• Latest

24 ЧАСА: Вкупно 39 години затворски казни за случајот „Ласкарци“; Ковачевски ја поднесе оставката во Собрание; ДИК го објави Е-регистарот за подзаконски акти

January 25, 2024
Фото: Министерство за одбрана

Мисајловски: Со поддршка од ЕУ, зајакнување на македонската Армија со помош во опрема од 40 милиони евра

May 23, 2025

Пратеничката Мимоза Муса ја напушти АА на Таравари

May 23, 2025

(ВИДЕО) Син го чека својот татко од руско заробеништво – Украина и Русија ја почнаа најголемата размена на затвореници од почетокот на војната

May 23, 2025
Фотографија: МИА

Протест пред Владата на Србија: Професорите поднесоа барање за распишување избори

May 23, 2025

Идниот гувернер ќе се избира на пленарна седница на 28 мај, Сиљановска го предложи Славески

May 23, 2025

(ФОТО) Зоран Кардула претстави 120 портрети на познати личности со влашко потекло, Небојша Гелевски го додаде Кардула

May 23, 2025
Фото: Скриншот од видео на DW News

Германија распоредува постојани трупи во друга земја за прв пат по Втората светска војна

May 23, 2025
Вештачка интелигенција (Foto: Wikimedia Commons)

Советот на ЕУ предлага инклузивна и етичка стратегија за користење на вештачката интелигенција во науката

May 23, 2025
Фото: Скриншот од видео на The Economic Times

Иран не верува дека е веројатен нуклеарен договор, иако разговорите со САД се очекува да продолжат

May 23, 2025

РЕАКЦИИ: Телевизиите – под партиски диктат, без креативна слобода?

May 23, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Вкупно 39 години затворски казни за случајот „Ласкарци“; Ковачевски ја поднесе оставката во Собрание; ДИК го објави Е-регистарот за подзаконски акти

January 25, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Вкупно 39 години затворски казни за случајот „Ласкарци“

Вкупно 39 години добија обвинетите во случајот „Ласкарци“ којшто се однесува на автобуската несреќа што се случи во 2019 година во која животот го загубија 16 патници, а над 30 беа повредени.

Судечкиот совет при Основниот Кривичен суд Скопје денеска го прогласи за виновен обвинетиот Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс“ и му изрече казна затвор од четири години, на одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари казна затвор од шест години, а на тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боваровски, кои се товарат за соучество во истото дело, им изрече затворска казна од по пет години.

Најголема казна затвор од 14 години доби возачот на автобусот, Маноил Трифуновски.

На обвинетите им беше изречена и забрана за вршење професија и должност во времетраење од пет години.

ИЗЈАВИ НА ДЕНОТ

Сарачини: Борбата против дезинформациите е борба за опстанок на медиумите

Институциите, граѓанскиот сектор, образованието и особено политичките актери да се вклучат во борбата против дезинформациите кои предизвикуваат говор на омраза. Политичките актери да водат битка на идеи и решенија, наместо битка на пропагандата и деструктивна поларизација, вели Петрит Сарачини, новинар и претседател на Институтот за медиуми и аналитика (ИМА), во серијалот на ЦИВИЛ насловен: „Ослободи го умот“ – посветен на борбата против дезинформациите, пропагандата и хибридните закани.

Дујовски: Дезинформациите имаат моќ да ги менуваат дури и стратешките концепти на развој на безбедносниот или кој било друг сектор во општеството

Најдобриот одговор на секоја лажна вест, или погрешна информација, е вистината, вели универзитетскиот професор Никола Дујовски, одговарајќи на прашањето кои се клучните елементи на борбата против дезинформациите, пропагандата и хибридните закани во Северна Македонија?, на панелот од серијата Ослободи го умот.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Кијив инсистира на меѓународна истрага за падот на рускиот Ил-76, додека Русија го користи падот на авионот за да сее незадоволство во Украина

ФЛЕШ ВЕСТИ

ОСТАВКА Премиерот Димитар Ковачевски претпладнево лично ја достави во Собранието неговата оставка, со што во оставка е целата Влада до изборот на техничката влада во недела на 28 јануари.

УСТАВЕН Според објавеното на веб страницата на Собранието, за судија на Уставниот суд е предложена Ана Павловска-Данева, професорка на Правниот факултет во Скопје.

Е-РЕГИСТАР Државната изборна комисија (ДИК) на својата веб-страница го објави Е-Регистарот на подзаконски акти. Од Комисијата појаснуваат дека на Е-Регистарот може да пристапи секој граѓанин кој сака да дознае како да го искористи своето право на глас, кандидат кој сака да се кандидира на следните избори и секоја заинтересирана организација или лице кои сакаат да го набљудуваат изборниот процес.

НОВА ВЛАДА Првиот вицепремиер и министер за политички систем Артан Груби потврди дека негов заменик за функцијата прв заменик на премиерот во преодната влада ќе биде вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

АЛ-ПРЕС

Редакциски избор од албанските медиуми во регионот.

Досја: Курти побара интегративен процес одвоен од дијалогот,  ЕУ – Европскиот пат на Косово зависи од нормализацијата на односите со Србија

Зери: Продолжува судскиот процес против поранешните водачи на ОВК

Коха: Претседателот на Северна Македонија денеска е во посета на Косово

Топ Чанел: Специјалниот апелациски суд ја потврди одлуката за домашен притвор на Бериша

Сури-  Европски центар: Албанија, на линијата на шверц на хероин од Авганистан преку Европа

КОЛУМНА – EO: Пропаднато општество со согласност и придонес на мнозинството

СЛОБОДНА ЗОНА

„Помалите (по обем) фашистички партии со смешни и лажни имиња се цицалчиња, пијат од отровното млеко на големата идеолошка биволица (партијата), чиј шеф е протагонистот на случајот Х. Тие се само нивна сенка, а некои дури се и „родени“ во морбидните лаборатории на грдата палата, под будното око на политички франкештајни од Истокот. Зошто да трошиме електронско мастило на нив? Знаеме од каде доаѓаат и каде тргнале.“, пишува Џабир Дерала во колумната „Меѓу европската иднина, опсесијата и тапанот на Путин“.

Подготви: Д. Тахири

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љупчо Георгиевски, претседател на ВМРО НП (Фотографија: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

    Георгиевски: За време на геноцидот во Сребреница, најголемиот дел од македонското општество беше наклонет кон Србија, за што секој искрен Македонец треба да се срами

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • 24 ЧАСА: Поставена скулптурата „Горчливото сеќавање на детството“ во паркот „Украина“ во Чаир; Обвинителката Ристоска бара јавно извинување од Латас; Велика Британија ги прекина разговорите за слободна трговија со Израел поради војната во Газа

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ФБИ: Фаталната експлозија во близина на клиниката за плодност во Палм Спрингс е терористички чин 

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Поднесени две обвиненија за предметот „Онкологија“ – опфатени двајца екс директори и четворица лекари онколози

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Приведени четири лица од групата „Беланоца- Барон“, осомничени за убиства на „Пластичарска“ и Грција

    88 shares
    Share 35 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ