Според информациите на Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 3.658 тестирања, а регистрирани 37 нови случаи со Ковид-19 од кои во Скопје – 15, Тетово – 8, Куманово – 4, Гостивар – 3, Кичево – 2, Битола, Струмица, Кочани, Радовиш и Дебар – по еден. Регистрирани сe 23 оздравени пациенти од Тетово – 10, Скопје – 4, Куманово – 3, Кичево – 2, Гостивар, Штип, Струмица и Кочани – по еден. Починати нема.
Досега, во земјата се направени вкупно 989.214 тестирања. Од почетокот на епидемијата вкупниот број ковид-дијагностицирани лица е 156.543, бројот на оздравени пациенти е 150.422, на починати е 5.494, а на активни случаи 627.