• Latest

Албански медиуми: СПАК го испитувал шест часа Неза од аферата Мекгонигал; ЕП бара да се вклучат сите гласови на опозицијата за изборната реформа; ЕУ бара појаснување за прекинот на српскиот динар во Косово

January 24, 2024

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

Албански медиуми: СПАК го испитувал шест часа Неза од аферата Мекгонигал; ЕП бара да се вклучат сите гласови на опозицијата за изборната реформа; ЕУ бара појаснување за прекинот на српскиот динар во Косово

January 24, 2024 10:46
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Специјалното обвинителство во Албанија вчера цели шест часа го испитуваше Агрон Неза, кој се спомнува во досието на контроверзниот случај Мекгонигал, поранешен функционер на ФБИ, кој наводно добивал пари од поранешен вработен во албанските разузнавачки служби, пишуваат албанските медиуми.

Европскиот парламент ја одобри резолуцијата за Албанија, преку која Брисел апелира за вклучување на гласовите од опозицијата во процесот на изборните реформи за да се обезбеди вистинска застапеност.

Ова се дел од темите од денешниот редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот.

АЛБАНИЈА

Топ Чанел: Истраги за случајот Мекгонигал, Агрон Неза по 6 часа го напушта СПАК

Името на Агрон Неза се споменува во досието на поранешниот функционер на ФБИ, Чарлс Мекгонигал, кој наводно добивал пари од поранешен вработен во албанските разузнавачки служби и не пријавил контакти и врски со функционери од други земји.

Во документите за регистрација на компанија во Албанија, се покажа дека Мекгонигал е во Албанија како деловен администратор од 2007 година, кога владата ја предводеше Сали Бериша.

Агрон Неза вчера шест часа беше испитуван во СПАК, каде што беше повикан во функција на истрагата за случајот Мекгонигал, пренесе Топ Чанел.

Газета Тема – ЕП ја одобри резолуцијата за Албанија: Да се вклучат  сите гласови од опозицијата во Изборната реформа

Европскиот парламент ја одобри резолуцијата за Албанија, преку која Брисел апелира за вклучување на гласовите од опозицијата во процесот на изборните реформи за да се обезбеди вистинска застапеност.

Во препораките на ЕП се повикува на конструктивен и сеопфатен политички дијалог од сите партии, се бара ангажман на опозицијата во Изборната комора, како и потреба од истражни комисии како витална контролна и балансирачка функција на Собранието.

„Мора да се користат различни средства за надзор, вклучително и истражни комисии, за зајакнување на одговорноста и демократското владеење во Албанија“ – апелира ЕП, пренесе Газета Тема.

КОСОВО

Газета Експрес: Шефот на канцеларијата на ЕУ загрижен за Регулативата која го исклучува динарот од оптек, бара појаснување од ЦБК

Новата регулатива на Централната банка на Косово која ќе стапи на сила на 1 февруари 2024 година наиде на многу реакции. Загриженост за ваквата регулатива покажа и Европската унија, пишува Газета експрес.

Шефот на Канцеларијата на ЕУ, Томас Шунјог, вчера го посети  гувернерот на ЦБК, Ахмет Исмаили, за да разговара за оваа регулатива која го менува работењето во готовина и која го регулира процесот на постапување со повлекување банкноти и евро монети и други валути кои се осомничени дека се фалсификувани.

Бота Сот: ЦИК ја прифати петицијата за разрешување на градоначалникот на Зубин-Поток

Централната изборна комисија (ЦИК) ја прифати петицијата за разрешување на претседателот на Зубин-Потоку, Измир Зеќири.

„Можам да потврдам дека досега го прифативме барањето со собрани потписи за проверка од страна на претседавачот на општинското собрание на Зубин-Поток. ЦИК, согласно важечката законска регулатива, ќе ја верификува листата на потписи, пренесе Бота Сот.

КОЛУМНА

Коха: Би било неодговорно да не се зборува за можна војна

„Точно е дека спомнувањето на војна поттикнува загриженост, влијае на зголемување на тензиите и ги попречува инвестициите.

Но, да не зборуваме за можноста за војна, исто така, би било крајно неодговорно. За жал, Косово сè уште не може да живее во верувањето дека мирот и слободата се загарантирани“, пишува авторот Аугустин Палокај во колумната „ Би било неодговорно да не се зборува за можна војна“, објавена во Коха.

Подготви: Д. Тахири

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ