• Latest

24 ЧАСА: Рускиот амбасадор осуетен да ја присвои функцијата „декан на дипломатскиот кор“ во земјава; уапсен убиецот на Чарли Кирк; кандидат за градоначалник на Скопје трча кон Москва

September 12, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025

Брвеница, Шуто Оризари и Карпош со приговори до ДИК за изборните резултати

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Мамдани: Њујорк ќе остане град на имигранти, град изграден од имигранти, управуван од имигранти и од вечерва, предводен од имигрант

November 5, 2025
Скриншот од видео на newsflare

Единаесет лица загинаа, околу 30 се повредени во пожар во дом за стари лица во Тузла

November 5, 2025
Фото: Wikimedia commons

Најдолго затворање на владата во историјата на САД

November 5, 2025
Фото: Министерство за транспорт

Коридор 8 добива меѓуграничен железнички тунел – Северна Македонија и Бугарија утре го потпишуваат договорот

November 5, 2025

Членките на ЕУ постигнаа прелиминарен договор за климатските цели за 2040 година

November 5, 2025
Фото: Фејсбук страница на Собрание на РСМ

„Имам став!“ Средношколци ги менуваат пратениците – симулација на демократија во Собранието!

November 5, 2025
Илустрација: ЦИВИЛ

ЕК: Северна Македонија продолжи со реформите, но треба да ја финализира и подготовката за отворање на Кластерот „Основни вредности“

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

24 ЧАСА: Рускиот амбасадор осуетен да ја присвои функцијата „декан на дипломатскиот кор“ во земјава; уапсен убиецот на Чарли Кирк; кандидат за градоначалник на Скопје трча кон Москва

September 12, 2025 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

(ЕКСКЛУЗИВНО) Осуетен обидот на рускиот амбасадор да ја присвои функцијата „декан на дипломатскиот кор“ во земјава

ЦИВИЛ ексклузивно дознава дека рускиот амбасадор Сергеј Баздникин се обиде да ја присвои функцијата „декан на дипломатскиот кор“ во земјава. Но неговиот обиде беше осуетен. Што се случи?

Баздникин, според извори на ЦИВИЛ, неодамна упати нота со која го информира македонското МНР и дипломатскиот кор во земјава дека – по завршувањето на мисијата на словачкиот амбасадор Хенрик Маркус на 31 јули 2025 година – функцијата Декан на Дипломатскиот кор во Северна Македонија ја презема тој „согласно редот на приоритет“, како што наведува во нотата.

Во истражувањето на овој дипломатски скандал, ЦИВИЛ ексклузивно дојде до информации дека во одговорот на македонското МНР се вели дека министерството ги признава одредбите од долгогодишната традиција според која деканот на Дипломатскиот кор се назначува врз основа на редоследот на претходници меѓу шефовите на мисии, во духот на колегијалноста, меѓусебното почитување и конструктивната соработка меѓу сите дипломатски мисии.

Но, додаваат од македонското МНР, ефективното функционирање на улогата на деканот критично зависи од способноста за поттикнување на инклузивен дијалог, транспарентност и координација меѓу сите шефови на мисии, и следствено на тоа, сметаат дека, во сегашните околности, овие услови не се доволно исполнети за да се обезбеди исполнување на одговорностите поврзани со функцијата декан на начин што го одразува единството и колегијалниот дух на Дипломатскиот кор во Република Северна Македонија и што обезбедува непристрасно и објективно артикулирање на ставовите на сите членови на Дипломатскиот кор.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Обвинителство за Онкологија 2: Васев и Нухи не постапувале во интерес на пациентите, туку во свој личен и интерес на приватни компании

– Обвинителството ќе докаже дека со незаконски јавни набавки на лекови, без согласност на ФЗО и со злоупотреба на службената положба обвинетите предизвикале штета на Буџетот од над 2,2 милијарди денари. Со злоупотреба на системот на реверси, без правна основа довеле во заблуда државни институции и овозможиле противправна корист за повеќе фармацевтски компании. На тој начин ФЗО бил доведен во заблуда дека се работи за законски обврски, изјави Гоговска Јакимовска.

РЕГИОН

На санкции со санкции – Додик бара поддршка од Москва

Владата на Република Српска, чија уставност моментално ја разгледува Уставниот суд на Босна и Херцеговина, ја одржа првата седница на која се дискутираше за економската и политичката стабилност на ентитетот, но и за силна реакција доколку продолжи притисокот од меѓународните претставници, пишува Дојче веле на српски јазик.

СВЕТ

Еоган Мекејб вети 500.000 долари, Илон Маск ќе донира уште 1 милиони долари за мурали во чест на украинската бегалка Ирина Заруцка убиена во Северна Каролина

Еоган Мекејб, извршен директор и основач на Интерком, и Илон Маск ветија зедно 1.5 милиони долари за финансирање на мурали на Ирина Заруцка, која беше брутално убиена во воз во Шарлот, Северна Каролина.

*

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека е приведен осомничен за убиството на неговиот соработник Чарли Кирк.

– Мислам, со висок степен на сигурност, дека го имаме во притвор, рече Трамп за време на гостувањето на телевизијата Фокс њуз.

АЛ-ПРЕС

(ИЗБОР) Албански медиуми: Албанија ја доби првата дигитална министерка Диела; Тензии на првата седница на албанското собрание; Шпионажата ја поткопува националната безбедност на Косово

Албанија ја доби првата дигитална министерка, Диела, со посебен мандат и структура прилагодена на предизвиците на дигиталното доба. Таа ќе го предводи министерството за јавни набавки, пишуваат албанските медиуми.

Секаков вид шпионажа против Косово е опасен и директно ја нарушува националната безбедност. оценуваат безбедносните експерти во Косово. Според нив, дури и комуникацијата со луѓе блиски до луѓе кои се прогласени за терористи од страна на Косово претставува ризик за земјата, пишуаат косовските медиуми.

СЛОБОДНА ЗОНА

Од Скопје до Москва – „независниот“ кандидат Јовановски со кремљовска агенда

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Зоран Јовановски, на овие локални избори ќе настапи како независен кандидат, односно како член на ВМРО-ДПМНЕ, кој е само формално правно поддржан од политичката партија Единствена Македонија.

Тој е познат по своите залагања за поблиски односи со Русија и Кина. Неговата визија предвидува збратимување на Скопје и Москва, доведување најмалку 15 инвеститори од Русија и тројца од Белорусија, како и иницијатива за економска соработка со овде земји.

Д. Муратов

Share36Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    188 shares
    Share 75 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ