• Latest

24 ЧАСА: Северна Македонија во групата „загрозени“ за слобода на изразување; Догодина – трајно ќе се одземаат возилата од несовесните возачи; Косово ќе прифаќа депортирани мигранти од САД

June 11, 2025
Фото: МикВести/Телеграм

Анџелина Џоли го посети разорениот од војна Херсон, на првата линија на фронтот во јужна Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Северна Македонија во групата „загрозени“ за слобода на изразување; Догодина – трајно ќе се одземаат возилата од несовесните возачи; Косово ќе прифаќа депортирани мигранти од САД

June 11, 2025 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

„Атлас на цивилното општество“: Само 3,5 отсто од светското население има целосна слобода на изразување, Северна Македонија е класифицирана во групата на „загрозени“

Само 3,5 проценти од светската популација живее во земји каде што е загарантирана целосна слобода на изразување и собирање, се наведува во извештајот „Атлас на цивилното општество за 2025 година“ на германската лутеранска хуманитарна организација „Леб за сите“.

– Спротивно на ова, 85 проценти од светската популација живее во земји каде што граѓанското општество е ограничено, потиснато или затворено, што влијае на речиси седум милијарди луѓе. Нивните влади сериозно ги ограничуваат граѓанските слободи и ги малтретираат, апсат или убиваат критичките гласови, се вели во извештајот изработен врз основа на податоците на Цивикус Монитор, истражувачка алатка за состојбата на граѓанското општество и слободи на меѓународната непрофитна организација „Цивикус“.

Со извештајот се опфатени 197 земји и територии, кои се класифицирани во пет категории: „отворени“, „загрозени“, „ограничени“, „потиснати“ и „затворени“.

Земјава е класифицирана во групата на „загрозени“ заедно со 42 други држави во кои живеат 11,1 проценти од светското население, меѓу кои и Австралија, Албанија, Бугарија, Германија, Италија, Косово, Полска, Романија, САД, Франција, Хрватска, Црна Гора и Шпанија.

За овие земји се вели дека во голема мера им е дозволуваат на поединците и организациите на граѓанското општество да ги остваруваат своите права за слобода на здружување, собирање и изразување.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Тошковски: Од 1 јануари трајно ќе се одзема возилото доколку се управува безобѕирно

– На мобилен телефон ќе ви стигне порака дека сте направиле прекршок на тој и тој ден, „ве молиме упатете се до Министерството за внатрешни работи доколку сакате да ги добиете доказите или кликнете на веб страницата доколку сакате да ја видите сликата што ја имаме како доказ за вас“. Ќе се процесуира, доколку е мал прекршок ќе треба да се плати парична казна, ако е поголем прекршок ќе се оди на суд со забрана… Ме прашуваат „Ферари ако одземете што ќе направите со него“, велам ќе го дадеме на Детска градинка Цветче да се возат дечињата. Битно е дека ќе го одземеме возилото и тој што ќе управува безобзирно таков тип на моторно возило нема да го има повеќе, па да видиме со новото што ќе го купи пак ќе го прави истото, рече Тошковски.

РЕГИОН

Заев и Ципрас им ја доделија „Преспа наградата за мир“ на режисерите на документарниот филм за уништуивање на Палестинците – „No Other Land“

Документарниот филм „No Other Land“ што го прикажува уништувањето на палестинската заедница на окупираниот Западен Брег, ја доби наградата за мир Преспа за 2025 година на Институтот „Алексис Ципрас“, а Палестинецот Басел Адра и Израелецот Јувал Абрахам наградата ја примија од Алексис Ципрас и Зоран Заев на маргините на Втората меѓународна конференција посветена на демократијата и социјалната правда, јави дописничката на МИА од Атина.

СВЕТ

Масовни апсења во Лос Анџелес додека полицијата спроведува ноќен полициски час

Полицијата во Лос Анџелес соопшти дека спроведува „масовни апсења“ откако градоначалничката Карен Бас прогласи полициски час за делови од центарот на Лос Анџелес, пренесува Би-би-си.

Бас го воведе полицискиот час во 20:00 часот по локално време како одговор на грабежите и насилството за време на протестите против имиграциските рации Во меѓувреме, во Тексас, гувернерот ја распореди Националната гарда пред планираните протести.

АЛ-ПРЕС

(ИЗБОР) Албански медиуми: Косово ќе прифаќа депортирани мигранти од САД; Триесет неуспешни обиди за конституирање на косовското собрание; Истрагата за Илир Мета продолжена за уште шест месеци

Владата  на Косово потврди за Радио Слободна Европа дека изразила подготвеност да соработува со Соединетите Американски Држави во врска со приемот и привременото преселување на државјани од трети земји во Косово, „во согласност со утврдените услови“.

Конституирањето на косовското собрание не успеа по 30-ти пат, јавуваат косовските медиуми.

ФОРУМ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Дали треба да се одземаат возилата од несовесните возачи?

ДУПЛО ЕСПРЕСО: Рускиот ракетен терор е злосторство, не воена стратегија; геноцидот во Газа продолжува – санкции за израелски министри; анти-Трамп демонстрации во САД

САМО НЕШТО ДА ПРАШАМ за односот на власта кон Кочани, патриотизмот на Мицкоски, говорот на омразата

 

Д. Муратов

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ