ВЕСТ НА ДЕНОТ
Светска банка на Северна Македонија ќе и обезбеди 700 милиони евра за Стратегијата за соработка во 2024-2028 година
Според директорот на Канцеларијата на Светска банка за Северна Македонија и за Косово, Масимилиано Паолучи, за да се одржи развојот на Северна Македонија, приоритет е создавањето на привлечни работни места, особено за младите, а за тоа треба да се создадат услови за приватниот сектор да биде двигател за раст и за создавање работни места.
Стратегијата, како што се посочува во соопштението, предвидува и обновени напори за промовирање на поголема поврзаност на земјава со регионалните и глобалните пазари за да се олесни трговијата и пристапот кон Европската унија.
За спроведување на Стратегијата, Светска банка планира да обезбеди околу 700 милиони евра за финансирање во следните пет години, придружено со советодавни програми и техничка помош.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
„Фрустрацијата поради одложувањето на пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ создава простор за Русија да сее раздор во земјата преку „арсенал“ на хибридна војна, оцени Османи, кој вчера во Брисел присуствуваше на панел-дискусијата на конференцијата „Позадината на дезинформациите: Зајакнување на нашите општества против манипулациите и мешањето на странските информации“, чиј домаќин беше високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.
ВОЈНА ВО УКРАИНА
Руски стратешки авион Ил-76 се урна во регион Белгород
Руските платформи објавија дека авионот превезувал 63 лица, изворот на агенцијата од Вооружените сили на Украина тврди дека авионот имал серија ракети земја-воздух С-300.
Руските пропагандисти со хиперпродукција на лажни вести и видеа во обид да го дискредитира украинскиот воен персонал и нивните семејства
Претходно руската пропаганда, користејќи фалсификати, се обиде да ги убеди луѓето дека по руската анексија на Крим, животот на полуостровот станал многу подобар.
ФЛЕШ ВЕСТИ
СУДСТВО Предлогот за кандидатот Љубомир Јовески да биде избран за судија во Уставниот суд е повлечен, согласно тоа беше исцрпен дневниот ред од 13. седница на Комисијата за избор и именувања и расправата во Собранието на Република Северна Македонија заврши.
СТРУЈА За да се зголеми довербата кај граѓаните и да знаат дека никој не остварува екстра профит во јануарската сметка за потрошена електрична енергија која граѓаните ќе ја добијат во февруари нема да има надомест од 200 денари за пристап до мрежа, информира денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски.
МНАВ Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) го подготви прелиминалниот извештај од вонредниот надзор по инцидентот во националниот оператор за воздухопловна навигација во делот на обезбедувањето.
ИЗБОРИ Двојните избори кои ќе се спроведат во април и мај државата ќе ја чинат речиси 17 милиони евра, соопшти потпретседателката на Државната изборна комисија (ДИК), Дитмире Шеху на денешната 73 седница, на која се изгласаа вкупно 22 точки на дневниот ред.
ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ
ОСЛОБОДИ ГО УМОТ: Дујовски и Секуловски за дезинформациите и безбедноста
АЛ-ПРЕС
Редакциски избор од албанските медиуми во регионот
Истраги за случајот Мекгонигал, Агрон Неза по 6 часа го напушта СПАК; ЕП ја одобри резолуцијата за Албанија: Да се вклучат сите гласови од опозицијата во Изборната реформа; Шефот на канцеларијата на ЕУ загрижен за Регулативата која го исклучува динарот од оптек, бара појаснување од ЦБК; ЦИК ја прифати петицијата за разрешување на градоначалникот на Зубин-Поток; Би било неодговорно да не се зборува за можна војна.
ДЕЗИНФО
Зоран Божиновски-Буревесник шири лаги дека полицајци Албанци одбивале да апсат Албанци
Зоран Божиновски (Буревесник), кој се претставува како новинар, објави на Фејсбук дека наводно во МВР имало проблеми, односно полицајци Албанци не сакале да учествуваат во акција за масовно апсење во населени места со албанско население.
СЛОБОДНА ЗОНА
„Не знам колку голема мудрост или познавање на англискиот или некој друг светски јазик е потребен, за да се разбере пораката која на самитот на западно-балканските претставници во Скопје ја добивме. И со нашиот јазик и со слободен превод на кажаното е јасно. Правете онака како што ви се кажува, ова е вашето место во меѓународните односи и интереси и работете според договорените правила“, пишува Војо Маневски во колумната „Легнувањето на брашно како политика не е мудрост, туку претходна грешка!“.
Подготви: Д. Тахири