• Latest

4 јули: Ослободувања, жалби, истраги, извинувања…

July 4, 2019
Тенеси, експлозија. Фото: Скриншот од видео на Би-Би-Си

Неколку луѓе загинаа а најмалку 12 се водат за исчезнати при експлозија во воена фабрика во САД

October 10, 2025

Мачадо: Нобеловата награда за мир е огромно признание за борбата за сите Венецуелци

October 10, 2025

ОЈО Битола поднесе жалба: Марковски треба да оди во затворски притвор, има имот во странство, може да побегне

October 10, 2025
Фото: генерирано со ChatGPT

„Slop“ – новиот збор на младите за ВИ содржини

October 10, 2025

Од недела почнува постепено воведување на новиот систем за контрола на надворешните граници на ЕУ

October 10, 2025

Граничниот премин Рафа меѓу Газа и Египет ќе се отвори на 14 октомври, соопшти Италија

October 10, 2025
Меѓународна конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“, 8-10 октомври 2025, панел на вториот ден од конференцијата (фото: ЦИВИЛ)

Одбрана на демократијата: Боиште на вистината – Од увид до акција

October 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на N1

Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

October 10, 2025
Државен јавен обвинител, Љупчо Коцевски / фото: ЈО

Коцевски до Адвокатската комора: Дезинформации и недостоен публицитет околу случајот „Пулс“ во Кочани

October 10, 2025
Фото: амбасадорката Лариса Дир/Х

Рускиот напад на цивилната и енергетската инфраструктура не е само воено злосторство, туку и елемент на геноцид

October 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

4 јули: Ослободувања, жалби, истраги, извинувања…

July 4, 2019 16:48
in ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

Владата го одби барањето за издавање дозвола за „Иловица“

Владата усвои информација за одбивање на барањето за издавање дозвола за „Иловица“, компанијата не ги исполнила законските услови за вршење експлоатација.

Министерството за економија на денешната седница на Владата на Република Северна Македонија информираше дека се исполнети законските услови за донесување на решение за одбивање на барањето за издавање на дозвола за експлоатација на минерална суровина – бакар и злато на локалитетот „Иловица“, општина Босилово на ЕУРОМАКС Ресоурцес ДОО Скопје.

Латас и браќата ослободени од обвинението за случајот „Тревник“

Утрово во кривичниот суд во Скопје судијката Марија Клетничка соопшти дека Драган Павловиќ – Латас и неговите браќа Срѓан и Звездан се ослободени од обвинението за бесправна градба на три викенд-куќи во Зелениково во случајот „Тревник“ на СЈО. Судијката Клетничка изјави дека  делото за кое се обвинуваат, според закон, не е кривично.

Таа посочи дека во вакви случаи праксата е ако потои дивоградба и во текот на кривичната постапка истата се легализира, тогаш обвинението се повлекува. Таа наведе дека не постапиле институциите. Точно е дека институциите не постапиле навреме, но за тоа постојат законски одредби кои предвидуваат прекршочни постапки.

Обвинителката од СЈО, Елизабета Јосифовска за медиумите изјави дека СЈО стои на ставот дека во случајот има кривично дело и оти ќе поднесат жалба во која ќе го оспорат сите наводи во ослободителната пресуда.

Пресудата ќе стане правосилна кога за жалбите ќе се произнесе Апелација.

СЈО ќе поднесе жалба за одлуката за „Тревник“

Обвинителката Елизабета Јосифовска од специјалното јавно обвинителство по ослободителната пресуда за Драган Павливќ Латас и неговите браќа за бесправна градба на викендички во Зелениково, изјави дека Обвинителството ќе ја обжали пресудата за случајот „Тревник“.

„Во секој случај ќе поднесеме жалба. Тука нема дилема, бидејќи јас стојам на ставот дека обвинението беше издржано, поткрепени со доволно докази и во секој случај жалба ќе следи. Ќе се произнесеме, се надевам дека писмено изработената пресуда ќе даде и дополнителни причини од кои се раководел судот“, истакна Јосифовска.

Кривичните дела за Груевски наскоро ќе застарат

Доколку судот не го осуди Никола Груевски за случајот „Траекторија“ до крајот на октомври годинава, делото ќе застари и нема да има кривично гонење.  Истото се однесува и за случајот „Тенк“. Доколку Груевски го затворат  за пресудата за „мерцедесот“ во предметот „Тенк“ на СЈО, во 2024 ќе му застари извршувањето на казната, односно,  за таа пресуда нема да оди во затвор. Тој е обвинет и во предметите „Насилство“ и „ТНТ“ на СЈО, а Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција го осомничи како организатор на настаните од 27 април 2017 година.

СЈО  поднесе обвинителен предлог за Груевски според членот 359 став 2 од Кривичниот законик (примање награда за противзаконито влијание) за што е предвидена затворска казна од една до три години.

Груевски делото кое му се става на товар го почнал во октомври 2012 година, а завршило во октомври 2013 година, значи дека ако до овој октомври нема пресуда за него, тој ќе биде ослободен од гонење, а процесот ќе продолжи за другите обвинети во случајот.

ДКСК ќе го проверува Рашковски

Државната комисија за спречување на корупцијата ќе се вклучи во случајот „Леонардо“ и ќе проверува дали генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, влијаел надвор од своите ингеренции на тендерот за безбедносниот систем на Македонска навигација.

Од Антикорупциска ќе проверат дали Рашковски навистина, како што тврдеше на прес-конеференцијата во вторникот, имал право да присуствува на состанокот со претставниците на „Леонардо“ како задолжен од Владата.

АРМ стана АРСМ

Претседателот на државата и врховен командант на вооружените сили Стево Пендаровски вчера ја потпишал уредбата за ознаките на униформите на Армијата и отсега натаму, како што изјави, ќе биде Армија на Република Северна Македонија.

Тоа значи, прецизира, дека е завршен и тој технички и правен аспект со што се отвора можноста во следните набавки да се употребуваат новите ознаки.

Пендаровски: Од оваа позиција не можам да предводам промена на изборен модел

Претседателот Стево Пендаровски денеска по посетата на јужната граница во Гевгелија, изјави дека од позицијата на која се наоѓа само може да поддржи иницијативи за измена на Изборниот законик во однос на намалување на бројот на изборни единици.

„Јас од оваа позицијата на која сум можам само да поддржам иницијативи во таа насока. Се разбира дека не можам да ги предводам политичките процеси во таа смисла. Јас дадов веќе едно соопштение откако неколку политички субјекти дојдоа кај мене со тоа барање, бидејќи претходно како кандидат на претходни избори јас бев за тоа и сега сум, меѓутоа оставам тие политички субјекти да ја тераат понатаму работата во соработка, колку што знам што е последна информација, со некои меѓународни организации кои се занимаваат со тоа – реформи во изборните системи во транзициските држави“, додаде Пендаровски.

Тамара не(намерно) ја утна македонската химна на приемот во Aмбасадата на САД

На синоќешната прослава на Дeнот на нeзaвиcностa на САД, 4 Јули, што се одржа во дворот на американската амбасадата во Скопје, Тамара Тодевска беше избрана да ја испее македонската химна. Таа химната ја отпеа, но (не)намерно го исфрли стихот „Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански“, кој во последната официјална верзија на химната од 1991 годона се повторува четири пати.

Инаку вчера во амбасадата се одржа прием по повод националниот празник на САД, 4 Јули. Меѓу присутните гости беа и претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев, претставници на Владата, лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, претставници на дипломатскиот кор, бизнисмени…

Ангела Петровска

Print Friendly, PDF & Email
Share69Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

    Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    154 shares
    Share 62 Tweet 39
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ