• Latest

29 мај, вонредна состојба, ден 71: Ние сме НАТО, Филипче побара поголема ажурност од Чулев, скандалозната АД Пошта…

May 29, 2020
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025

Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

November 10, 2025
Санкционираниот Кирил Дмитриев, специјалниот пратеник на рускиот претседател Владимир Путин за инвестиции и економска соработка. Скриншот од видео на CNN

Украина воведе нови санкции врз 8 високи функционери на Кремљ и 5 руски пропагандни издавачки куќи

November 10, 2025

Совет на Амбасадори: Членството во Европската Унија е стратешки, политички и безбедносен приоритет на земјата,

November 10, 2025
Скриншот од видео на VNA Media

Три сомнителни дронови забележани над белгиската нуклеарна централа Доел во близина на Антверпен

November 10, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
Скриншот од видео на
The Telegraph

Што доби – и што не доби Орбан од Трамп

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

29 мај, вонредна состојба, ден 71: Ние сме НАТО, Филипче побара поголема ажурност од Чулев, скандалозната АД Пошта…

May 29, 2020 16:46
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Добредојдовте во НАТО – гаранција за стабилност, безбедност и мир

„Денеска и на македонското небо можевме да видиме дека е точна тезата „Ние сме НАТО“, Република Северна Македонија стана 30 членка на НАТО после 30 годишни напори“, изјави министерката за одбрана по повод прелетот на американските воени авиони над Скопје за одбележување на членството на Република Северна Македонија во Алијансата.

„Со право во изминатите неколку недели нашиот најголем фокус беше на заедничката борба против Ковид-19, но не треба да дозволиме тоа да ги замагли историските достигнувања на земјата – влезот во НАТО и добивањето на зелено светло за отпочнување на пристапните преговори со ЕУ“, истакна Брнз.

Полковник Валентин Ивановски, раководител на сектор за воено-воздухопловен авторитет објасни дека летот е комплетно организиран од Командата на силите за Европа и воден преку воздухопловните оперативни центри каде е вклучен и нашиот нов воздухопловен оперативен центар и каде што сите летови и координација се извршени преку системот за контрола на воздушниот систем. Воздухопловите полетаа од јужната кота, после долг лет влегоа на бугарската граница каде што беа пресретнати од четири воздухоплови од типот Ф 16 на Грчкото воздухопловство и заедно во формација преку Штип, Велес, аеродромот Петровец прелетаа преку градот Скопје.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Филипче: Барам поголема ажурност и санкции за оние кои не ги почитуваат мерките!

„Има информации за граѓани кои со решение за самоизолација се шетаат надвор. Барам поголема ажурност на МВР и санкции за оние кои не ги почитуваат мерките… Сакам јасно да порачам дека повторно ќе воведеме рестрикции, локални таргетирани рестрикции ако епидемиолошката состојба тоа го наложи. Ќе се анализираат и податоците во текот на викендот па ќе донесеме одлука“, изјави министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.

ВОНРЕДНА СОСТОЈБА

Во последните 24 часа направени се 661 тестирање, а регистрирани се 52 нови случаи на Ковид-19: Скопје 26, Куманово 6, Штип 7, Тетово 9, Струга 2, Велес 1 и Кочани 1.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти, пациент од Скопје (73г), примен на клиниката на 21 мај и пациент од Велес (82г) хоспитализиран на 22 мај. Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје (76г) примена на 21 мај и пациентка од Тетово (55г) примена на 27 мај. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 30 оздравени пациенти.

*

Основното јавно обвинителство Скопје предлага поранешната директорка на ЈЗУ Клиника за дерматовенерологија при Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“ – Скопје, која е обвинета за кривично дело – Пренесување заразна болест, да биде казнета со парична казна во висина од 10 илјади евра во денарска противвредност.

*

Масовно тестирање вчера е почнато на сите варботени во штипската конфекција, каде што деновиве се шири коронавирусот, но  и на работничките од другите две конфекции кои се превезувале во истиот автобус со заразените до своите работни места. Ова е една од одлуките од заедничкиот состанок на членови на Комисијата за заразни болести, државниот секретар во Министерството за здравство, Владимир Милошев, и Општинскиот кризен штаб, информираше денеска градоначалникот на Штип, Благој Бочварски.

*

Во текот на изминатото деноноќие  на територијата на Република Северна Македонија на 368 лица им се издадени решенија за изолација, а 47 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што евидентирано е едно лице кое на ја почитувало мерката за самоизолација. Исто така по однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 440 прекршоци.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Загубата од 10 милиони евра не го спречило АД Пошта да исплати огромни износи за менаџерско осигурување за 7 директори на акционерското друштво, кои истовремено се дел од Управниот и Надзорниот одбор, за период од 1.04.2018 до 1.04.2019 година во вкупен износ од 2.760.000 денари, или околу 45.000 евра, додека во истиот период е забележана загуба од 10 милиони евра. Директорите на акционерското друштво ги бира Владата, а доколку Надзорниот одбор одобри може да се склучи договор за нивно менаџерско осигурување со осигурителна компанија.

*

Граѓаните и компаниите сè повеќе плаќања во земјата вршат со посредство на банките преку користење на кредитните трансфери и платежните картички. Вкупниот број плаќања извршени минатата година забележа годишен раст од 11,7 отсто при што е забележан поизразен раст на користењето на платежните картички, со што нивното учество во вкупните плаќања се зголеми и се изедначи со учеството на плаќањата преку кредитни трансфери, известува Народна банка.

*

Фондот за иновации и технолошки развој објави јавен повик за Технолошки развој за брзо прилагодување на КОВИД-19, наменета за микро, мали и средни компании од Северна Македонија со потенцијал за успешно работење. Со објавувањето на јавниот повик започнува практичната реализација на третиот сет мерки за поддршка на економијата на Владата, усвоени неодамна.

*

На јавната расправа, што трет ден се одржува во Апелацискиот суд за жалбите по пресудата за случајот „27 април”, Вишото јавно обвинителство со повеќе образложенија ги оцени жалбите на одбраната на обвинетите како неосновани.

*

Константните реформи и опипливите резултати на Република Северна Македонија ќе придонесат во напредокот на земјата. Европската Унија наскоро ќе ја презентира преговарачката рамка и се надеваме дека оваа година ќе ги отвориме преговорите, изјави евромбасадорот Семјуел Жбогар при денешната официјална посета на општина Ранковце.

*

Бројките на новозаболени лица кои ги бележиме деновиве се директна последица од неработењето, популизмот и партиското профитерство на техничкиот министер Наќе Чулев и неговиот шеф Христијан Мицкоски, објави на својот фејсбук профил лидерот на СДСМ Зоран Заев.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Нема ништо политички поубиствено за една партија од тоа раководството на партијата да е потпаднато под силни влијанија на аморфни безбедносни структури“, повеќе во колумната „Џандарско мочуриште“ на Сашо Орданоски.

„Јас сум за правила, процедури и критериуми“, вели Мирјана Најчевска, додавајќи: Правилата, процедурите и критериумите се алатка на еднаквоста и на владеењето на правото. Тие овозможуваат примена на воедначени однапред познати мерила и предвидлив резултат.

„Како да измериме кој колку придонел? Еве еден кус опит. Пробајте да си ги поставите и да дојдете до одговор на следниве прашања: Кој поттикнуваше непочитување на мерките, а кој поттикнуваше нивно почитување? Кој рече дека нема да го казнува народот за непочитување на мерките? Кој бараше простување на сите казни за непочитување на мерките, а кој доследно и неселективно казнување? Кој не ги спроведуваше мерките и правеше се што може да го отежни нивното спроведување?“, и уште низа прашања од Петрит Сарачини во денешната колумна „Успесите и неуспесите во борбата против короната – Кој е крив?“

Б. Јордановска

во соработка со Маја Ивановска

Share34Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    191 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ