Вака сега.
Дека крадеа знаевме. Но немавме претстава колку. А ни како, на кои се начини.
Можеби веќе со првите бомби започна да ни се склопува мозаикот. Ама испадна дека мозаиков е огромен. Сѐ уште е далеку од пополнет.
Не ме изненадува ни сумата што ја краделе по разни основи. Ниту пак ме изненадува самото крадење гледајќи ги луѓето што краделе. Ниту пак ме изненадуваат сумите за хотели, вечери, бонуси, дивеч…. Не ме изненадува затоа што сите тие беа вклучени во програмата на ВМРО КРИМИНАЛНА. И ја бендисаа и брзо се вклопија.
Тоа што многу ме изненадува, уште повеќе ме разочарува а најмногу ме лути и нервира што сите овие, вклучително и ДИК-офциве сето тоа го правеле во време на униптено и колабирано здравство, недостатоци на лекови, завои игли и основни средства за работа. Во времето на Тамара и сите оние дечиња кои не дочекале да се радуваат на животот. Во времето на сите оние дечиња и пациенти кои и ден денес се надеваат дека Фондот ќе им излезе во пресрет, оној Фонд кој криминалците го исцрпија и испразнија на нивна и наша штета па не им преостана ништо друго на пациентите да се надеваат на хуманоста преку донации кои не само што се малку туку и тоа што се собира не стига.
Краделе во времето кога војниците и полицајците шетаа со искинати, стари униформи, спиеја на железни кревети со оштетени душеци. Краделе во времето кога имало пари ама не стигале до обичните смртници и се зголеми сиромаштија и гладувањето. Краделе од сегде, од надворешни пари, од домашни пари, од нашите џебови. Краделе и краделе и до толку се заборавиле што и она малку човечко ако го имале (а не верувам искрено) го изгубиле повлечени од Крадецот. и не биле наивни. Биле бескрајно алчни. Биле нехумани и безобразни. И сѐ уште се такви.
И не е решението дека ќе ги вратат. Треба да одговараат заради сите злодела кои ги направиле.
Само така ќе можеме да речеме дека правдата можеби е спора, ама доаѓа.
ОСТАВКА – СУД – АПС!