• Latest

29 Јануари: Заврши јавната расправа за ЈО, Дерала од ЦИВИЛ со повик против амнестија на криминалот, ДЗР ги чешла дневните надоместоци на СЈО, МВР ја затвори групата „Јавна соба“…

January 29, 2020

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

29 Јануари: Заврши јавната расправа за ЈО, Дерала од ЦИВИЛ со повик против амнестија на криминалот, ДЗР ги чешла дневните надоместоци на СЈО, МВР ја затвори групата „Јавна соба“…

January 29, 2020 19:32
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Заврши јавната расправа за Законот за ЈО, прашањата остануваат отворени 

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска се одржа вториот и завршен ден од Јавната расправа на тема: „Јавното обвинителство како ефикасен орган во борба против корупцијата“, која ја свика Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. Опозиционерите од ВМРО-ДПМНЕ уште пред да започне дебатата имаа гласни приговори на повторното пријавување на Јавниот обвинител Љубомир Јовески за говор.

На дебатата се слушнаа предлози од барање за вклучување на универзитетски професори, судии и адвокати во листата на лица кои можат да конкурираат за обвинители, укинати одредби, но и повик против амнестија на криминалот, што го упати Џабир Дерала од ЦИВИЛ.

БЛИЦ: Во собраниската сала бурно реагираа само оние кои се препознаа во говорот на Дерала за Законот за ЈО

Дехран Муратов: По обраќањето на претседателот на ЦИВИЛ Центар за слобода, Џабир Дерала во Собранието на Северна Македонија, за Законот за Јавно обвинителство, многу присутни во собраниската сала се препознаа, па бурно реагираа дека ја „утнал“ темата.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Дескоска за ЦИВИЛ МЕДИА изјави дека ВМРО-ДПМНЕ сака на мала врата да ја внесе амнестијата во Законот за Јавно обвинителство

„Денеска, можевте да видите дека еден од говорниците, практично советникот на Груевски т.е. Мицкоски ги кажа главните поенти на ВМРО-ДПМНЕ и она што тие го третираат како пречка за носење на законот. Главниот проблем е всушност продолжувањето на постапките од СЈО. Тоа го кажаа денеска, веќе и јавно. Мислам дека желбата кај ВМРО-ДПМНЕ да ги заштити своите членови и поранешното раководство што се обвинети од СЈО, а кои постапки сега продолжуваат, е посилна од потребата да помогнат во евроинтеграцијата на земјата“, изјави меѓу другото министерката за правда, Рената Дескоска за ЦИВИЛ Медиа.

ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ:

Кој за што, ние за правда и реформи. Ама реформите тешко ни доаѓаат бидејќи треба да си го смениме начинот на размислување, па сходно на тоа и делување. Се сетив на еден примитивен опис на култниот филм Одисеја 2001 на Стенли Кјубрик, кога еден познајник што го гледал филмот, единствено што му се допаднало од сиот филм бил „мајмунот“ (како што го нарече) со таа коската што мавал по тоа скелетот на тоа „диносаурусот“ и го победил.

Се разбира, од негова перспектива, „тоа мајмунот“ од филмот е животно со кое во еден момент на слабост пред не знам кого се поувствувал силен, во својата неспособност да се справи со својата некадарност за сѐ што се нафатил во животот. Познајникот, длабоко неинформиран, но и незаинтересиран за секакви текови на човештвото, ја утнал и сцената, и поентата на филмот, а како што се покажа подоцна, и својот живот. Ништо слично на хоминидите – големи човеколики мајмуни од Одисеја 2001. Но, да не ја должам со познајникот, а и со раскажување на подвижни слики коишто не секој ги разбира на соодветен начин…

Опозицијата, (во случајов читајте ВМРО-ДПМНЕ),  во земјава сѐ помалку наликува на опозиција, речиси и ја нема. Под опозиција се подразбира нешто што е спротивно на власта (слободно толкување), нешто што би требало да е коректив на политиките на секоја власт, како и достојно претставување на делот од гласачкото тело коешто ги избрало да им верува и да ги поддржува. Во овој момент, во Македонија нема опозиција. Во моментов, а како што се гледа од веќе одамна воспоставениот модел на делување, во Македонија има луѓе како гореспоменатитот познајник, збрани под еден голем  чадор за којшто мислат дека ќе ги одбрани, од самите себе. Или, од нивниот непрежален „гуру“ Груевски.

Нема потреба од понатамошно елаборирање за нивните опструкции во речиси секој обид и добра воља на луѓе со желба за и најмала промена кон подобро, а посебно во доменот на правдата. Нема потреба. Денеска, за прв и последен пат ќе ја употребам онаа народната, „За инат на снаата да ми умре синот“, со не толку искрена желба – да им се врати Груевски, и да им ја донесе неговата „правдина“ од бегство!

Ние веќе еднаш се справивме со него, следниот пат (ако има следен), спремни сме, на готовс!

Внимавајте, ВМРО-ДПМНЕ, што посакувате, може и да ви се оствари.

НЕ ПОМАЛКУ ВАЖНО…

Главниот државен ревизор, Максим Ацевски денеска најави дека надоместоците кои ги земале јавните обвинители вработени во СЈО и сите нивни соработници ќе бидат предмет на ревизија од страна на Државниот завод за ревизија.

Повторно се одложи судењето за „Титаник 3“, овој пат заради отсуство на сведок од Германија.

Боки 13 ја оптужи Рускоска за корупциски криминал вреден  4 милиони евра.

Групата „Јавна соба“ на мобилната апликација Телеграм е затворена по барање на МВР, а  главниот акцент е ставен врз тоа да се поведат постапки за злоупотреба на лични податоци и за производство и дистрибуција на детска порнографија.

Џафери ја потпиша заедничката Декларација на Самитот на претседатели на парламенти од Западен Балкан

СЛОБОДНА ЗОНА

„Опозицијата, сепак, нема да гласа за Законот, бидејќи сега е веќе предоцна за менување на нивните ставови. Тие се надеваат на победа на изборите, за да изгласаат „свој“ закон“, заклучува Орданоски во денешната колумна Запад ги отпиша, Исток не ги ни попиша.

Дали ВМРО – ДПМНЕ ќе се движи по тркалото или ќе падне под него,  денеска  од корнер пишува Зоран Иванов во колумната Со тркалото или под него.

Дневникот го подготви Дијана Тахири во соработка со Дехран Муратов, Ангела Петровска, Биљана Јордановска, Сашо Орданоски и Зоран Иванов.

 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ