• Latest

Мојот пријател десничар: „Нема веќе ниедна партија да мисли наместо мене“

August 12, 2018
Фото: Креирано со помпш на ВИ

Од Мароко до Мадагаскар, генерацијата Z го пренесува дигиталниот бунт на улица – каде сме ние?

October 5, 2025
Демонстрантите се соочуваат со агенти на ICE во Чикаго, Илиноис Фото: Скриншот од видео на ВВС

Трамп одобри распоредување на 300 војници на Националната гарда во Чикаго, федерален судија привремено го блокира распоредувањето на 200 војници во Портланд

October 5, 2025
Индустрискиот парк „Спароу“ во Лвив е во пламен по рускиот масовен напад. 5 октомври 2025 година. Фото: Андриј Садови/Телеграм

РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Во масивен напад со 500 беспилотни летала и над 50 ракети врз Украина загинаа 5 лица, 16 повредени

October 5, 2025

Радев се заблагодари на Сиљановска Давкова за изразеното сочувство за жртвите од поплавите во Бугарија и понудената помош

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Сирија ги одржува првите избори по падот на Асад, но не во сите провинции

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на Times News

Нетанјаху се надева на ослободување на заложниците во Газа во „наредните денови“

October 5, 2025
Поглед од воздух на аеродромот Вилнус, Литванија, на 17 октомври 2011 година. Фото: Треворт Моргондонт/Викимедија Комонс

Аеродромот Вилнус во Литванија беше затворен поради нарушување на воздушниот простор

October 5, 2025
Антивладините демонстранти се обидоа да ја нападнат претседателската палата. Фото: ВВС

Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Чешката популистичка партија АНО на поранешниот премиер Бабиш победи на парламентарните избори, загрозена помошта за Украина

October 5, 2025

Изборна хроника: Средби со граѓани, чистење депонии, народни собири, претставување програми – саботни активности на кандидатите за градоначалници

October 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Мојот пријател десничар: „Нема веќе ниедна партија да мисли наместо мене“

August 12, 2018 11:52
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТЕЖИШТЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Ми вели еден пријател, ветеран во ВМРО-ДПМНЕ, дека ќе гласа ЗА на референдумот, во муабетот пред дуќанчето во кое пазарам. Искрено, ме изненади, знаејќи ги неговите политички ставови и определби. Му велам, не е важно дали некој ќе гласа ЗА или ПРОТИВ, важно е да се искористи правото на глас, не само на овој референдум, туку во секој изборен процес. Без оглед на мојот личен став за референдумот и за целиот процес, искрено мислам дека секој треба да одлучи за себе, без страв и притисоци, колку и да мислам дека тоа е погрешно или исправно. Но, тоа веќе го знаете за мене… “Туку, од каде оваа одлука?” – го прашувам моето другарче. Ми вели: “Искрено, на почетокот се двоумев. Имав аргументи за, но и против. Ама кога видов кој сѐ е против, сфатив дека е погрешно да се биде на нивна страна.” 

Пишува: Џабир Дерала

Разговараме дали е, сепак, можно погрешни луѓе на погрешен начин да застанат во одбрана на праведна цел? Можат ли екстремисти и насилници да бранат слобода, демократија и прогрес. Можеби, во некои времиња на ужасно комплицирани околности, но овде се работи за многу поедноставно прашање и многу се јасни работите – значи, не може, заклучуваме заеднички. Разговараме за политичките партии, за острата поделеност, за притисоците… “Нема веќе ниедна партија да мисли наместо мене” – рече тој замислено и со нескриена горчина, а со тоа го определи и насловот на денешниов текст.

Во зборовите на мојот пријател се состои суштината на партиското организирање во нашата земја. Едноставно, партиските структури на моќта го узурпираат правото на членовите да мислат со сопствена глава. Тоа може да биде погубно за самата партија. Особено ако на чело на партијата е „дил-ориентед“ структура што брани тесни интереси, а не идеја и стратегија. Не вреди ни да се спомене дека за нив државата е само дуќан од кој може многу добро да се заработи.

Затоа, сосема е неважно дали сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ ќе повика на бојкот на референдумот или не. Тоа што во јавноста го нарекуваат тактизирање околу нивната одлука е наивно. Јасно е дека во партијата има сериозен раскол меѓу оние што водат тотална војна (на сѐ или ништо) за спас на Груевски и Фамилијата и оние што сакаат да ја демократизираат и модернизираат најголемата десничарска партија и, на пример, да го задржат членството во Европската народна партија (примеров не е наивен, ниту има споредно значење).

Познато е дека тоа што ВМРО-ДПМНЕ го мисли, екстремистите го кажуваат. Едните кокетираат, а другите отворено работат за руските служби (не за Македонија). Во таа несмасна игра си нанесуваат тешка политичка штета, малку случајно, малку и намерно, бидејќи таму има живописни ликови со големи амбиции и ограничени капацитети.

Затоа, сеедно ќе биде што ќе каже Мицкоски кон средината на септември (или некој ден порано). Штетата е направена. За среќа, не е непоправлива. За тоа сведочи ставот на мојот пријател од почетокот на ова писание. Луѓето полека почнаа да сфаќаат дека треба да ги разграничат работите. Но, бавно оди освестувањето, бавно се извлекуваат поуки. Деновиве, на површината излезе срамот дека луѓето не читаат. Договорот со Грција не го прочитале 97% од луѓето што живеат во Македонија. И да е двојно помала бројката на оние што НЕ ЧИТААТ, премногу е. Значи, едни ќе гласаат за, други против, а некои дури и ќе бојкотираат… На невидено!

Научивме уште една лекција. На површината излезе и грдото лице на националистите. Добро, за тоа и не е потребно да се вложи многу труд, отсекогаш беше јасно дека национализмот е валкан, грд и глупав. Но, за среќа (во несреќа) се разобличија докрај изворите и методите на црната пропаганда. Тоа е уште една горчлива лекција што ја научивме оваа година.

Добрата страна на лекциите што ги научивме е тоа што, колку и да е гласен национализмот, колку и да е скапо платена операцијата со која нарачателите на кампањата за бојкот се обидуваат да ѝ дадат видливост и да ја прикажат како масовна – не им успева. Македонските искуства, но и пошироко во регионот, кажуваат дека, без оглед на масивноста на манипулациите, луѓето ни оддалеку не се глупави и успеваат, во пресудни мигови, да го најдат патот низ лавиринтите на пропагандата и лажните вести. Имавме такви примери во земјава и на самиот почеток, од осамостојувањето во 1991 година, но и неодамна, со Шарената револуција, како и во деновите по нападот на Собранието на 27 април 2017 година, кога општеството се мобилизираше и луѓето донесуваа мудри одлуки, по сопствено убедување. Макар и не читале. Иако подобро ќе биде за сите ако повеќе читаат и дебатираат за важните теми во оваа наша заедничка, историска сегашност.

Дека нештата не се онакви како што изгледаат на прв поглед говори и двојството во однесувањето на официјалниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ. Веќе одамна не е тајна дека Мицкоски пласира сосема различни ставови во своите јавни настапи и во приватната комуникација кога е вон досегот на камерите. Многумина тоа го толкуваат како последица од силниот притисок што тој го трпи од првиот ден кога е поставен на таа функција. Тој, едноставно, е растргнат меѓу минатото и иднината на партијата. Минатото го турка кон распад на партијата, а иднината кон модернизирање, демократизација и зајакнување. Како и во случајот со сите нас, со Македонија.

 

 


Објавено и во печатеното издание на „Слободен печат“, 13 август 2018 г.  

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените не е дозволено, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ВМРО-ДПМНЕнационализамрасколреферендумХристијан Мицкоски
Share172Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    150 shares
    Share 60 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    144 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ