ВЕСТ НА ДЕНОТ
Владата распиша тендер за прес-клипинг за оценување позитивни, негативни и неутрални вести
Владата објави тендер за избор на фирма која треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание и ќе овозможи да се прави оценување на објавените вести дали се позитивни, негативни или неутрални. Во техничката спецификација на тендерот објавена на страната на Бирото за јавни набавки без да се специфицира предвидениот буџет, стои дека фирмата која ќе биде избрана на тендерот треба да овозможи услуга за оценка на медиумското влијание или клипинг односно следење, селекција, изработка и дистрибуција на објави во печатените, електронските, интернет медиумите и на социјалните мрежи.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Зеленски: САД не смеат да го извадат Путин од глобалната изолација, тој наскоро ќе умре и се ќе биде готово
„Од клучно значење е САД да не го извадат рускиот претседател Владимир Путин од политичка и економска изолација. Верувам дека ова е опасно. Ова е еден од најопасните моменти. Тој наскоро ќе умре, тоа е факт и се ќе биде готово“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за вестите на Евровизија на 26 март.
РЕГИОН
Кенија го призна Косово, српското МНР силно ја осуди одлуката нарекувајќи ја „грубо кршење на меѓународното право“
Кенија го призна Косово како независна држава, првата земја што го стори тоа по речиси пет години застој во напорите да добие дополнително меѓународно признавање. Од МНР на Србија веднаш реагираа на одлуката на Кенија, нарекувајќи ја грубо кршење на меѓународното право.
СВЕТ
Северна Кореја испрати уште 3.000 војници за да ја зајакне руската војна против Украина
Додека траат одделните разговори на САД со Украина и Русија за ставање крај на руската војна во Украина, и двете земји се сложија за иограничен прекин на огнот, се чини дека Северна Кореја испратила уште најмалку 3.000 војници во Русија на почетокот на оваа година, соопшти војската на Јужна Кореја во четвртокот, покажувајќи ја континуираната поддршка на Пјонгјанг за војната на Москва против Украина додека светските лидери се залагаат за прекин на тригодишниот конфликт.
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за одлуката на Владата за минималецот без консултација со работниците?
СЛОБОДНА ЗОНА
„И додека земјава ја одбележува пртгодишнината од членството во Алијансата, со што беше исполнета една од стратешките цели на државата, дел од државниот врв присуствува на анти-НАТО собири во соседството“, пишува Драган Мишев во „Северна Македонија одбележува пет години членство во Алијансата, вицепремиерот на анти-НАТО собир“.
Подготви: Б. Јордановска