ВЕСТ НА ДЕНОТ
Усвоени измените на Директивата за единствена дозвола за работа и престој на странци во ЕУ
Европскиот совет денеска во крајна фаза ја одобри ревизијата на Директивата за единствена дозвола за работа и престој во ЕУ за државјаните на земји кои не се членки на Унијата, со која се утврдува административната процедура за добивање на документот и се одредени правата кои ги имаат работниците од трети држави.
Целта на измените е да се привлечат стручно оспособени и талентирани кадри кои и се потребни на ЕУ и воедно да се надминат некои од недостатоците во однос на легалната миграција во Унијата. Со нив се скратува процедурата за аплицирање за дозволата и се зајакнуваат правата на работниците од странство.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
„Загрозен ни е наталитетот, загрозено ни е опстојувањето тука овде. Јазик ако треба да се брани само дека е посебен јазик, тоа е смешно, тоа е како Бог да се правда затоа што е Бог. Да не зборувам за тој печат кој го имаат оставено Конески, Кепески, да не одиме наназад. Тоа е затворена приказна. Тоа е јас да земам да ти се правдам зошто се викаш Дениз или ти мене Дарко… тоа е моето мислење“ рече писателот Дарко Лешоски на каналот на Слободен печат во соработка со ЦИВИЛ Медиа и Трн.мк.
ФЛЕШ ВЕСТИ
ИЗБОРНА ХРОНИКА: Барања за гаранции во Брисел, Преговарачката рамка не е Библија, Куран или Талмуд, Поништување на Преспански договор значи надвор од НАТО
ДЕЗИНФО Фактите на Пендаровски ги разобличуваат лагите на Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ
ИСТРАЖУВАЊЕ Граѓаните најголема доверба од 44 отсто имаат во Армијата, потоа следат религиските институции со 35 отсто, полицијата со 28 отсто, па претседателот на државата со 24 отсто. Владата традиционално е на средина на рангирањето со доверба од 18 отсто, а најниска доверба имаат Собранието со 12 отсто и Обвинителството и судството со по 9 отсто, покажуваат резултатите од истражувањето „Еврометар 2024“ што го спроведе Центарот за европски стратегии – Евротинк.
СВЕТ Алексеј Навални напишал мемоари пред својата смрт, ќе бидат објавени во октомври годинава
ВОЈНА ВО УКРАИНА
Русија испраќа војници од воените единици на далечниот исток, вклучително и од нејзината Пацифичка флота и 11-та единица на Воено воздухопловство и Единиците за воздушна одбрана, за да ги надополни персоналните загуби во Украина, соопшти одбранбеното разузнавање на Украина, пренесува Укринформ.
*
Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина
АЛ-ПРЕС
Специјалниот суд во Албанија прогласи за виновни девет жени вратени од Сирија, обвинети за учество во терористичка организација и учество во борбени активности во странска земја, јавува Радио Слободна Европа на албански јазик.
ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
Дерала: Демократскиот систем надминува, а не создава конфликти и се стреми кон еднаквост, стабилност и развој
Костовски: Иднината на државата зависи од секој поединец, гласај!
Иванов: Треба да излеземе и да гласаме, тоа е слобода, тоа е демократија, тоа е наш избор
СЛОБОДНА ЗОНА
На митингот во центарот на Москва пред само една година, познатиот руски актер и поранешен православен свештеник Иван Охлобистин беше меѓу првите што се осмели да ја нарече руската инвазија на Украина „Света војна“. Слично на мрморењето на еден лудак во тоа време, ова е сега официјалниот став на РПЦ, пишува Драган Мишев во анализата „Руската православна црква, продолжената рака на Путин – црв на раздорот во православниот свет“.
Д. Муратов