• Latest

28 април, вонредна состојба, ден 41: Првомајскиот викенд со скратен полициски час, задолжително носење маски и друга заштитна опрема…

April 28, 2020

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
Скриншот од видео на
The Telegraph

Што доби – и што не доби Орбан од Трамп

November 9, 2025

Кремљовскиот режим на тортура

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (4): Траекторија на ризикот за следните 3-6 месеци

November 9, 2025
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

November 9, 2025

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

28 април, вонредна состојба, ден 41: Првомајскиот викенд со скратен полициски час, задолжително носење маски и друга заштитна опрема…

April 28, 2020 16:48
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: За 1, 2 и 3 мај полицискиот час ќе почнува во 14 и ќе трае до 5 часот наутро следниот ден

Покус полициски час за првомајските празници утврди Владата на денешната седница, со новата одлука за ограничување на движењето на граѓаните на територијата на целата држава за време на првомајските празници.

На 1, 2 и 3 мај, односно петок, сабота и недела, ќе биде дозволено движењето на граѓаните од 5 часот наутро до 14 часот. Забраната за движење во целата држава ќе почнува во 14 часот и ќе трае до 5 часот следниот ден, напиша на својот фејсбук профил премиерот Оливер Спасовски,

За лицата над 67 годишна возраст, во петок, сабота и недела ќе биде дозволено движење од 5 часот наутро до 11 часот.

Сите деца и млади лица до 18 години, во петок, сабота и недела ќе може да излегуваат од 12 до 14 часот.

ВОНРЕДНА СОСТОЈБА

Во изминатите 24 часа направени се 362 тестирања, а потврдени се 22 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во Скопје-11, Куманово-2, Струга-1, Велес-3, Кавадарци-2, Гостивар-2 и Неготино-1. Со ова вкупната бројка дијагностицирани со КОВИД-19 во земјава изнесува 1.421, бројката на оздравени пациенти е 589, на починати е 71, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 761.

*

Во текот на изминатите 24 часа на ниво на цела држава вкупно 42 лица не го почитувале полицискиот час, а од нив 32 се приведени, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

*

Во текот на изминатото деноноќие, за време на спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на болеста КОВИД-19, според статистичките податоци на МВР, три лица во Кичево не ја почитувале забраната за движење, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

*

Владата денеска соопшти дека остануваат да важат мерките за лична заштита, односно задолжителното носење заштитна опрема (маска, марама или шал) на устата и носот, во сите јавни објекти како државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, јавен превоз, чекални, здравствени институции и слично.

Носењето на заштитна опрема е задолжително и на отворени простори, секогаш кога не може да се одржува минимална дистанца од два метри меѓу граѓаните.

*

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека нема информација дека сега има дополнително зголемување на цените на маските, но ќе сигнализира до двата надлежни инспектората да направат увид.

Тој денеска на прес-конференција појасни дека  не мора задолжително да се носи хируршка маска без разлика дали е двослојна или трослојна, туку таа може да се замени и со шал, марама или шамија.

*

Многу е важно личната заштитна опрема да се користи правилно, за да се спречи дополнителен ризик од инфекција. Заштитната маска за една употреба не смее да се користи повеќе пати, објави на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.

*

„Сегашните анализи укажуваат на тоа дека факторот трансмисија на КОВИД-19 генерално на целата земја е под 1, меѓутоа правиме детални анализи за одредени региони во земјата и чекаме уште неколку денови да видиме како ќе биде трендот на новодијагностицирани. Со сите мерки досега ја израмнивме кривата на епидемијата, не го оптоваривме здравствениот систем. Имавме линеарен број случаи со коронавирус и секој ден имаме нов број на оздравени“, истакна министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција, преку онлајн-видео комуникација.

*

„На Светскиот ден за безбедност и здравје на работа им оддавам чест на сите мои колеги здравствени работници кои се во првите борбени редови против коронависусот. Тие несебично се грижат за сите нас и се борат за секој живот“, објави на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.

*

Според податоците на Институтот за јавно здравје, најголем број заболени во земјава се на возраст од 50 до 59 години, 292 случаи односно 20,9 отсто, каде е регистрирана и највисока специфична инциденца, додека најмала инциденца од 22,4 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 10-19 и 0-9 години, каде се пријавени 56 и 51 случаи соодветно.

ФЛЕШ ВЕСТИ 

Организирана колона од камиони, автобуси, комбиња со вклучени сирени попладнево се движи низ центарот Скопје. На тој начин транспортерите организирани од асоцијацијата Макам-транс изразија протест за покачената акциза на горивата и побараат поддршка за транспортниот сектор кој е меѓу најпогодените со здравствено економската криза предизвиката од коронавирусот.

*

Имаме најниски цени на нафтените деривати во регионот и најниска цена во изминатите 10 години, а промената на цената на акцизата нема никаков негативен ефект врз транспортната дејност, соопшти денеска Владата.

*

Пратениците од СДСМ ќе го почитуваат ставот на претседателот на Собранието Талат Џафери за несвикување итна седница за потврдување на одлуките за вонредна состојба поради коронавирусот, но бараат одговор на нивното барање кое е формално доставено до Собранието.

*

За 25 проценти се зголемени повредите на работа во 2019 година во однос на претходната година. Најмногу повреди на работа се регистрирани во индустријата и рударството, покажува анализата на Институтот за јавно здравје за состојбата на повредите на работа.

*

Владата донесе Уредба за изменување и дополнување на Законот за социјална заштита за време на вонредна состојба. Целта на овие измени, покрај другото е да се овозможи брз влез во системот на социјална заштита и за граѓаните кои останале без работа за време на кризата, а кои не ги исполнуваат условите за остварување на паричен надомест за време на невработеност.

*

Министерот за образование и наука, Арбр Адеми на својот Фејсбук профил објави дека на социјалните мрежи се шири фотографија дека наводно Владата донесе уредба за продолжување на школската година.

*

Двете момчиња кои навредуваа и тепаа 21 годишна девојка во влез на станбена зграда, а насилството го снимале на мобилниот телефон денеска пред судот изразиле каење и вина за стореното дело.

СЛОБОДНА ЗОНА

Ууупс, ете, одиме на избори! … Како знам? Па, погледајте ја палетата од вчерашните настапи на опозицијата! Чулев наеднаш се противи на продолжување на домашниот карантин и за следниот викенд, иако до вчера опозицијата ја критикуваше СДСМ за недоволно строги и решителни мерки за комплетна изолација и ставање „под клуч“ на цели општини, пишува Сашо Орданоски во колумната „Опозицијата ни на небо, ни на земја“.

„Пандемијата предизвикана од КОВИД-19 создава и ќе создава уште долг период проблеми и ги става и ќе ги става државите и заедниците пред нови предизвици.

Глобалноста на пандемијата со која се соочија луѓето ја покажа сеопштата поврзаност на човештвото, со леснотија преминувајќи преку границите кои луѓето сами ги поставиле, ги минимизираше разликите базирани на вера, култура, образование, раса, статус… и на површина  исфрли многу проблеми кои вообичаено се маргинализираат или се занемаруваат заради тоа што им се случуваат на „оние другите“, а не нам.“, пишува Мирјана Најческа во „Научени лекции“.

Чудно е како феноменот „лидерска средба“ не функционира во ниту една друга држава во светот, поенти на Џевдет Хајредини.

А. Петровска

Share34Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ