• Latest

СЗПМЗ и ХЕРА: Продолжува дискриминацијата на маргинализираните заедници

March 21, 2017

Горивата во Македонија пред нова ценовна одлука по турбуленциите на светските пазари

October 26, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Лула повторно претседател на Бразил, нов предизвик за Трамп во Латинска Америка

October 26, 2026

Бугарија оди во втор круг: Јотова во водство, Ѓуров ја бара поддршката за пресврт

October 26, 2026
Александар Вучиќ го призна поразот( Фото: Скриншот од видео на EuroNews Србија)

По поразот на Вучиќ: Реакции од регионот и Европа

October 26, 2026

ИЗБОРИ ВО СРБИЈА | КЛУЧНИ МОМЕНТИ: Постизборна дискусија на ЦИВИЛ – Вучиќ падна – што се случи и што следува? (ВИДЕО)

October 25, 2026

Од студентските блокади до изборна победа: Вучиќ го призна поразот, Србија пред крајот на една политичка ера

October 25, 2026

Нема таква сила што може да ги заплаши луѓето – ни тенкови, ни звучни топови, ни батинаши! (ВИДЕО)

October 25, 2026
Алис Вајдел (фото извор: Wikipedia)

Хакирани мејлови откриваат детали за нелегалните донации на германската АфД, Алис Вајдел под лупа

October 25, 2026

Судири во Лазаревац, колона на Жандармеријата кон Белград и полициски возила во центарот (ВИДЕО)

October 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

СЗПМЗ и ХЕРА: Продолжува дискриминацијата на маргинализираните заедници

March 21, 2017 15:10
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Коалицијата  „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ (СЗПМЗ) денеска го презентираше Годишниот извештај за состојбата со сексуалните и здравствените права на маргинализираните заедници. Според податоците презентирани од Драгана Дрндаревска и Ирена Цветковиќ од Коалицијата и Елизабета Божиновска од ХЕРА, 2016-та година ја одбележаа четири политики кои се однесуваат на носителите на ХИВ вирусот, контролата на дроги и психотропни супстанции, правата на сексуални работници и правата на ЛГБТ заедницата.

„Во однос на политиките за ХИВ, она што, за жал, ја обележа 2016-та година беше кратењето на буџетот за ХИВ и тоа за 2017-та година, кога беше најавено заминувањето на Глобалниот фонд од Македонија, како најголем донатор на програмата за ХИВ. И покрај обврските што ги презеде Владата за обезбедување финансиска одржливост на активностите од програмата за ХИВ (превенција и третман), по заминувањето на Глобалниот фонд, наместо зголемување на буџетот, тој беше скратен за 59% од неопходниот буџет за следната година, согласно процената“, стои во Извештајот.

Од Коалицијата ги посочуваат и проблемите со донесување на Законот за контрола на дроги и психотропни супстанции.

„Измените беа донесени на нетранспарентен начин, без можност за вклучување на пошироката јавност, ниту, пак, на граѓанскиот сектор и на експертите од областа. Па така, наместо закон што ќе овозможи достапен и квалитетен коноп и производи од коноп за медицинска употреба, за сите пациенти на кои им се потребни, со законските решенија само се фаворизираат финансиски моќните правни лица, на кои им се овозможува контрола на пазарот со овој лек и не се дозволува граѓаните што имаат потреба сами да го подготвуваат овој лек. Како последица од измените на законот, цените на повеќето видови масла од коноп што излегоа на пазарот се превисоки, така што, граѓаните што имаат потреба од овој лек, ќе бидат принудени и натаму да го набавуваат на црниот пазар“, велат од СЗПМЗ.

Во текот на 2016 година се случи и мала, но значајна, победа во однос на заштита на правата на сексуалните работници.

„Со арбитрарна пресуда на Апелациониот суд Скопје, кој ја укина првостепената пресуда на Основниот суд Скопје, со која делумно го усвои тужбеното барање на сексуалните работнички, жртви на акцијата ‘Улична проституција’, и ги задолжи МВР и Основниот суд Скопје 1, да ја надоместат настанатата нематеријална штета, сторена при повреда на правата преку понижувачко однесување од страна на МВР, употреба на присила за да дадат крв за анализа и приведување со цел, да се направи обид за да се обезбедат докази за постоење кривично дело“, е наведено во Годишниот извештај.

Во делот на унапредување на правата на ЛГБТ, како што информираат авторите на Извештајот, најголем напредок е донесување на Национална стратегија за еднаквост и недискриминација 2016–2020 што ги содржи сексуалната ориентација и родовиот идентитет. Сепак, останува проблемот со Законот за спречување и заштита од дискриминација, кој сè уште не ги содржи овие основи на дискриминација.

„Она што остана непроменето е неказнувањето на сторителите на хомофобично и трансфобично насилство (напади на ЛГБТИ-активисти, нападот на „Дамар“ и нападите на ЛГБТИ Центарот за поддршка). Во текот на 2016 година се зголеми медиумското оцрнување на ЛГБТИ-активисти и ширењето хомофобичен и трансфобичен говор на омраза, за што сè уште немаме ефикасни механизми за заштита“, се вели во Извештајот.

М. Теговска

Tags: Годишен извештајконопЛГБТИсексуални работнициХЕРАХИВ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ