• Latest

24 ЧАСА: Во Брисел усвоен извештајот на Вајц за Северна Македонија; Прекин на огнот меѓу Израел и Иран; Србија го запре извозот на оружје под руски притисок

June 24, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Во Брисел усвоен извештајот на Вајц за Северна Македонија; Прекин на огнот меѓу Израел и Иран; Србија го запре извозот на оружје под руски притисок

June 24, 2025 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Помина во Брисел извештајот на Вајц за Северна Македонија

Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) на Европскиот парламент денеска со 40 гласови „за“, 19 „против“ и 10 „воздржани“ го усвои Предлог-извештајот за земјава подготвен од австрискиот европратеник Томас Вајц.

Пратеничката група на Европската народна партија претходно поднесе амандман по скратена постапка за вметнување на зборот „современ“ пред македонски јазик и идентитет во Извештајот, но согласно Деловникот за работа, тој не беше ставен на гласање затоа што против таквиот предлог се изјаснија најмалку шест пратеници членови на АФЕТ. На гласањето му претходеше нервозна атмосфера која се почувствува и во обраќањето на претседавачот на АФЕТ, Мекалистер, кој нагласи веднаш дека еднаш лани не бил усвоен извештај за Македонија и дека се надева дека тој ќе помине денес – бидејќи на ЕП и треба позиција за ова прашање од Парламентот.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Вајц: Северна Македонија заслужува да биде дел од ЕУ – мора да го задржиме позитивниот замав

Горди сме на целокупната работа и напорите што беа вложени во постигнување компромиси, со што успеавме да донесеме избалансиран извештај, поддржан од политичкото мнозинство. Северна Македонија припаѓа во ЕУ. По 20 години преговори, мора да го задржиме сегашниот позитивен замав и да продолжиме со унапредување на процесот на проширување“, изјави Томас Вајц по усвојување на Извештајот за Северна Македонија, прв по 2022, што тој го подготви, како известувач од земјата.

РЕГИОН

Вучиќ го запре извозот на воена опрема по руските обвинувања

Србија го запре целиот извоз на муниција во екот на израелско-иранскиот конфликт и честите критики од Москва за Украина. На прашањето дали со извозот на муниција во Израел, Србија избрала страна во израелско-иранскиот конфликт, претседателот Александар Вучиќ одговори: „Сега не извезуваме ништо“, јавуваат српските медиуми.

СВЕТ

Израел се согласи на прекин на огнот со Иран, Трамп ги замоли двете земји да не го кршат

Претседателот на САД, Доналд Трамп, вели дека прекинот на огнот меѓу Израел и Иран „сега е на сила“ и им кажува на двете земји: „Ве молам, не го кршете!“ Неколку часа по објавата на Трамп, израелската влада потврдува дека се согласува со прекинот на огнот и предупредува дека „ќе одговори енергично на секое кршење“ Иран претходно изјави дека ќе ги запре нападите само ако Израел го стори истото.

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за Парадата на гордоста во Скопје? 

АНАЛИЗИ

„И додека на Парада на гордоста ја даваат поддршката за Газа, со која раководи Хамас, не е лошо да се иинформираат каков третман во Газа имаат геј луѓето. Години наназад извештаите на групите за човекови права посочуваат на праксата на палестинската самоуправа во Газа и Хамас рутински да ги мачат активистите за човекови права, жените, ЛГБТК+ лицата, и политичките противници.. Скопје Прајд не е изолиран случај. Од нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година, голем дел од организираната ЛГБТК+ заедница, која историски добиваше поддршка од еврејската заедница, застана на страна на пропалестинска антиизраелска активност. Евреите и поддржувачите на Израел беа изолирани од ЛГБТК+ заедницата иако, почнувајќи со движењето за граѓански права од 1950-тите и 1960-тите, тие беа длабоко вклучени во активизмот и им даваа поддршка на организациите што ги унапредуваат правата на ЛГБТК+ луѓето, жените, расната еднаквост и репродуктивната слобода“, пишува Драган Мишев во анализата „Како Скопје Прајд стана квази левичарска, про-палестинска подружница“.

Подготви: Б. Јордановска

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ