• Latest

24 ЧАСА: Власта бара морална одговрност и оставки од петте членови на Судски совет; барање за зголемување на БДП на НАТО побара Дуда; нов бран измама за „олеснување“ на сметките на граѓаните

March 13, 2025
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Власта бара морална одговрност и оставки од петте членови на Судски совет; барање за зголемување на БДП на НАТО побара Дуда; нов бран измама за „олеснување“ на сметките на граѓаните

March 13, 2025 17:15
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

По изгласаната недоверба, власта бара оставки од Дамева, Црвенковска, Мустафа, Чачарова – Илиевска и Адеми

Морална одговорност и напуштање на позициите очекува премиерот Христијан Мицкоски од петмината членови на Судскиот Совет, на кои им беше изгласана недоверба во Собранието. Заменик министерот за правда Ален Деребан, пак, го повика Судскиот совет итно да закаже седница и да расправа за заклучоците на Собранието, а членовите опфатени со интерпелациите да си поднесат оставки. Заменик – министерот за правда Деребан рече дека изгласаната интерпелација значи дека тие немаат легитимитет да земат учество, а уште помалку да одлучуваат во рамки на Советот. Изгласувањето на интерпелациите не значи оставки за овие пет члена на Судскиот совет, а за заминувањето од функциите на петте члена на Судскиот совет ќе треба да одлучат самите, како што налага Законот за Судски совет.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Анджеј Дуда: НАТО мора да биде храбар и решителен, веќе немаме време за дискусии, мора да дејствуваме сега

.„Денес НАТО мора да биде смел и решителен во своите постапки. Затоа, пред неколку дена поднесов официјално барање до генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, да се зголемат трошоците за одбрана на минимум 3% од БДП од сите членки на НАТО, на претстојниот Самит во Хаг. Немаме повеќе време за дискусија. Ни треба одлука. Мора да дејствуваме сега“, рече полскиот претседател Анджеј Дуда на 26-годишнината од пристапувањето на Полска во НАТО.

РЕГИОН

Пратениците на собранието на Република Српска изгласаа одлука за усвојување нов Устав, ОБСЕ смета дека со тоа се крши уставниот поредок на Босна и Херцеговина

Народното собрание на Република Српска синоќа усвои предлог-одлука за пристапување кон усвојување нов Устав на Република Српска. ОБСЕ соопштение во врска со неколку закони и мерки усвоени од Народното собрание на Република Српска на 27 февруари и кои влегуваат во сила на 6 март, а кои го оспоруваат уставниот поредок на Босна и Херцеговина: Неодамнешното усвојување на сет закони и мерки во Народното собрание на Република Српска, кои забрануваат работа на судските и безбедносни институции на Босна и Херцеговина на територијата на Република Српска и нивното влегување во сила, го крши уставниот поредок на Босна и Херцеговина и ја загрозува стабилноста и единството на земјата.

СВЕТ

Францускиот парламент усвои резолуција со која се повикува на запленување на руски имот

По неколкучасовна дебата, Долниот дом на францускиот Парламент усвои резолуција за зајакнување на поддршката за Украина, вклучително и повик за запленување на рускиот имот. Текстот на резолуцијата, усвоен со 288 гласа „за“ и 54 „против“, има суштинска симболична вредност. Против гласаа само пратениците на екстремно левичарската партија Неосвоена Франција (ЛФИ), додека Националниот собир (РН) и умерената десничарска партија „Републиканци“ беа воздржани.

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за надворешната политика на владата на Мицкоски?

ИНТЕРВЈУА

Андријаускас: Не можеме да бидеме бранители на човекови права само во нашето општество и да ги занемариме злоупотребите на човековите права во Русија и другите авторитарни режими

Штајнакер: Постои јаз помеѓу убавите разговори, одржливоста, Зелениот договор и реалноста на теренот

Ресман: Треба да се бориме за слободата на демократските медиуми, и да ја поддржиме Украина и украинското новинарство во време на војна

ДЕЗИНФОРМАЦИИ

„На Фејсбук се шири лажна вест злоупотребувајќи го името на премиерот Христијан Мицкоски и името на министерот за економија Бесар Дурмиши за да ги измами корисници на социјалните мрежи со цел да ми земат пари од нивните сметки. За таа намена се злоупотребува логото на веб-страницата на телевизијата Канал 5 и имиња на новинари за да се помисли дека се работи за вистинска вест за да ги намамат следбениците да кликнат“, пишува ЦМТ во „Внимание, нов бран измама: Лажно интервју на Канал 5 со Мицкоски и Дурмиши за да им ги „олеснат“ банкарските сметки на граѓаните“.

Подготви: Б. Јордановска

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ