• Latest
(архива) Никола Груевски пред Кривичен, 2018 (фото: Киро Попов / kolektif)

28 јануари: Груевски останува без плата, интерпелација и кривични пријави

January 28, 2019

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

28 јануари: Груевски останува без плата, интерпелација и кривични пријави

January 28, 2019 17:37
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
(архива) Никола Груевски пред Кривичен, 2018 (фото: Киро Попов / kolektif)

(архива) Никола Груевски пред Кривичен, 2018 (фото: Киро Попов / kolektif)

Share on FacebookShare on Twitter

Никола Груевски ќе остане без пратеничка плата. Мнозинството го менува законот за пратеници, во кој досега немаше можност во текот на мандатот да му биде одземена платата, иако од средината на ноември е во азил во Унгарија. Предлагаат дополнување на членот 11, со член 11-а, кој гласи: „Ако пратеник е осуден со правосилна судска пресуда на казна затвор подолга од шест месеци, го губи правото на исплата на плата, други лични примања и надоместоци на трошоци“.

Проширувањето на дневниот ред, беше изгласано веднаш и покрај опомената од  спикерот Талат Џафери дека тој закон е поднесен во процедура надвор од рокот во кој е заклучен дневниот ред на седницата.

Интерпелација на ВМРО-ДПМНЕ

На дневен ред на собраниската седница денеска е интерпелацијата за министерот за надворешни работи, Никола Димитров, која ја поднесоа пратениците на ВМРО – ДПМНЕ. Во образложението е наведено дека пратениците бараат морална, политичка и професионална одговорност од министерот Димитров.

Обвинение за заканувачите на ДУИ кон СЈО

Обвинителот Гаврил Бубевски поднесе кривична пријава против адвокатот Мефаиљ Арслани на обвинетите функционери на ДУИ Ејуп Алими и Исмет Гури, поради постоење основа на сомнение дека пријавениот сторил кривично дело „Загрозување на сигурноста“ од чл. 144 ст. 3 в.в ст. 1 од КЗ, информираат од Специјалното јавно обвинителство. На едно од рочиштата за случајот „Титаник 3“, обвинителите Бубевски и Фетаи истакнаа дека адвокатот Арслани им се заканувал и им ја загрозил сигурноста, но тој го негираше тоа, нагласувајќи дека како адвокат професионално ја врши својата дејност и дека наводите на обвинителите се заради медиумски простор.

МТСП со пријава за проневерување на 19 милиони евра

Министерството за труд и социјална политика денеска до Основното Јавно обвинителство достави кривична пријава против непознат сторител и сите документи од анализата на пензискиот систем со која беа откриени неправилностите во распределувањето придонеси за дел од идните пензионери. Министерството за труд и политика ја исправа неправдата која претходната власт им ја нанела на овие луѓе и им ги враќа парите на граѓаните. За таа намена на приватните пензиски друштва ќе им биде исплатена сума од 19 милиони евра обезбедени од Буџетот. Овие средства ќе бидат распределени на оштетените осигуреници, односно на секој по околу 400.000 денари.

ССМ ќе бара повисоки плати за новинарите

Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници, ССНМ, започна кампања за подобрување на социјалниот статус на новинарите и медиумските работници. Како што велат од ССНМ за тоа е потребно солидарност и здружување за постигнување на заедничката цел – повисоки плати и заштита на работничките права.

Нови еко-автобуси на гас

ЈСП и Европската банка за обнова и развој, ЕБОР, денеска потпишаа договор за заем, како и општинска и државна гаранција за договорот за набавка на 35 нови нископодни еко-автобуси на гас. Договорите ги потпишаа министерот за финансии Драган Тевдовски, заменик директорот на ЕБОР за општинска и еколошка инфраструктура Лин О’Грејди, градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов и директорот на ЈСП Кристијан Чушков. ЕБОР ќе обезбеди 10 милиони евра преку заем, а 1,8 милиони евра од сопствени средства ќе обезбеди ЈСП. Автобусите ќе бидат вклучени во јавниот превоз најдоцна до почетокот на идната година.

Скопје повторно на прво место по загаденост

Скопје изутринава повторно најзагаден град во Македонија, но и во светот. Според индексот на квалитет на воздух на Министерството за животна средина и просторно планирање Карпош од изутринава е најзагадена општина со концентрација од 214 мг на метар кубен ПМ10 честички.

Антикорупција сè уште нема членови

Комисијата за прашања на изборите и именувањата денеска расправаше по повеќе предлог одлуки за именување претседатели, потпретседатели, членови и заменици на членови на повеќе комисии, но не и за составот на Државната комисија за спречување корупција и судир на интереси. Владата вети дека нова Антикорупциска ќе има до распишување на изборите, што според најавите се очекува да биде на 8 февруари.

Конференција за борба против антисемитизмот и дисторзијата на Холокаустот

Во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија започна конференцијата „Борба против антисемитизмот и искуствата од Холокаустот“ по повод Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот.

Во првиот панел „Предизвици на современиот антисемитизам и дисторзија на Холокаустот во Европа, начини и значења во справување со овој феномен“ зборуваа Амбасадорот Томас Мајкл Бајер, специјален претставник на Австрија во Меѓународниот холокауст, Сеќавање на Алијансата -ИХРА, Амбасадорот Јован Теговски, национален координатор и шеф на македонската делегација во ИХРА, британскиот амбасадор во Македонија Х.Е. Г-ѓа Рејчел Галовеј и Бета Хараланова, претседателка на Институтот за зачувување на Холокаустот во Бугарија.

На вториот панел „Активизам на граѓанското општество и улогата на медиумите во борбата против говорот на омраза и дела поттикнати од говорот на омраза“ зборуваа Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ, Мире Младеновски, претседател на EUROCLIO, Горан Садикарио, извршен директор на Меморијалниот центар на холокаустот и Тамара Грнчароска, новинарка Телма ТВ.

Д. Муратов

Фотографија: Киро Поповски/kolektif.mk

Share83TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ