ВЕСТ НА ДЕНОТ
Се намалува маржата за 73 производи – поевтинува лебот, месото, зејтинот, млекото, сувомеснати производи, овошјето и зеленчукот
Ориз, брашно, тестенини, масло, млеко, јогурт, млечни производи, зеленчук, овошје, се на листата со 73 производи во таканаречената есенска потрошувачка кошница. За нив бруто профитната маржа ќе биде ограничена на 10 проценти во трговијата на големо и мало, а во маркетите ќе бидат обележани со натписот „помалку трошоци, повеќе за тебе“, одлучи денеска Владата, на предлог на Министерството за економија и труд.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Мицкоски: Ако има желба од ЕУ да сме дел од европското семејство, тогаш има и начин, повеќе ултиматуми не прифаќам
„Мојата порака до луѓето во Брисел е јасна. Ако навистина сакате да бидеме дел од европското семејство тогаш има начин. Ако има желба, има и начин. Повеќе ултиматуми немаме намера да прифатиме, барем јас додека ја водам македонската Влада. Ултиматуми нема да прифаќам, ниту има цена што може да ме убеди да прифатам ултиматум.Сакам овие граѓани и мојата татковина да бидат дел од тоа семејство врз основа на мерит-системот, а не врз основа на дополнителни национални срамови и идентитетски отстапки. Тоа нема да го дозволиме!, нагласи премиерот Мицкоски во одговор на новинарско прашање во врска со работната посета на Брисел.
РЕГИОН
Ковачев: ЕПП е информирана за политиката на ВМРО-ДПМНЕ кон Бугарија, можно е замрзнување на членството и отстранување на партијата
Европската народна партија (ЕПП) е информирана за политиката на ВМРО-ДПМНЕ кон Бугарија. Постојат опции за замрзнување на членството и отстранување на партијата од групата. Скопје го прекршува Договорот за добрососедство, вели бугарскиот европратеник од ГЕРБ/ЕНП Андреј Ковачев во интервју за БГНЕС
СВЕТ
Фон дер Лајен го претстави заемот од 35 милијарди евра за Украина, Зеленски ги именуваше клучните теми на разговорите
шефицата на Комисијата на ЕУ, Урсула фон дер Лајен и претседателот на Украина, Володимир Зеленски, одржаа заедничката прес-конференција на која Фон дер Лајен најави заем до 35 милијарди евра за Украина како дел од ветувањето од 50 милијарди долари од страна на Г7.
ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
ПРАШАЊЕТО НА ДЕНОТ: Како ќе ја оцените посетата на Мицкоски во Брисел?
АНАЛИЗИ
„Демаскирање на руските олигарси кои ја поттикнуваат путиновата брутална воена агресија и профитот од одбранбената индустрија, претворајќи го страдањето на Украина во нивниот најциничен „деловен потфат“, ексклузивно од Олег Усатенко во анализата „Олигарсите зад злосторствата и теророт: Воената индустрија на државата-терорист“
Подготви: Д. Мишев