Педесет и три цивили загинаа во руското гранатирање во Чернихив во последните 24 часа, изјави Виачеслав Чаус, шеф на регионалната државна управа на Чернихив во соопштение објавено на Фејсбук, пренесува Укринформ.
„Непријателот го изложува градот на системски артилериски и воздушни напади, уништувајќи ја цивилната инфраструктура на Чернихив. Во текот на изминатите 24 часа, 53 тела на цивилни жртви убиени од Русите се донесени во мртовечница. Вооружените сили на Украина возвраќаат со разорно Непријателот е во паника и има загуби“, рече Чаус.
Тој се осврна и на комуналните услуги и социјалните проблеми. И покрај континуираното гранатирање, екипи од електричари и други комунални работници постојано работат во градот, обидувајќи се да го вратат снабдувањето со електрична енергија, гас и вода. Чаус ги советуваше сите што се засолнуваат во бази без вода и храна да се обратат до војската.
Тој зборуваше и за преговорите за организација на коридор за евакуација.
Не зависи само од нас, туку и од непријателот. Се додека не дојде до договор со напаѓачите, нема да испраќам луѓе во сигурна смрт“, рече Чаус.
Во артилериски напад на 16 март загинаа 13 луѓе кои чекале во редица за леб во Чернихив.
Подготвил Д.М.