• Latest

6 февруари: Македонија во НАТО, Врховен му пресуди на СЈО, подготовка на Избирачки список

February 6, 2019
Лвив, Украине, 9 Мај 2025 (фото извор: Амб. на Украина)

(ИНТЕГРАЛЕН ТЕКСТ) Заедничка изјава од Состанокот на министрите за надворешни работи во Лвив за формирањето Специјален трибунал за злосторство агресија против Украина

May 9, 2025

Макрон: Путин е на страната на војната, сите што веруваа поинаку се одговорни за своите заблуди

May 9, 2025
Фото: Кабинет на претседателот

Украина ќе биде домаќин на средба на „Коалицијата на подготвените“

May 9, 2025

ЕУ ќе ја финансира украинската воена индустрија од замрзнатите руски средства

May 9, 2025
Супорт Кочани, фото Х

„Супорт Кочани“ со герила акција на плоштадот во Скопје: „Толку ли брзо нè заборавивте“

May 9, 2025

(ВИДЕО) Со „Шерман“ повторно против фашизмот – на Илон Маск

May 9, 2025

24 ЧАСА: Европа посилна од Путиновата воена пропагандна парада; „Супорт Кочани“ со герила акција на плоштадот во Скопје: „Толку ли брзо нè заборавивте“; Уште едно убиство, застрелан турски студент во кафуле во Штип

May 9, 2025

Денот на Европа – сидро на стабилноста наспроти Путиновата пропаганда

May 9, 2025

Одбрана на демократијата: Обнова на довербата во демократските институции и процеси

May 9, 2025
Никица Корубин

(Де)исламизирана албанофобија

May 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

6 февруари: Македонија во НАТО, Врховен му пресуди на СЈО, подготовка на Избирачки список

February 6, 2019 17:25
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вест на денот: Македонија од денеска со свое место во НАТО

Амбасадорите на 29 земји членки на Северно-атлантската алијанса денеска во седиштето на организацијата го потпишаа Протоколот за членството на Македонија во НАТО. На церемонијата во седиштето на Алијансата, во Брисел, присуствуваше министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на почетокот изјави дека „ова е историски момент за земјата. Премиерите  Зоран Заев и Алексис Ципрас покажаа голема храброст со постигнувањето на Договорот од Преспа, со што придонесоа и за стабилноста и безбедноста на регионот“.

И Груевски честиташе за приемот во НАТО

Осудениот експремиер Никола Груевски се јави со долг пост на Фејсбук во кој честиташе за приемот во НАТО. „Човекот што упорно ја туркаше земјата во изолација, ја унакази земјата по сите основи, вдолж и попреку, сега упати честитка за потпишувањето на протоколот за НАТО. И, неговото обемно, здодевно и празно писание било само прв дел (!)“ – беше коментарот на Џабир Дерала од ЦИВИЛ за овој најнов настап на Груевски на социјалните мрежи.

ДИК апелираат граѓаните до петок да ги подигнат личните карти

Државната изборна комисија соопшти дека МВР ќе ги достави податоците на граѓаните што ќе влезат во Избирачкиот список до ДИК, ден по распишување на изборите.

„МВР до ДИК ги доставува податоците на граѓаните што се полнолетни и кои на денот на изборите имаат важечка лична карта или патна исправа. Бидејќи за важечки документ се смета само издаден документ , ДИК ги повикува сите граѓани што сакаат да го остварат гласачкото право на престојните претседателски избори да ги подигнат подготвените документи од управните служби на МВР. Апелираме граѓаните тоа да го сторат најдоцна до петок, 8 февруари. Доколку не ги подигнат своите документи овие граѓани нема да бидат забележани во изводите на Избирачкиот список“, изјави Љупка Гугучевска, портпаролка на ДИК. 

Вангеловски им пресуди на пресудите на СЈО уште пред да ги види

„Врховен суд не може да ја преземе улогата на законодавниот дом, односно на Собранието. Со оваа одлука, Врховен суд се лиши од слободата да може да одлучува за индивидуални случаи што ќе стигнат до нив!“ – изјави проф. Мирјана Најчевска за ЦИВИЛ Медиа. Оваа изјава доаѓа откако вчера претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, на гостувањето на ТВ Телма, потврди дека, доколку Кривичниот суд донесе пресуда за некој предмет од СЈО отворен после рокот од 18-те месеци и осудениот се жали до Апелација, а потоа жалбата стигне и до Врховен суд, тогаш Врховниот суд ќе ја укине пресудата.

„Застрашувачки е тоа што обвинителот Вангеловски со оваа изјава им се заканува на судиите дека сите одлуки на СЈО ќе паднат на Врховен“ – додава Најчевска.

Никој не е одговорен за бегството на Груевски

„До овој момент надлежниот обвинител нема утврдено постоење на кривична одговорност на службени лица кои помогнале или учествувале во организирањето и реализацијата на бегството на сега осудениот Никола Груевски. Досега прибавените докази упатуваат на заклучок дека имало определени пропусти во постапувањето на надлежните институции, кои не претставуваат кривично-правно дејствие и не се во надлежност на Јавното обвинителствo“, соопштуваат од ОЈО.

Обвинителството се јави откако пред неколку дена бегалецот Груевски во телевизиско интервју не кажал како избегал, пришто нагласил дека за тоа треба надлежните институции да дадат одговор.

Димитриевски: Развојот на економијата да биде основниот двигател на општеството

„Во сите овие 28 години независност, граѓаните заслужуваат и многу повеќе. Сето она што значат евроатлански перспективи и процеси дополнително ќе земат данок во делот на миграцијата на населението. Ако ги следиме примерите, и во соседството, и во регионот, без разлика која држава во каква социо-економска состојба да е, евроатланските процеси подразбирале нови миграции… но, најдобро е да се сочува фундаментот, љубовта кон државата, а паралелно со тоа државата да најде механизми и да стави конечно крај на корупцијата, митото, злоупотребите, да постави систем на вредности и секако справување со бирократијата што е еден од најсериозните проблеми во државата“, изјави Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово во разговор за ЦИВИЛ Медиа за Перспективи 2019.

Во Македонија има разни здруженија, па има дури и здружение „Традиционално семејство“, кое е основано по иницијатива на граѓани од Кочани и Штип. Нивната цел, како што се декларираат самите, е да ги промовира и унапредува семејните вредности. Ќе дејстувале на територијата на целата држава.

Против дискриминација, со дискриминација! Традиционално.

Седумдесет невладини организации упатија заедничко писмо до Собранието на Македонија, со кое изразија поддршка на новиот Предлог закон за спречување и заштита од дискриминација и побараа веднаш да се стави на дневен ред и побараа негово усвојување. Според невладините организации, овој закон, меѓу другото, оди во прилог на евроинтеграциите на Македонија.

Од здружението „Традиционално семејство“ велат дека новиот закон ќе ја дискриминира сегашната брачна заедница, помеѓу маж и жена, но токму тие самите ги дискриминираат оние луѓе кои се различни од нив.

Реформи

Ќе се формира уште една државна агенција. Тоа ќе биде агенцијата што ќе го надгледува спроведувањето на Законот за употреба на јазиците, а директорот ќе биде избран на јавен оглас, изјави владиниот портпарол Мухамет Хоџа.

Д. Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Share36Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ