Упатувам искрени честитки за 24-годишнината на ЦИВИЛ, со желба да продолжите да бидете гласноговорници на заедништвото во нашето општество, борбата против секаков вид на дискриминација, афирмацијата и споделувањето на евро-атлантските вредности и цврстата определба на граѓаните за сојузи како НАТО и ЕУ заедно со најразвиените и најдемократските земји на светот, бескомпромисната борба за човековите права и слободи, демократијата и слободата на говорот и изразувањето.
Сигурен сум дека определбата на ЦИВИЛ човекот да биде во фокусот на јавното делување на сите чинители во општеството била и ќе остане оската околу која слободната граѓанска мисла ќе гравитира и понатаму, затоа што и минатото нè учи дека секогаш кога сме се сплотиле околу овие вредности сме ги постигнале најголемите успеси како држава, а длабоко сум убеден дека и во иднина ова ќе биде единствениот прав пат за визијата на нашата генерација – Северна Македонија да биде сплотена внатре, демократски и економски развиена, и почитувана и интегрирана земја со прогресивниот свет!
Среќен роденден, ЦИВИЛ!