Вест на денот – Јоханес Хан во Скопје
Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, Јоханес Хан, денеска е во посета во Скопје. Посетата е во духот на реформите поврзани со евроинтеграцијата на земјата и очекувањата наесен на Северна Македонија да и биде одреден датум за почеток на пристапните преговори.
На денешната заедничка прес-конференција премиерот Зоран Заев и еврокомесарот Јоханес Хан изразија надеж дека е можен датум за преговори за влез во ЕУ во октомври. „Ние сме земја која е поблиску до ЕУ, благодарение на еврокомесарот Хан. Сигурни сме дека Хан ќе остане силен подржувач на политката на проширување, за време на нашиот разговор очекувам ЕУ да го одржи зборот и да ги отпочне преговорите за ЕУ во октомври.
“Се надеваме сите ќе ги преземат сите неопходни мерки, за старт на преговорите во октомври. Жалам што земјите членки не го сторија тоа во јуни, бидејќи вие остваривте сè што беше побарано. Уверен сум врз основа на вашата изјава дека оваа одлука ќе биде донесена во октомври. Сега е време лидерите на ЕУ да ги испорчаат своите обврски“, изјави Хан. Тојапелираше до политичките партии што побрзо да дојдат до решение за законот за јавно обвинителство , и дека судскиот систем мора да работи според правилата и тоа мора да го почитуваат сите.
Во посета на земјата е и вршителот на должност помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип РикерТој денеска ја посети Битола, придружуван од американската амбасадорка во земјава Кејт Бернс, и оствари средба со градоначалничката Наташа Петровска.
Ток изрази задоволство што повторно е во посета на Битола и ја претстави новата американска амбасадорка Бернс, која за прв пат беше во официјална посета на Општина Битола. Рикер го продолжи работниот престој во Скопје кадешто утре ќе се сретне со државниот врв и претставниците од политичките партии во земјава.
Институциите кревки во борбата со лажните вести и дезинформации
Во борбата против лажните вести и дезинформации – Владата ќе формира Акциска група за борба против дезинформации и напади на демократијата, во која ќе бидат поканети да учествуваат претставници од канцеларијата на Претседателот на Владата на РСМ, Претседателот на РСМ, Собранието, Кабинетот на министерот задолжен за комуникации, транспарентност и отчетност, МВР, MO, МНР, Управата за безбедност и контраразузнавање, Агенција за разузнавање и други, чија задача ќе биде анализирање и следење на појавите на дезинформирање на јавноста и координирање на борбата против ширење на дезинформациите.
Само шест отсто од граѓан(и)ите сметаат дека институциите успешно се сравуваат со дезинформациите, беше заклучокот од една онлајн анкета на ЦИВИЛ – Дали институциите успешно се справуваат со говорот на омразата и лажните вести на социјалните мрежи и во медиумите?
Прашањето беше поставено на почетокот на оваа година, при што во текот на изминативе неколку месеци организацијата бележи засилено темпо на пласирање лажни вести и дезинформации во јавноста. За повеќе информации околу пласирањето лажни вести и дезинформации, прочитајте на следните линкови на ЦИВИЛ Медиа: Институциите кревки во борбата со лажните вести и дезинформации…
Флеш вести
Општина Охрид ќе постапи согласно законите по барањето на ДКСК за раскинување на договорите со Нефи Усеини
Државната комисија за спречување на корупција и судир на интереси побара од Општина Охрид да се раскинат сите договори со фирмите во сопственост Нефи Усеини, кој воедно е и советник во Советот на Општината.
Предлог измените за поголема инклузивност во основното образование прифатени од пратениците
На вчерашната 106 собраниска седница доцна попладне по прво читање се прифатија предлог измените на Законот за основно образование со кои се предлага наместо досегашниот минимален број од 24 ученици во паралелката, како минимален праг да се утврдуваат 20 ученици.
Д. Тахири