• Latest

24 ЧАСА: ЦИВИЛ со осуда на криминалот и политичкото профитерство во случајот „Онкологија“; ЕУ со суштински предлози во октомври; Д-р Васев обвинет за случај од 2019 година

September 5, 2023
Фото: ЦУК / Фејсбук

ЦУК: Активни три пожари во реони на општините Прилеп, Македонски Брод и Чашка

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговори за Газа и покрај „неприфатливите“ барања на Хамас

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNBC

Маск основа нова политичка партија, ја нарече „Американската партија“

July 6, 2025
Тексашаните се соочуваат со последиците од поплавите Фото: Скриншот од видео на ВВС

Потрагата по исчезнати лица  во Тексас продолжува, во ненадејните поплави загина 51 лице, вклучувајќи 15 деца

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на Fox News

Трамп вели дека Путин „сака да продолжи да убива луѓе“, сигнализира испраќање ракети Патриот во Украина

July 6, 2025
Гробовите на Сребреница

Од 1992 до 1995 година во војната во БиХ исчезнале 3.838 жени

July 5, 2025
Газа (скриншот од видео снимка)

Израел продолжува со воздушните напади врз Газа откако Хамас соопшти дека е подготвен за преговори за прекин на огнот

July 5, 2025

Иран не се согласил на инспекции, ниту се откажал од збогатувањето ураниум, вели Трамп

July 5, 2025
Мурал Ратко Младиќ во Белград, Фотографија/ скриншот од видео на Ал Џазира

Србија и Сребреница: Од гласна тишина до бучна релативизација

July 5, 2025
„Жолто копче“ дигитално здравство
Фотографија/ Министерство за здравство

МЗ: Северна Македонија меѓу првите држави со европски стандард во дигиталното здравство – „Жолто копче“

July 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: ЦИВИЛ со осуда на криминалот и политичкото профитерство во случајот „Онкологија“; ЕУ со суштински предлози во октомври; Д-р Васев обвинет за случај од 2019 година

September 5, 2023 17:00
in ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ со осуда на криминалот и на политичкото профитерство во случајот „Онкологија“

ЦИВИЛ – Центар за слобода, како организација за човекови права и слободи, внимателно и со крајна загриженост го следи случајот „Онкологија“ кој го отворија истражувачките новинарки во „Фокус“ и „Слободен печат“. Во случајот постојат силни индиции за криминал и корупција со кој директно се загрозуваат здравјето и животот на пациентите, кои се основни човекови права.

Врз основа на обелоденетите сведоштва и факти, ЦИВИЛ изразува крајна осуда на криминалните активности насочени против здравјето и животот на луѓето.

По обелоденувањето, случајот „Онкологија“ предизвика бурна реакција и осуда, како од јавноста, така и од политичкиот врв на државата. Истовремено, надлежните институции јавно ветија дека ќе спроведат целосна истрага на случајот, а престапниците ќе ги изведат пред лицето на правдата.

Со оглед на индициите дека овој криминал се случувал многу долго време, ЦИВИЛ смета дека реакцијата е задоцнета, но во секој случај добредојдена ќе биде транспарентна и темелна истрага и најстроги законски санкции против сторителите, се наведува меѓу другото во соопштението од ЦИВИЛ.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Вархеји: Европската комисија планира да даде „суштински предлози“ во октомври

„Подготвени сме да излеземе дури и со храбри предлози – нови – и со нови идеи. „(Овој план) ќе ја забрза не само институционалната, туку и вистинската интеграција на тие земји во ЕУ. Тоа би вклучило сè, од реформи за владеење на правото, демократија, економски реформи и интеграција, подобрување на климата на инвеститорите и да ја обезбеди потребната финансиска поддршка за да се затвори јазот во развојот пред тие земји да станат членки. Ќе биде многу полесно да се интегрираат овие земји ако се многу поразвиени отколку сега и отколку во претходните случаи на проширување“, изјави комесарот за проширување Оливер Вархеји за „Еурактив“, додавајќи дека Европската комисија планира да даде „суштински предлози“ во октомври.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Демократија на руски начин: Кремљ се обидува да ги поништи изборите во сибирскиот регион по повлекувањето на неговиот кандидат поради страв од пораз

*

Претседателите на Турција и Русија на состанокот во Сочи не успеаја да се договорат за исполнување на условите од Москва на договорот за Црноморската иницијатива за жито и за продолжување на коридорот за жито.

*

Во селото Уљановка во привремено окупираната територија на Херсонската област, руските напаѓачи го принудуваат населението да „гласа“ на псевдоизбори под закана со оружје, објави движењето на отпорот „Жолта лента“ на Телеграм.

АНАЛИЗА

„Смртта на противникот на рускиот претседател Владимир Путин не е нешто ново во историјата на Русија. Повеќе од 20 критичари и противници на Путин се убиени или умреа во сомнителни околности од 2000 година наваму.“, пишува меѓу другото авторот Драган Мишев во анализата „ Смртта на Пригожин последна во серијата нерасчистени убиства во путиновата Русија, што е следно?“

ФЛЕШ ВЕСТИ

ПРАВДА Д-р Нино Васев обвинет за случај од 2019 година за пациент кој починал откако не бил навремено лекуван на Онкологија.

ПРОТЕСТИ Во петок , 8 септември, на датумот кога во 2021 година се случи катастрофалниот пожар во модуларната болница во Тетово, во кој живи изгореа 14 луѓе ќе има нов протест пред Основниот суд во Тетово.

ИНВЕСТИЦИИ Над 20 германски компании во Франкфурт ќе бидат запознаени со потенцијалите за инвестирање во Северна Македонија.

АЛ ПРЕС

Премиерот на Албанија, Еди Рама, вчера разреши шест министри и предложи нивни замени, со радикална промена на албанскиот владин кабинет во понеделник, во очекување на декретот на претседателот Бајрам Бегај. Косовските аналитичари излегоа со прогнози за наредната средба помеѓу косовскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ – дел од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми од регионот.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Ако се сеќавате, Груевски дојде на власт во 2006 година со пропагандната порака со убедувањето дека во земјата ќе дојдат странски инвеститори. Аргумент за „атрактивноста“ на Македонија за странските инвеститори беше „евтината работна сила“ што може да ја понуди нашата земја.“, пишува Џабир Дерала во колумната „КОНТРАСТИ: Груевски нудеше „евтина работна сила“, сега се обезбедуваат „работни места со конкурентни плати“.

„Аферата со лековите во Онкологија во црвено-црната партија ја дочекаа и во улога на жртва (заедно, нели, со народот) и во улога на спасител кој ќе донесе „сеопшт идеален живот“ во сите сфери. И, како и секогаш, вистината за овој случај, со сите релевантни детали, не е важна, та нели живееме во општество на пост-вистината?“, Љубомир Костовски во колумната „Што се случува во гримиорната наречена „Христо Татарчев“.

„Неофашистите (т.н. левица), заедно со својата постара политичка сестра (вмродпмне) покажаа крајна дрскост и вулгарност и за свои, евтини цели, целосно ги киднапираа тагата и револтот на граѓанките и граѓаните од грозниот коруптивен скандал во Клиниката за Онкологија.“, ЕС-ПРЕССО од Џабир Дерала – БЕСЧУВСТВИТЕЛНИ И ВУЛГАРНИ ПОЛИТИЧКИ МОНСТРУМИ: Киднапирање на еден протест.

„Освен паролите со говор на омраза и вулгарните транспаренти, меѓу демонстрантите се појави и девојка облечена во народна носија и маска со обележја на познатата озлогласена, екстремно десничарска група Кју Анон, давајќи му на протестот уште една димензија, секако, во погрешен правец. Наместо да им се даде простор на граѓаните да си ги изразат своите незадоволства и револт пред институциите, протестот се сведе на „извонредна“ шанса за дел од опозицискиот блок партии да си ги „играат“ своите агенди на улиците.“, пишува Дијана Тахири во колумната „Што бара Кју Анон на протести?“.

„Аферата „онкологија“ ми изгледа како чир на телото на државата. Како болест која или ќе се лечи или ќе го убие организмот. Како катарза низ која заедницата мора да помине за да се осознае себеси за да почне да бара лек и оздравее.“, од Војо Маневски во колумната „Заматена вода“.

Подготви: Д. Тахири

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ