандидат за претседател се пратеници, потребно е да се соберат најмалку 30 потписи од пратениците.

Кандидатите за претседател вчера ги соопштија и ДУИ кои го предлагаат министерот за надворешни работи Бујар Османи и Движење ЗНАМ-За Наша Македонија кои ќе настапат со лидерот Максим Димитриевски. Претходно СДСМ објавија дека нивен кандидат ќе биде актуелниот шеф на државата Стево Пендаровски,  ВМРО-ДПМНЕ ја предлага  професорката Гордана Силјановска Давкова, Стевчо Јакимовски е кандидат на ГРОМ, партијата што ја предводи,  професорката Билјана  Ванковска на Левица, Арбен Таравари на албанската опозициска коалиција ВРЕДИ. Мерсиха Смаиловиќ e поддржана од Бошњачкиот демократски сојуз (БДС). Својата независна кандатура за претседател во октомври, лани, прв ја најави Вело Марковски, иако е член на ВМРО-ДПМНЕ.

Кандидатурата на Османи ја објави претседателот на ДУИ Али Ахмети кој најави дека по изборите ќе се залага за уставни измени, за избор на претседател во Собранието и за впишување на Бугарите во Уставот.

ИЗЈАВА  НА ДЕНОТ

Борел ги повика земјите-членки на ЕУ да испратат повеќе муниција во Украина

„Украинските војници се решени да се борат, но им треба муниција. Итно и во огромни количини, се наведува во писмото на Борел, што вчера беше испратено до министрите за надворешни работи и за одбрана на ЕУ.“, порача Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел, повикувајќи ги  земјите-членки на Европска Унија повеќе да направат за снабдување со муниција на Украина.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Советот на Европа, по повод две години од руската агресија врз Украина, ја повтори целосната поддршка за Кијив.

*

Советот на ЕУ денеска ги одобри новите санкции против Русија, кои првично беа одобрени во завчера, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.

*

Здружение на Украинците во Македонија „Лесја Украинка“ на 24 февруари (сабота), со почеток од 10 часот ќе одржи мирен марш по повод двегодишнината од почеток на руската сеопфатната инвазија врз Украина, информираат од здружението.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ПАСОШИ Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, синоќа, на Граничниот премин Богородица, ги пречека новите 140.000 обрасци за пасоши.

ПОТПИСИ До Државната изборна комисија (ДИК) досега се поднесени вкупно седум изјави за прифаќање на иницијатива за собирање потписи за кандидирање за Претседател на Република Северна Македонија. Собирањето на потписи за листи на кандидат за претседател на државата почнува утре.

АЛ-ПРЕС

Редакциски избор од албанските медиуми:

  • Визион Плус: Албанија и Британија со работна група против организираниот криминал
  • Клан: Немаше консензус за амнестија, социјалистите го повлекоа предлог-законот  од Собранието
  • Сури: Судот ги ослободи демонстрантите/ Барди: Беа земени како заложници, полицајците се идентификувани и ќе сносат лична одговорност
  • Перископи: Продолжува притворот на Тачи Весели
  • РСЕ: Османи вели дека во Косово ќе се гради регионален центар за жени и безбедност
  • КОЛУМНА – Коха: Со овој молив пишуваше цел Балкан – и Зигмунд Фројд

СЛОБОДНА ЗОНА

„Не може секој сè да знае, многумина не ја научивме Конфучиевската аксиома според која, грубо парафразирам, никој не знае колку треба да знае за да знае дека всушност малку знае па така некако, еве и за главните фаворити на претседателските избори, за кандидатката Силјановска наспроти кандидатот Пендаровски при што, кажано во една реченица, е мошне воочливо дека пред првата за многу кусо време стојат многу сложени едукативни обврски, стојат задачи да учи и да научи и не само да научи туку и да разбере некои основни лекции…“, По допрен глас –„Возот за претседателка ќе ѝ замине и така, учејќи, и 8-ми мај ќе ѝ помине без таа тоа воопшто и да го забележи“.

Подготви: Д. Тахири

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Сервилност или велемајсторски дипломатски потег – дали Руте последен се смее

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за настапот на претседателката на Самитот на НАТО?

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ