ЗОРАН ИВАНОВ
Не може секој сè да знае, многумина не ја научивме Конфучиевската аксиома според која, грубо парафразирам, никој не знае колку треба да знае за да знае дека всушност малку знае па така некако, еве и за главните фаворити на претседателските избори, за кандидатката Силјановска наспроти кандидатот Пендаровски при што, кажано во една реченица, е мошне воочливо дека пред првата за многу кусо време стојат многу сложени едукативни обврски, стојат задачи да учи и да научи и не само да научи туку и да разбере некои основни лекции што нејзиниот главен противкандидат веќе одамна ги има совладано, ќе треба, на пример, да научи како како претседателка ќе се справи со своите сопствени мачнини наспроти “преспанскиот”, наспроти “северна”, наспроти “бугарскиот”, наспроти “францускиот”, наспроти “уставните”, наспроти “европските”, па и наспроти “албанскиот електорат” со кој ниту еден нејзин политички но и граѓански став не се совпаѓа па, оттука, многу часови се пред неа, многу лекции за ова кусо предизборно кампањско време ќе треба и да ги разбере и да ги научи но времето не стои, си врви тоа па додека овие уроци ги учи и научи, возот за претседателка ќе ѝ замине и така, учејќи, и 8-ми мај ќе ѝ помине без таа тоа воопшто и да го забележи.