• Latest

Дерала: Неприфатлив е срамниот пад на најповиканите да го бранат правото, да бидат токму оние што го газат

January 29, 2020

Пропаганда под маската на новинарство: OpenAI откри како руски и ирански мрежи манипулирале со медиумите

October 10, 2026

(ИНФОГРАФИК) Банките доминираат на Македонската берза: Пет банкарски акции со над 71 отсто од редовниот промет

October 10, 2026

Шефот на Microsoft AI предупредува: Машините што веруваат дека имаат свест и права може да станат закана за човештвото

October 10, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер за желбата за терор и сценариото за уривање на американската демократија

October 10, 2026
Меморијал во близина на домот на Ана Политовскаја, Москва, 2006 (фото извор: Wikimedia)

„Путин не разбира дека луѓето имаат права“: 20 години од убиството на Ана Политковскаја, нарачателите сè уште непознати

October 9, 2026
Патување низ лавиринтот на европскиот сон (илустрација: ChatGPT / ЦИВИЛ МЕДИА)

Случај Северна Македонија: Земја изгубена во лавиринтот на сопствените блокади

October 9, 2026
Михаил Звинчук

Црна Гора: Приведен Звинчук, шефот на руската пропагандна мрежа „Рибар“

October 9, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

Протести во Франција: Образовната криза ги продлабочува судирите меѓу средношколците и власта

October 9, 2026

Банките доминираат на Берзата, каде е остатокот од економијата?

October 9, 2026
фото: ВИ

Државата повторно се задолжи за 150 милиони евра – сметката ќе ја плаќаат граѓаните

October 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА

Дерала: Неприфатлив е срамниот пад на најповиканите да го бранат правото, да бидат токму оние што го газат

January 29, 2020 14:54
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Јас доаѓам од ЦИВИЛ, организација за човекови права и слободи формирана во 1999 година. Не сум правен експерт, но ќе го искористам моето широко познавање и искуство во оваа сфера, за да ја изразам поддршката кон процесот на правосудните реформи и кон донесување на законот за јавно обвинителство од позиција на граѓанин и активист за човекови права.

Ја претставувам организацијата што брои повеќе стотици членови и поддржувачи низ целата земја, но ќе се обидам да ги артикулирам очекувањата и барањата на илјадници граѓанки и граѓани со кои нашата организација е во секојдневен контакт.

Јас ја имам честа и задачата денеска да пренесам дека македонската јавност, македонските граѓанки и граѓани гледаат во овој дом со очекување тој да го донесе овој закон важен за европската иднина на земјата.

Веруваме дека на тој начин, ќе се обезбедат услови за владеење на правото, кое поважно од сѐ во овој момент и воопшто, за функционирањето на една држава и општество.

Имам задача да ви пренесам дека веќе предолго чекаме правда! Бараме криминалците да се соочат со полната сила на правдата.

И знаеме!

Знаеме дека во преговорите постојано од една страна постојано се пласира идејата за амнестија со која ќе прекине гонењето со предметите. Сѐ друго се изговори.

Неприфатливо е професори по право да повикуваат на кршење на Уставот на Република Северна Македонија. Неприфатлив е срамниот пад на најповиканите да го бранат правото, да бидат токму оние што го газат. Какво наследство ќе им остават на младите генерации со тоа што го критикуваат овој закон со националистички флоскули и со негирање на името на државата во која имаат сериозни и одговорни позиции на професори, експерти и научници.

Неприфатливо е да гледаме како политичари и пратеници во овој дом се однесуваат незрело и насилнички.

Знаеме дека во текот на преговорите меѓу најголемите партии, лидерот на СДСМ, Зоран Заев им предложи на ВМРО-ДПМНЕ формирање на ново обвинителство кое ќе ги гони (евентуалните) криминали и на оваа Влада, но преговарачите на опозициската партија цврсто се држеа до своите барања за амнестија. Нив им беше побитно да се прекинат старите предмети, отколку да се овозможи евентуално отворање на предмети за оваа Влада. Нивна цел беше вештачко прекинување на мандатите на Јавните обвинители – Русковска и Јовески. Сето тоа е познато.

ВМРО-ДПМНЕ бара уништување на бомбите и материјалите со законски одредби – тоа барање се уште е на маса. Тоа е крајно неприфатливо барање!

Целиот свет и Европа ни испрати порака, јасна, гласна и недвосмислена: носењето на Законот за Јавното обвинителство е тест за патриотизам и државништво.

Пред пратеничките и пратениците во овој законодавен дом се наоѓа изборот: ДАЛИ ЌЕ ГИ ПОДДРЖАТ ИНТЕРЕСИТЕ НА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА ИЛИ ЌЕ ГИ БРАНАТ ИНТЕРЕСИТЕ НА КРИМИНАЛЦИТЕ?

Дали ќе бидат патриоти или квази патриоти?

Ако не го донесете овој закон, овој состав ќе биде запаметен само по крвавиот напад на 27 април 2017 година. Не го дозволувајте тоа!

Сфатете ме како сакате, но јас сум тука да ве известам. Дами и господа, надвор од оваа зграда расте гневот и разочарувањето што оние што за заробија државата сѐ уште се на слобода. Ако повторно излеземе на улица, нема да се вратиме дома додека не видиме правда. Донесете го овој закон, а во меѓувреме, контактирајте ги најдобрите адвокати што можете да си ги дозволите.

Монтажа: Владимир Перчуклиевски
Камера: Дехран Муратов

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ